Автор Тема: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција  (Прочитано 4242 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #60 на: 30 Септември 2023, 16:22:47 pm »
VAG групација  ;D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #61 на: 30 Септември 2023, 16:29:51 pm »
#savethemanual ем заштеда од 2к евра ем многу помалку главоболки 😀
Mercedes ima besmrten avtomatik a i dosta evtin za kompletna restavracija isto i BMW so ZF...Taka da samo aLtomatik.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8847
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #62 на: 30 Септември 2023, 16:43:24 pm »
CVT mu e majkata odamna vikam jas, vakov bil takov bil bucel bla bla
Zemi CVT, tek togas ke vidis defekt da se sanira kolku kosta

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk



Toyota konkretno ima 10 god garancija na nova kola znaci za nova zboruvame poshto Skodava e nova, so saka neka i bide vo tie 10 godini posle ke ja prodadam

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6728
  • French diamond
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #63 на: 30 Септември 2023, 17:21:56 pm »
Абе и Шкодата е нова и под гаранција, па пак има тема за неа.

Отсутен tisButAScratch

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #64 на: 30 Септември 2023, 17:31:53 pm »
Не сакав да го објавувам ова овде, но мислам дека ми е направена неправда.
По поднесена жалба до Шкода во еден од овластените сервиси за премногу тропкање од менувачот,
добив одговор дека тоа е се нормално. Бидејки овде на форумот има многу членови кои имаат ДСГ,
ме интересира вашето мислење за истото, се слуша убаво од видеото.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На која километража се појави проблемот?

Oh...All right, we´ll call it a draw.


Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #65 на: 30 Септември 2023, 17:42:24 pm »
Реално DQ200 не сака возење во градски услови. 1-3-5-7 и 2-4-6та се брзините на двете квачила распоредени. Мехатрониката (особено кога е во еко режим) секогаш ги шалта сите под ред за да стигне до 5та или 6та на 50-60км/ч. На суво квачило секогаш има повеќе триење додека актуаторот добро ја залепи плочата на самиот замаец. Ако употребуваш едрење во секоја брзина во која едриш одлепува од замаец. Ако комбинирање едрење со кочење, тогаш во моментот кога стискаш на кочници, актуаторот на квачилото ја лепи ламелата на замаецот (нормално со мини доза на триење).

Целиот овој процес создава огромни количини на топлина и поради тоа што е сув менувач (ламелите не се потопени во течност/флуид) таа топлина многу влијае и на ламелите, на актуаторите, маслото во менувачот и на самата електроника во менувачот. Со тек на време се истрошуваат ламелите, има многу вибрации (затоа што во реалноста тоа е роботизиран рачен менувач) и комбинирано со бавно градско возење уствари ти полека си ги уништуваш и потрошните и непотрошните делови по самиот менувач. Е сега во уште помали гратчиња кадешто нема долги булевари и мали улички, кадешто многу има прва-втора-трета-втора-прва + мини едрење и кочење целиот овој процес уствари се мери во работни часови, а не во километри и целиот процес е многу многу многу полош и поизразен.

Дури и кај посилните бензинци со 1.5тси и 2.0тси го имаат истиот проблем на потскокнување, особено рикверц-прва-втора-прва-рикверц кога се паркираш или ептен забавуваш во прва без гас. Тоа на пример мене страшно ме нервираше во тест возење или рент-а-кар кога паркирам затоа што осетот е како да си пресно во автошкола и да не си навикнат на отпуштање квачило и колата скока.

Со други зборови, ти немаш проблем, но полека со таков тип на возење ќе ги истрошиш и ламелите и ќе ја “измориш“ мехатрониката со актуаторите на менувачот. И кога ќе цркне, потрошните делови ќе бидат доволно истрошени за да не ги покрива гаранцијата, а мехатрониката сам ќе си ја репарираш пошто ќе излезе од гаранција. Ако ја сервисираш редовно во официјален, можеби и ќе ти излезат во пресрет да ти средат некои работи по менувачот.

Ситуацијата некаде се подобрува со софтверски апгрејди или со репарација на мехатрониката и промена на двете ламели. Ама дури да го сменат со нов, пак ќе ти се појави истиот проблем.

Затоа ако е ДСГ само со “мокри ламели“ иако и тоа не е гаранција дека нема да се појави истиот проблем (иако е многу многу поретко, особено со редовно менување на флуидот на секои 60к).

Инаку, ова е една од причините зошто во 2021ва не купив кола од ВАГ групација со бензински мотор! Треба кодот на мотор да го погодиш со кодот на ДСГ менувач за да знаеш дали е надежен или не.  Саше со Аудито директно рипна на ZF за да не го јаде стапот. Иако 2.0тди со 6 брзини би требало да е ОК, или новиот DQ381 исто така.




ZF RULLZ :D  Да, затоа го избегнав ДСГ и јас, Заради тоа што тој ДСГ што оди во послабата верзија е истиот од 2.0 190кс и е рејтед до 400NM, дури и 3.0 тди со 218кс е софтверски ограничен на толку ама во реалноста оди и над 400нм и менувачот таму е најслаба карика.
Затоа и кога барав А5 барав строго со ЗФ да е заради тоа што истиот ЗФ што го имам го ставаат дури и во S5/S6/S7 што се со 750NM од фабрика па така да немора да му се мисли тоа, а и реално што повеќе НМ и КС е секогаш подобро.

