Втор редовен сервис на Шкодилак 30.000км, воедно монтирана и кука, 100 пати се предомислив кога ја конфигурирав и не нарачав, за еве сега да монтирам нахнадно 😅
Каде монтираше кука и што цена ?
Во МКМ оригинална нарачав, 80к со атест ме фати.
И дали имаше фабричка подготовка или не?
Немав ни подготовка нарачано...морав и дифузер и комплет инсталација до компјутер.
За нецела година 30К, ти другар такси да беше немаше толку километри да вртиш
Па дневно имам фиксно 60км, до Скопје и назад 2 пати. Вторник, среда и четврток сум на терен низ Македонија, Косово и Албанија во главном со повремени излети до Белград и Загреб, зимски одмори, летни одмори, толку се километрите, се вртат
Која беше одлуката на толку мн километри тепање со возилото да земеш бензин со некаков си мајлд хибрид место нормален Тди ?
Мене не ми беше битно од причина што Туранот под 7л/100км не беше, ова исто ми е тука некаде, значи никаква финансиска разлика.
За бензин превага тест возењето кај Андреј што го правев и кога увидов колку е тивка колата, имав пробано претходно иста караван со 2.0TDI, и беше доста побучна.