Автор Тема: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011  (Прочитано 1539 пати)

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« на: 06 Декември 2023, 22:51:38 pm »
Здраво на сите, имам едно прашање во врска со потрошувачката на мојата кола Opel Astra J 1.7 cdti 2011.
Скоро еден месец ја возам, ја купив некаде на 1 Ноември 2023, колата работи перфектно, моторот дури не се ни слуша, проблемот е тоа што троши 10литра на 100 км градско возење, а сега пред една недела почна на борд компјутерот да ми кажува потрошувачка од 10 до 11 литра на 100 км градско возење. Исто така забележав дека индикатор за масло се намалува при секои издувување на ДПФ филтерот на секои 7 дена.  Сијаличката за ДПФ филтерот се вклучува на секои 7 дена. И морам да излезам од градска средина да возам некои 25 км на автопат за да се исклучи ДПФ филтерот. Што мислите дали е ова нормална ситуација со колава или има некој проблем. Исто така пак ке напоменам малсото е променето и е ставено GM 5w-30 Dexos. Заменети се сите филтри и се поминати скоро 1500км.
Фала на сите.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #1 на: 06 Декември 2023, 23:11:55 pm »
Ne e normalno, kolata ima nekoj problem i verojatno golem del od vremeto probuva da napravi regeneracija zatoa i tolku trosi. Normalno vo Skopje bi rekol 7-8l dizel

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #2 на: 07 Декември 2023, 07:39:21 am »
Види на шипката за уље дали се крева нивото, да не полни нафта у картерот поради постојан обид за регенерација. Знае опел да го прави тоа, пред некој ден кај пријател со антара се случи исто и мораше да вади дпф и да става нов софтвер. Кога отишол кај мајсторот и овој проверил пола пола било уље и нафта у картерот. Уљето сменето пред 500км. Исклучиле, средиле, ново уље и филтер и нема гајле колата си вози нормално.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #3 на: 07 Декември 2023, 10:59:13 am »
Можеби добро би било дпфот машински да се исчисти?  Дава ли инфо на компјутер колку % е затнат?

Може е затнат и не може само со вожња да се исчисти, па прави проблеми со честа регенерација и слично? 

Или па скроз да се извади дпф, ако прави проблеми вака.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #4 на: 07 Декември 2023, 11:03:21 am »
Барај го [mention]nestor04 [/mention] он ќе ја среди


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #5 на: 07 Декември 2023, 14:39:54 pm »
Исто се случи поради ДПФ на Антара 2?0 која ја имавме 6 години. Пиши ми пп ќе се договориме, може да се среди.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #6 на: 07 Декември 2023, 17:01:11 pm »
На дијагностика сигурно има опција да си видиш колку % е DPF. Мислам имаше и специјално програмче за тоа. Не ме држи за збор.

Види колку е, издувај ја на обиколница како што треба (не само да јачаш на 5000 обртаи, си има процедура :) ).

Види колку ќе биде после вредноста, па следи како ќе се затнува :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6686
  • Бенве сие бенве
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #7 на: 07 Декември 2023, 18:11:40 pm »
Нема спас, мора да го вади.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #8 на: 07 Декември 2023, 18:26:19 pm »
Ако е внатрешно оштетен, само вадење е спас. Ако е саќето добро може да се среди и без вадење.
Сепак со ДПФ не се игра, посебно ако е полн и доаѓа до backpressure. Се прави прво дијагностика, па ако се види дека е сѐ во ред се оди на присилна генерација (никако во место без соодветно ладење). Ако тоа не помогни одиме на исклучување и праќање во сервис за ауспуси за механичко средување на ДПФ-от.

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #9 на: 07 Декември 2023, 20:27:16 pm »
Денеска ја однесов во сервис, го исклучија софтверски ДПФ филтерот и ми рекоа дека направиле неколку дупки во самиот филтер. Значи не е комплетно одстранет.

Вака неможам да приметам некоја разлика во потрушувачка ке ми треба неколку дена. Чудно приметив дека кулерот врти при исклучена кола и клучот изваден од бравата. после неколку минути кулерот за ладење се исклучува ?

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #10 на: 07 Декември 2023, 20:58:10 pm »
Со бушење ништо не решиле, налбатска работа...
Се случи во еден технички во Прилеп тоа со голф 6ка, а исто и Мерцедес кој се запали од ДПФ-от на автопат...
Кој го гасел, како го гасел не знам, ама чим уклучува вентилатор можеби не е чепнат софтверски.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #11 на: 07 Декември 2023, 21:05:36 pm »
Tocno uklucuva ventilator zatoa sto e vo mod za regeneracija

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk


Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #12 на: 07 Декември 2023, 21:20:05 pm »
8000 денари ми наплатија еве го и пак врти вентилаторот на исклучена кола.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5713
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #13 на: 07 Декември 2023, 21:22:56 pm »
Цената е 8-9 илјади денари за комплетно средување(вклучено и работна рака во сервис за ауспуси кој го празни саќето и го полни лончето за да не биди скроз празно, туку да има изолација и слично, сето останато е лага и земање пари). Јас би се вратил и би му го опишал проблемот или би си ги барал парите назад.
https://www.instagram.com/reel/C0T-0B1ILsH/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==

Отсутен StefanMK

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 24
    • proskytv.net
Одг: Потрошувачка на Opel Astra J 1.7 cdti 2011
« Одговори #14 на: 07 Декември 2023, 21:28:58 pm »
Сабота ја носам назад во сервис , ке видиме што ке кажат. Имам друго прашање, дали има опција во самиот фирмваре да се оптимизира потрошувачка на самата кола ?