Јас мислам дека струјата нема никогаш да заживее во возилата.
Водород и друга технологија, ДА.
Едноставно, и сега, кога се има проблем со базна електрична енергија (добиена од нуклеарни централи, и термо централи) не иде работата, не па кога ќе има илјадници возила.
Обновливите извори, не се стабилен и константен извор. Те има вода и сонце, те нема. Еве и сега отворете на есм, 76% од струјата е од Рек Битола и Осломеј, 22% од хидро сила а само 2% е од ветер. Соларната е толку мала, што не ја пишуваат.
Се надевам ќе се смени гео-политиката, па ќе изградиме гасовод саглам, и ќе се гасифицира цела држава, па ќе се модернизира Рек да работи на гас, а и ќе се изградат повеќе когенерстивни постројки.