Што се однесува до ДСГ, кај мене во Сеатов сосема Ок си работа, не сум приметил вакви звуци. Али може и да ги има, јас имам трауми од Двомасен замаец и рачен менувач па заради тоа во одреден период од животов решив дека ќе си возам и нема да се замарам со звуци, кога ќе се расипе ќе сменам што и да е, многу тресење на кола не чини.

Ќе гледам денеска да направам едно видео од возењето со Сеатот и да снимам со камерата залепена некаде надвор од колата па ќе видиме што ќе испадне и што звуци има. Чисто колку да има за споредба дечкото. Иако незнам што верзија на ДСГ е кај мене.

Edit: DQ200 било и кај мене.
« Последно менување: 02 Октомври 2023, 11:57:45 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #66 на: 30 Септември 2023, 21:08:10 pm »
Не сакав да го објавувам ова овде, но мислам дека ми е направена неправда.
По поднесена жалба до Шкода во еден од овластените сервиси за премногу тропкање од менувачот,
добив одговор дека тоа е се нормално. Бидејки овде на форумот има многу членови кои имаат ДСГ,
ме интересира вашето мислење за истото, се слуша убаво од видеото.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
На која километража се појави проблемот?

Oh...All right, we´ll call it a draw.
Постепено стануваше се погласно тропањето, така да не можам да кажам точна километража. Сега има 16 000км.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #67 на: 30 Септември 2023, 21:20:58 pm »
Еве видео од кај мене. Колата има 14ккм. Снимано е со камера GoPro 8 Black, залепена на предна шофершајбна. Возев низград заради тоа што има доста дупки и големи лежечки полицајци, па менува таму 1-2 и обратно кога се минат. Возилото е ладно и ова е прво палење по повеќе од 24 часа.

« Последно менување: 01 Октомври 2023, 01:00:33 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #68 на: 01 Октомври 2023, 21:39:50 pm »
На ново купена кола па едно 50к км и некои си 3-4 години не треба да има никакво крцкање,тропкање,камоли вакви звуци.Ма не официјален сервис,ако треба и до главно седиште ќе одам и се додека не се среди мир не им давам.Си дал 15к-18к е за без ќеиф да ја возам.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #69 на: 01 Октомври 2023, 21:53:27 pm »
CVT mu e majkata odamna vikam jas, vakov bil takov bil bucel bla bla
Zemi CVT, tek togas ke vidis defekt da se sanira kolku kosta



Toyota konkretno ima 10 god garancija na nova kola znaci za nova zboruvame poshto Skodava e nova, so saka neka i bide vo tie 10 godini posle ke ja prodadam
Не баш. Ако ја разгледаш убаво гаранцијата, 10 години има само на батеријата и електромоторот. На другото има 7 или 5 години зависи на што, па одредени делови 3 години, па 2 години и така скалесто. Секако дека не е 10 години на целата кола. На CVT мислам дека има 5 години или 100.000км, ако те интересира најточно ѕвони им прашај ги.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #70 на: 01 Октомври 2023, 22:10:36 pm »
На ново купена кола па едно 50к км и некои си 3-4 години не треба да има никакво крцкање,тропкање,камоли вакви звуци.Ма не официјален сервис,ако треба и до главно седиште ќе одам и се додека не се среди мир не им давам.Си дал 15к-18к е за без ќеиф да ја возам.
Тропкањето е наизразено кога е добро загреана и на калдрма или оштетен асфалт, што е исто така неприфатливо, но околу сервисите нема баш таква улица и они тука те заебават, потивко тропка таму и според нив е нормално и те прават будала. А до главно седиште Во Чешка би одел, и така скоро треба до Германија да одам, ама не знам дали баш на тој начин ке се реши, а и додатен трошок.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #71 на: 01 Октомври 2023, 22:31:13 pm »
Нема да ти долевам сол на рана, ама, дали имаш провозенп, иста скала како твојата. (исто дсг, 1.0 ...)
Ако да, дали има исти/слични звуци? Ако нема, вози до Чешка.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 194
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #72 на: 02 Октомври 2023, 07:19:19 am »
Нема да ти долевам сол на рана, ама, дали имаш провозенп, иста скала како твојата. (исто дсг, 1.0 ...)
Ако да, дали има исти/слични звуци? Ако нема, вози до Чешка.
Не можам да најдам, по сервисите нема, тука во градот има 2-3 ама не се дсг, пробав Камик 1.0 дсг, беше доста потивок.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #73 на: 02 Октомври 2023, 07:21:35 am »
Шкода во иднина во искршени држави само мануелци ќе продава изгледа.
Кај што е убав патот автоматикот нема проблеми.  :)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #74 на: 02 Октомври 2023, 11:07:28 am »
https://www.motor-talk.de/forum/aktion/Attachment.html?attachmentId=759171

https://www.team-bhp.com/forum/attachments/technical-stuff/2220949d1634616536-vw-dsg-how-check-dq200s-clutch-wear-ssp-094-diagnosis-automatic-gearboxes-0am-02e.pdf

Во прилог се две Self Study Programme поврзани со DQ200, првото е општиот начин на функционирање и конструкција на менувачот(истото е од првата варијанта на DQ200 oд 2007ма година, но принципот на работа е тој), второто е најчести проблеми појавени кај DQ200. Гледам дека има доста познавачи на форумот, па мислам дека не би било лошо кој сака да ги прочита двете SSPa. Секако, најдобро би било некој да има провозено возило со DQ200 менувач, па да знаеме за што правиме муабет.

