Според тебе, кој би бил најдобар избор цена/квалитет на материјали/гаранција - Chery?
И мене ме интересира Класниот да направи паралела помеѓу кинезиве и мислење што е за него најдобро од веќе тестираните.
А споредба на Chery со Споражот?
Од возените кинески брендови до сега, мислам дека Chery се најдобри - ама па се и најскапи. Директен конкурент на Sportage од
Chery е Tiggo 7 Pro и тој модел го возев само на стаза, па немам баш целосно-оформено мислење.
Tiggo 8 Про е поголем, FX (го спремам тестот) е повеќе конкурент на Kona, C-HR и сличните.
Тука би ги додал и Great Wall. Треба да го возам новиот Haval H6.
Jolion е директен конкурент на Sportage и е прилично добар, ама мислам дека Chery се покомплетни продукти.
Ако се прашувам што е најдобро - од сите кинески возила кои сум ги возел до сега, мислам дека најдобар е Chery Tiggo 8 Pro.
Kолку е Чери и кој го носи во МКД?
Има три различни модели кои се нудат кај нас - Tiggo 7 Pro, Tiggo 8 Pro (
тестот можеш да го видиш тука) и FX (тестот го спремам, ќе биде во вторник-среда). Ги увезува Гранд Ауто, поранешни Ми Да Гранд Моторс.
--
Генерално, кинеските производители (барем тие што се носат кај нас) се прилично добри. DFSK и MG носат нијанса поевтини модели (во контекст на Glory 500 и ZS) ама па и средно-позиционирани (во контекст на T5 Evo и HS). Chery таргетира повеќе upmarket сегмент. Ако морам да ги споредам со корејските брендови - повторно ќе ги споредам со моделите од минатата генерација. Не се ни тука комплетно еквивалентни (барем не сите), ама тоа е генералното ниво кое во моментов го достигнуваат од аспект на квалитет на материјали, фит и финиш.
Од аспект на технологии, би рекол дека се тука-некаде со повеќето тековни модели. Системите за безбедност, асистенција, камери-мамери, итн - сето тоа го имаат. И да, поевтини се (и тоа значително) од европските/јапонските/корејските брендови. Плус имаат саглам гаранции.
Е сега... Тоа е компромисот што се прави. За истите пари се купува или помало возило, или помалку опремено возило. Прашањето е што на кого му треба и што сака. И тоа е тоа. Секако, тука е муабетот за Еуро НКАП, ама ако сакаат посериозно да продаваат во Европа ќе мораат да ги напраат тестовите. Некои веќе ги праат и проаѓаат одлично - Chery FX низ Европа ќе се продава како
Omoda 5 и си доби 5 ѕвездички на EuroNCAP.