Ајде тест на хибрид отиде во тема за гастрбајтери и пензионери. Јас ја почнав па чуствувам потреба да ја вратам на прав пат. 😂😂
Да ви раскажам малку за хибридите. Пред извесно време се запознав со еден човек, сега веќе другар кој што работи во автоиндустријата. Смешно беше дека првично дури и одбивав муабет на темата коли (селски од моја страна) бидејќи кога ми кажаа као Харалд работи во БМВ, првата помисла ми беше да бе у бмв у "магацин за канцелариски материјал"... Меѓутоа во текот на вечерта некако запраивме муабет и дечково ми вика ја сум тим лидер на тим за оптимизација на дизел мотори.. И ја онака опаааа и му се залепив ко стеница со прашања. Меѓудругото падна муабет за иднината на индустријата и типот ми вика абе се ќе биде електрика, еве ние имаме план за развој на дизел до 2025 а општо мвс до 2030 после тоа се електрика.
Го прашав за хибрид... вика хибрид технички гледано е тешко срање. Не потремно отежната кола и многу комплициран склоп кој притоа добивката од него е прилично мала. Нешто као целосезонски гуми, ни за лето ни за зима односно ни електро ни бензин... Тојота била као нај напред во таа технологија и бмв решил дека хибридите ќе ги базира на таа технологија. Ова зборам се случува 2016 година. Нема да развива ништо свое во тој правец зошто дури не ги смета ни за некаков преод на технологии туку мора да ги има во програма заради регулативи кои го наметнуваат тоа. Вика ги нема во долгорочен план за развој...
Година 2019 повторна средба, Харалд цепа муабет за дизел растура, дизел вака дизел онака (сега вработен во Мерцедес на иста позиција). Му викам чекај бе малку олабави... шо е со муабетот од пред некоја година дизел цврц у 2025? Вика абе види дизел а и општо мвс ќе има додека има побарувачка за нив така што ќе има и развој а има и нафта у светов колку сакаш... И ја онака вика од кај сеа вака ентузијастички пошто претходно викам, муабетот беше онака као абе еве привршаваме. Вика види, Мерцедес направи една анализа дека доколку во рок од 6 месеци сите новопродадени мерцедеси во германија бидат електрични, енергетскиот систем на германјија ќе колабира. Плус тоа грото од лугето во урбаните средини живеат во станови и немаат можност (сеуште а по се изгледа и подолго) да ги полнат. Така да идеата дека ќе се свичне се на струја е постпон сега за сега. Во однос на регулативите за СО2 кои предвидуваат казна односно данок на производителите за секој надминат грам после границата од 100, вика ќе се плаќа и колите ќе стануваат се поскапи и поскапи. Година 2023, тоа и се случува.