@Luki Junior секоја чест за напишаното, одлично срочено. Би имал само една забелешка, се напишано поврзано со трошењето на ламелите важи за постарите варијанти на DQ200, Скалата за која станува збор во темата ја има последната генерација на DQ200 каде детските болести се веќе отстранети.

Исто така, најголемиот процент на трошење на ламелите се случува при тргнување, менување во втора и при менување од втора во прва. Тоа што возилото до 60км/ч ќе прешалта до 6та не влијае многу на ламелите затоа што шалтањето од една на друга ламела се случува инстантно со минимално триење и производство на топлина. Ако споредиме со просечен возач кој вози идентично возило со рачен менувач, потрошувачката на ламелите кај DSGто е доста пати помала.

Coasting функцијата која ја измислија во последните неколку години ќе се согласам дека е жива глупост, јас најпрво би се бунел да се тргне таа :) Се согласувам дека истата придонесува за поголемо трошење на ламелите, но кој возел малку повеќе поново возило сo DSG менувач (функцијата ја има кај сите DSG менувачи, не само кај DQ200) можеби и приметил дека има елегантен начин како возилото да не прави coasting. Среќа што кај многу возила со 1.5 TSI и DSG coasting функцијата ја нема благодарение на деактивацијата на цилиндри.

Еве, coasting-oт е нешто што мене реално ми пречи, но некој инженер некаде во VW решил дека тоа заштедува некој децилитар гориво и некој грам ЦО2 во идеални услови, па го ставиле како нормална функција за која мене никој не ме прашува дали ми се допаѓа или не. Едноставно, производителот решил дека тоа така треба да биде.

DQ200 е менувач кој се вградува буквално во сите возила од VAG групација со мотори до 250Nm, истиот е и кај Леонот на @Sase_91. За волја на вистината, истиот менувач кај 1.5 TSI има нешто порафинирана работа. Искрено, сме испорачале 100тина возила со овој менувач (не броејќи ги првите варијанти на DQ200 од 2010-2011-2012 година кои навистина имаа реални проблеми и сме правеле поправки на ламели и мехатроники), голем дел од тие возила се рент-а-кар возила со близу 200.000км и буквално немаме извршено ниту една промена на ламели, мехатроника или цел менувач, ни гаранциски ни надвор од гаранција.

Е сега, звукот кој се јавува при промена најчесто од 2ра во 1ва брзина. Звукот е од хидрауличните вентили на актуаторите на двете ламели во мехатрониката. Најпросто кажано, на мехатрониката и е најтешко и и треба најмногу време да изведе промена од 2ра во 1ва брзина, а тоа да биде мазно. Поради тоа, вентилот за активација на К1 (спојката на 1ва, 3та, 5та и 7ма брзина) има доста работа да процесот го изведе мазно, без вибрации и го вади звукот кој е предмет на оваа тема. Втора најтешка промена за мазно изведување е 1ва-2ра, во екстемни случаеви знае и тогаш да се јави звукот. Кај сите други промени на брзина (промена на спојки, DSG не менува брзини туку спојки) промената е инстантна и вентилот нема време да го произвде звукот.

Како за споредба, пробајте на возило со рачен менувач да направите мазна промена од 2ра во 1ва брзина, па ќе видите колку напор ви треба на квачилото за се да биде мазно. Шалтајте од 3та во 4та, промената ја правите без речиси никаков напор.

И да, возењето по калдрма или мазен пат воопшто нема влијание на звукот, многу повеќе има менувањето брзини рачно. Со загреано возило, автоматски и загреано масло во мехатрониката звукот е поизразен. Промените од 2ра во 1ва брзина се случуваат поретко при возење во автоматски мод на менувачот, доста почесто ако рачно си играме со истиот :) На видеото од првиот пост за жал не би можел да кажам дали менувачот е во D или М мод.

И како одговор на сите кои неседнати во возило знаат како треба да се однесува, а како се однесува DQ200, прочитајте за SMG менувачот на BMW или R-Tronic менувачот на Audi R8, како и за сите роботизирани, неDSG, менувачи кај речиси сите производители (кај Skoda конкретно таков е автоматскиот менувач во Citigo), па носете заклучоци околу апсолутната тишина кај ново возило. Едноставно, постојат механички делови кои не се бесшумни при нивната работа и тоа е предвидено така да биде.
Aus Liebe Zum Automobil...