Автор Тема: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција  (Прочитано 4951 пати)

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« на: 28 Септември 2023, 20:21:10 pm »
Не сакав да го објавувам ова овде, но мислам дека ми е направена неправда.
По поднесена жалба до Шкода во еден од овластените сервиси за премногу тропкање од менувачот,
добив одговор дека тоа е се нормално. Бидејки овде на форумот има многу членови кои имаат ДСГ,
ме интересира вашето мислење за истото, се слуша убаво од видеото.


Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208

Отсутен tisButAScratch

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #2 на: 28 Септември 2023, 21:28:27 pm »
https://imgur.com/vjhfYwz

https://www.youtube.com/shorts/bqdeD5uyLmo
Ако мислиш на гребење метал од метал, кај мене се слуша при преминување "лежечи" и мислам дека е од лошо прицврстена заштита од прашина на амортизерот. Ако мислиш на другото тропање што се слуша на видеото, кај мене не се случило тоа. Scala 1.5 TSI ACT DSG7

Oh...All right, we´ll call it a draw.


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #3 на: 28 Септември 2023, 21:28:41 pm »
Не сум возел, ама лично мислење ми е дека, на нова кола, ништо не е нормално освем комплетна тишина  посебно не вака да дрнка нешто.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #4 на: 28 Септември 2023, 21:48:15 pm »
По многу прегледани видеа  се укажува на неисправен замаец (flywheel) ,не знам точно дали така се вика.
По странски форуми читам на многу им ги смениле под гаранција, ама за Македончето нема , нека тропа.
Е не може вака , работава ке се тера до крај.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #5 на: 28 Септември 2023, 22:13:47 pm »
Истерај до крај. И ја имав у гаранција течење на уље од мењач на година дена стара кола со 8500км, пријавив у Тојота ни А ни Б, дојди рекоа, отидов, установија у што е проблемот јес да малу почекав ама го решија без дриблање никакво.
Е сеа имам теорија, дека преку 100 коли што Аурис што Корола што CH-R нови коли сите такви имаа овде со ист проблем, вероватно ги зеле доста поефтино и израчунале дека им е поефтино осовина да сменат него да си платат како "исправни". И клиентот среќен што му решиле у гаранција проблем и они што веруем фино си ќариле.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #6 на: 28 Септември 2023, 22:18:22 pm »
По многу прегледани видеа  се укажува на неисправен замаец (flywheel) ,не знам точно дали така се вика.
По странски форуми читам на многу им ги смениле под гаранција, ама за Македончето нема , нека тропа.
Е не може вака , работава ке се тера до крај.

Кога тропа,при менување брзини,при нормално возење во една брзина,во лер?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #7 на: 28 Септември 2023, 22:41:16 pm »
Однеси им ја три пати, нека ти ја враќаат непоправена

После тоа ДПИ ќе видиш како ќе ти ја средат.

Ако сакаш контакт од Шкода Чешка кажи 😄 Ќе го бараш Пекар, главен менаџер е во Млада Болеслав.

Да видиш како ги пердаши овие во Скопје.

Ако можеш однеси ја кај друг овластен сервис, ете кај Андреј наш или Битола Јосифов нека ти ја проверат убаво.

Овие Скопје се апаши невидени.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #8 на: 28 Септември 2023, 22:51:16 pm »

Кога тропа,при менување брзини,при нормално возење во една брзина,во лер?
[/quote]

Најмногу тропа при споро возење на нерамен пат ,како на видеото. Исто не ми е јасно зошто менувачот префрла во прва на некои 10 км/ч и тогаш многу тропа и трза, исто по малку и на лежечи п. тропа. Малку се слушаат и промените на брзини но тоа не е толку страшно. Кога е незагреана е ок, но колку позагреана, повеќе галама.
« Последно менување: 28 Септември 2023, 22:59:25 pm Aleksandar90 »

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #9 на: 28 Септември 2023, 22:55:12 pm »
Однеси им ја три пати, нека ти ја враќаат непоправена

После тоа ДПИ ќе видиш како ќе ти ја средат.

Ако сакаш контакт од Шкода Чешка кажи 😄 Ќе го бараш Пекар, главен менаџер е во Млада Болеслав.

Да видиш како ги пердаши овие во Скопје.

Ако можеш однеси ја кај друг овластен сервис, ете кај Андреј наш или Битола Јосифов нека ти ја проверат убаво.

Овие Скопје се апаши невидени.

Во Струмица бев кај Андреј, во Скопје сеуште не сум бил. Пиши ми го контактот од Чешка ако може. Јас контактирав со нив преку официјалниот емаил , но ништо од тоа засега. Зависи од нашиве што ќе пренесат таму.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #10 на: 28 Септември 2023, 23:21:56 pm »
Вака на видео звучи како нешто да е олабавено, надворешно, сигурен си дека доаѓа од менувачот ? Како и да е треба да ја проверат и да најдат што ѕрнка.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #11 на: 29 Септември 2023, 00:32:53 am »
Вака на видео звучи како нешто да е олабавено, надворешно, сигурен си дека доаѓа од менувачот ? Како и да е треба да ја проверат и да најдат што ѕрнка.
И јас мислам исто, некоја пластика како да е лабава, нема врска со DSG менувачот?

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #12 на: 29 Септември 2023, 02:33:46 am »
Вака на видео звучи како нешто да е олабавено, надворешно, сигурен си дека доаѓа од менувачот ? Како и да е треба да ја проверат и да најдат што ѕрнка.
И јас мислам исто, некоја пластика како да е лабава, нема врска со DSG менувачот?
Затропкува баш во моментот кога менува од 2 во 1 брзина, а често го прави тоа кога возам по нерамен пат, 100% е менувачот.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #13 на: 29 Септември 2023, 07:59:18 am »
Можи на канал или на дигалка да ја шалташ во место да слушниш од долу од кај иди звукот,дали менувачот или од бубањот.Вибрации ти јавува некакви?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Проблем со ДСГ на Шкода Скала под гаранција
« Одговори #14 на: 29 Септември 2023, 09:59:51 am »
Еве јас како прозван да се јавам.

Возилото кај нас е истестирано и не е забележан никаков чуден звук од менувачот. Точно е дека понекогаш при менување од 2ра во 1ва брзина, а поретко и од 1ва во 2ра се јавува тропање кое е нормално и го има кај сите DSG менувачи со сува спојка.

Секако, видеото од клиентот, како и протокол со грешки од возилото е пратено до производителот и од таму е добиен одговор дека се што може да се слушне од видеото и види од протоколот е во ред. Ние, без дозвола од производителот немаме никакво право да менуваме делови или поправаме било што на возилото под гаранција, затоа што гаранцијата ја дава производителот, а не ние локално.

За жал во моментот кога @Aleksandar90 бил кај нас јас не бев тука, но ме информираа дека на клиентот му е дадено и нашето службено возило со 1.0 TSI DSG кое се однесува потполно исто како Scalata. Сам нека каже дали истиот звук го има и кај тоа возило.

П.С. Симптомите за проблематичен замаец се сосема други, и кај 1.0 TSI не сме имале апсолутно никаков проблем со замаец на ниту една кола.
Aus Liebe Zum Automobil...