Автор Тема: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo  (Прочитано 2490 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #15 на: 24 Ноември 2023, 17:50:00 pm »
Појше значи автоматикот него проверен, доверлив бренд?

What?
Кој е тој бренд, кажи конкретно?

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #16 на: 24 Ноември 2023, 18:06:14 pm »
За под 26 се зема 2008 Алуре со 130кс и автоматик, помало возило ама пошо е од бренд со долго искуство можно е внатре да има слично простор поради подобро packaging.

C4 има скоро исто меѓусокино како кинезов, и се зема за тие пари со автоматик и многу опрема.

Спортејџ основен модел се зема за иста сума.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #17 на: 24 Ноември 2023, 18:18:10 pm »
Едни поуздани што се французиве што ги наброја...

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #18 на: 24 Ноември 2023, 18:26:55 pm »
Од кинезов сигурни поарни се, а и да не се има кај да ги поправиш и делови да купиш. И не трошат 10л низ град.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #19 на: 24 Ноември 2023, 18:38:02 pm »
Замисли да речеш си купив ддддддддддддд ссссс фкккккк форнајт пау пуууу ратататтататтаа вум вум ево т5.
Значи и од мицубиши и од игри и волво им се крадени имињава и пак не успеаа да склопат едно изговарачко.
Нема врска ова ама смешно ми е
Зошто да не? Ги отвори линковите што се ставени на првата страна? Нарачај си го, ќе ти испадне поефтино.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #20 на: 24 Ноември 2023, 18:49:15 pm »
Сте биле конкретно да прашате за некои од моделиве што ги набројавте како конкуренција на кинезов или онака?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4995
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #21 на: 24 Ноември 2023, 18:58:50 pm »
Сте биле конкретно да прашате за некои од моделиве што ги набројавте како конкуренција на кинезов или онака?
Bitno da se jadat lajna...

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #22 на: 24 Ноември 2023, 19:49:10 pm »
А што е битно како се вика демек ќе се објаснувам со луѓето како се вика. Ти ваљда си од оние луѓе што не вика ќе одам со колата туку ќе одам со аудито/бмвто. Ќе си го викам Донго и ич не ми чуе. Ама затоа додека се возам ќе седам во убав ентериер кој некои конкуренти ни за 50 проценти повисока сума не го нудат. 7 години мирна глава покриен со гаранција, ионака тоа е разумниот период да купиш ново возило и капата на страна

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #23 на: 24 Ноември 2023, 20:24:28 pm »
Сте биле конкретно да прашате за некои од моделиве што ги набројавте како конкуренција на кинезов или онака?

За Пежото е прашано во салон, другите две се од ценовниците
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #24 на: 24 Ноември 2023, 20:28:09 pm »
Спортажот имаат голем лагер за ТБ аутоматик 33500 еур е.

Мислам дека Кодиак стигнаа доста, ама поскап е доста.

Сорентото не знам дали ќе стига, ама многу прави мерак.

Ц4 имаат Live лагер на сајтот сосе ориентациони цени.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #25 на: 24 Ноември 2023, 20:59:03 pm »
Замисли да речеш си купив ддддддддддддд ссссс фкккккк форнајт пау пуууу ратататтататтаа вум вум ево т5.
Значи и од мицубиши и од игри и волво им се крадени имињава и пак не успеаа да склопат едно изговарачко.
Нема врска ова ама смешно ми е 😂

Те поздравија Баблс и Куртулуш

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #26 на: 24 Ноември 2023, 23:26:21 pm »
?

Ах, ти нов си... не ја знаеш приказната.
Спаркот што го имам и сите од форум го сакаа се вика Баблс. Меганот што го имав се викаше Марб'лс, а Фордот што сега го имам се вика Куртулуш, пошто со него се куртулив од Меганот ;D

Така да баш ме заболе за DFSK како се викал, секако ќе му легне маалски надимак.

Отсутен aronmacedon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 238
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #27 на: 25 Ноември 2023, 11:57:57 am »
200Кс а забрзува до 100 за 9.5 сек. поверојатно има 150кс.

Зошто некој би го земал ова кога има Спортејџ и Тусон за слична сума.

Заради повеќе опрема претпоставувам.

Не би го споредил со тековната генерација на корејски возила, ама без проблем би го споредил со минатата генерација - тука е некаде. Тука е некаде и со MG (иако пред некој месец одев до Белград и назад со MG HS и многу пријатно и комотно беше возењето) ама Chery се подобри - а и поскапи.

