пак ке напоменам, на саат им стоела таа километража, кај овој мерцедес на саат беше 200 и кусур, и беше учитана од модул, се работи за мерцедес 2014-та, сакаше со некој џип нисан навара да го ували да земе џип бмв х6-ка.
имаше исто еден со мерцедес многу му тропал моторот, на дијагностика појави милион и кусур, возен такси во грција, има на газдава пријател, од Белгија му донесоа мерцедес 15 000 евра го платил, со 300 000 на саат, ние откривме дека уште толку има поминато, значи реално 600 000, и најлошо пријател му го донел, и секако можеби и пријателот не знаел дека е вратена километражата. не може кола која кошта 100тина илјади да ја земаш за 10 000евра 10-15 години стара, не губи толку од вредноста, али комшиите треба да те видат
Е веке кога знае продавачот дека е вратена и те лаже, заработува нереално, ти ја загрозува безбедноста на тебе и семејството, и да му се вратиш да го подисчукаш може и да ти ги врати парите, но и да те тужи али нема ваљда да му текне да превари некој друг, проблемот е што тука кај нас се поминува, и лугето си легнуваат на брашното, вика тоа е кај нас, крива е државата што не те штити, нема закон како што пиша зеро во статијата,
за да помогнеме луѓето да го добијат она за кое плаќаат постои фирмава, толку, едоставно и просто, а колку кошта услугата, кога ке израчунаш, плати, кирија, индустриска струја, давачки кон државата, ке сватиш дека треба тоа од некаде да се помири, не е сервисот хуманитарна организација, треба сите леб да јадат, тоа е