Автор Тема: Предлог за фамилијарна кола или СУВ до 4000-5000€ на странски таблици  (Прочитано 3050 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Да отворам тема, на некого можеби ќе му биде корисна, знам дека има доста теми, но моево барање е специфично.
Барам фамилијарна кола или СУВ до 4000-5000€ пред сѐ на бугарски таблици, а може некоја кола ако ми фати око да биде и на македонски таблици.
Во СУВ може да влезе нешто од класата на:
- Опел Антара
- VW Touareg
и слично.
Во фамилијарно возило може да влезе нешто како:
- Lexus IS (моделот од 2005та>)
- Opel Insignia
и слично.

Давајте предлози за возило, пуштајте линкови од mobile.bg, reklama5.mk и слично.
Благодарам.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Од изборот што си го набројал јас единствено инсигнија би ја взел во предвид но над 2014 т.е. после фејслифтот. А тука веќе не влагаат во тој буџет туку ќе треба минимум дупло.
Ако е сув погледни санта фе од 2008ма па нагоре се наоѓа за докај 5к во бг и ги возат доста. Малку поголема потрошња има но генерално е солиден автомобил.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Не ми е добро на изглед...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Touareg или Lexus за 5000е... Good luck with that! 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4833046
На странски таблици 60% или 50 од цената.
Туарегот е поевтин.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43719
  • Il Moderatore
Не велам дека нема да се најде за цената, само велам со среќа со таа кола.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Тоа е веќе друга тема, досега сите коли од Бугарија ни се погодиле во фамилија.
А цените биле 50% поевтини од тука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Јас би предложил Фиеста СТ 2.0 2005-2009та за овој буџет. Мислам дека тоа може да се најде.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Далеку од вкусот. Има еден колега таква(имав пишувано за дефектот кој настана поради лошо сервисирање), ама ептен лоша вожња има. Наредната генерација може, таа од 2002-2008 не.
« Последно менување: 13 Ноември 2023, 18:56:20 pm nestor04 »

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Лоша вожња може да има само ако не е исправна или ако качиш 3ца возрасни позади. Јас имав 1.4 дизел и имаше многу добра вожња, башка држењето по кривини. Сепак и класата на колата не е за претовар на задна клупа.

Претпоставувам СТ е уште подобра.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Правиме муабет за фамилијарна кола и повремено да може некој поголем назад да седне. Јас сум слаб, средна висина, така да возачката позиција ми одговара во секое возило. Најважна ми е задната клупа.
Инаку фордот е 1.4 бензин 80кс.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3845
Само Touareg за ваа сума, можеби и Lexus IS ама тешко тоа. Одлично фамилијарно возило за до 4-5000 евра.
Плус како гратис се добива  и зближување на фамилијата на верска основа, при секој можен дефект или запалено ламбиче да се моли цела фамилија да не е нешто озбилно.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Разгледав и во право сте. Лексусот со спорт пакет и 2.5 мотор, со кожа е 6200€ на бугарски таблици. А баш бев запнат, ќе се стегнам да поработам за него... Најмногу ќеиф ми прави. А баш пред две години ни нудеа замена за Антарата кога ја огласивме, имаше од 4500€ па нагоре, сега ептен поскапено, дури и чудно.

Туарег немам многу работено, ама мислам дека со електрика нема проблем, е сега тој 2.5 мотор може да е проблематичен.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Несторе, знаеш дека јас се гибам со тебе, ама...
Млад си, гледај повеќе мисли со горната глава, а и не си ја ставај во торба, горната глава. (метафорички де)
Не е ова стара проста опел механика, па да најдиш друг мотор за 350 евра. Се работи за луксузни коли, со скапи подвозја, со сите можни сензори, а и убава потрошувачка. Читај тука, дека за возила, кои ги има на куп кај нас, па одат на репарирани вилушки или подвозја.

Па ќе речам, немој да мислиш дека ти љубоморам. Чисто совет од мене.
И да знајш, јас секогаш бегам од темите, оти не сум паметен, па еве ти предлог од мене (нормално не е на бг табли):

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4708685 Опел астра х, пали вози.
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4738712 Форд мондео, гурај вози.

 :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Нема лик астрата  ;D
Хечот е каде-каде поубав. Форд не фала  :D
Знам дека некогаш биле луксузни возила, а во некои земји како нашата сеуште се. Секојдневно на псркингов каде работам гледам лексус, го возат како корса б да е, го мачат, а не му е ништо, барем колку што се имам возено. Свежо масло не видел долго време, перење никогаш, само дожд ако заврни, гумите едни, пери-носи, па уште вози и привлекува око. Нормално јас би се грижел за него како за дете, само можеби нема да претерувам како за астрата, а астрата планирам да оди поклон и да остане под моја рака(одржување, перење).
Сепак муабетот ми беше дека Лексусот не е толку нежна кола иако влегува во "луксузна класа".