Според тебе, кој би бил најдобар избор цена/квалитет на материјали/гаранција - Chery?
И мене ме интересира Класниот да направи паралела помеѓу кинезиве и мислење што е за него најдобро од веќе тестираните.

Класен, убав момент за споредбен тест.

Пример би ја паркирал со Киа, Хјундаи, МГ?

А споредба на Chery со Спортажот?
« Последно менување: 25 Ноември 2023, 15:04:32 pm aronmacedon »

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2080
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #28 на: 25 Ноември 2023, 12:53:52 pm »
200Кс а забрзува до 100 за 9.5 сек. поверојатно има 150кс.

Зошто некој би го земал ова кога има Спортејџ и Тусон за слична сума.

Заради повеќе опрема претпоставувам.

Не би го споредил со тековната генерација на корејски возила, ама без проблем би го споредил со минатата генерација - тука е некаде. Тука е некаде и со MG (иако пред некој месец одев до Белград и назад со MG HS и многу пријатно и комотно беше возењето) ама Chery се подобри - а и поскапи.

Според тебе, кој би бил најдобар избор цена/квалитет на материјали/гаранција - Chery?
И мене ме интересира Класниот да направи паралела помеѓу кинезиве и мислење што е за него најдобро од веќе тестираните.

Класен, убав момент за споредбен тест.

Пример би ја паркирал со Киа, Хјундаи, МГ?

Не би го споредил со тековната генерација на корејски возила, ама без проблем би го споредил со минатата генерација - тука е некаде. Тука е некаде и со MG (иако пред некој месец одев до Белград и назад со MG HS и многу пријатно и комотно беше возењето) ама Chery се подобри - а и поскапи.
А споредба на Chery со Споражот?
Kолку е Чери и кој го носи во МКД?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: DFSK Forthing T5 Evo
« Одговори #29 на: 25 Ноември 2023, 14:40:37 pm »
Според тебе, кој би бил најдобар избор цена/квалитет на материјали/гаранција - Chery?

И мене ме интересира Класниот да направи паралела помеѓу кинезиве и мислење што е за него најдобро од веќе тестираните.

А споредба на Chery со Споражот?

Од возените кинески брендови до сега, мислам дека Chery се најдобри - ама па се и најскапи. Директен конкурент на Sportage од Chery е Tiggo 7 Pro и тој модел го возев само на стаза, па немам баш целосно-оформено мислење. Tiggo 8 Про е поголем, FX (го спремам тестот) е повеќе конкурент на Kona, C-HR и сличните.

Тука би ги додал и Great Wall. Треба да го возам новиот Haval H6. Jolion е директен конкурент на Sportage и е прилично добар, ама мислам дека Chery се покомплетни продукти.

Ако се прашувам што е најдобро - од сите кинески возила кои сум ги возел до сега, мислам дека најдобар е Chery Tiggo 8 Pro.

Kолку е Чери и кој го носи во МКД?

Има три различни модели кои се нудат кај нас - Tiggo 7 Pro, Tiggo 8 Pro (тестот можеш да го видиш тука) и FX (тестот го спремам, ќе биде во вторник-среда). Ги увезува Гранд Ауто, поранешни Ми Да Гранд Моторс.

--

Генерално, кинеските производители (барем тие што се носат кај нас) се прилично добри. DFSK и MG носат нијанса поевтини модели (во контекст на Glory 500 и ZS) ама па и средно-позиционирани (во контекст на T5 Evo и HS). Chery таргетира повеќе upmarket сегмент. Ако морам да ги споредам со корејските брендови - повторно ќе ги споредам со моделите од минатата генерација. Не се ни тука комплетно еквивалентни (барем не сите), ама тоа е генералното ниво кое во моментов го достигнуваат од аспект на квалитет на материјали, фит и финиш.

Од аспект на технологии, би рекол дека се тука-некаде со повеќето тековни модели. Системите за безбедност, асистенција, камери-мамери, итн - сето тоа го имаат. И да, поевтини се (и тоа значително) од европските/јапонските/корејските брендови. Плус имаат саглам гаранции.

Е сега... Тоа е компромисот што се прави. За истите пари се купува или помало возило, или помалку опремено возило. Прашањето е што на кого му треба и што сака. И тоа е тоа. Секако, тука е муабетот за Еуро НКАП, ама ако сакаат посериозно да продаваат во Европа ќе мораат да ги напраат тестовите. Некои веќе ги праат и проаѓаат одлично - Chery FX низ Европа ќе се продава како Omoda 5 и си доби 5 ѕвездички на EuroNCAP.

« Последно менување: 25 Ноември 2023, 16:23:47 pm zeroSignal »