Автор Тема: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive  (Прочитано 5187 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #15 на: 22 Септември 2023, 10:06:38 am »
Велиш дека ако тргниш од Скопје и одиш до Битола нема да потрошиш воопшто гориво со плаг ин хибрид?
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен psx-9ne

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #16 на: 22 Септември 2023, 10:23:19 am »
Велиш дека ако тргниш од Скопје и одиш до Битола нема да потрошиш воопшто гориво со плаг ин хибрид?
Читај убаво, намената на ПХЕВ е за луѓе кои се претежно во урбан радиус. Руралниот транспорт не е проблем на градското загадување кое ПХЕВ треба да го реши.

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 279
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #17 на: 22 Септември 2023, 10:35:35 am »

Ако човек е на 1000км месечно тоа се околу 130 евра гориво што треба да го стави за кола што троши 8л градска. На годишно ниво целата заштеда у гориво е околу 1500 ЕУР. Регистрацијата е за околу 100 евра поефтина и допрва ќе се зголемува за сите што загадуваат над 100г. Пресметајте си колку ќе треба да ги извадите 10те иљади евра разлика.


Значи да дадам пари сега за да си ги вратам за 15 години.

Отсутен psx-9ne

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #18 на: 22 Септември 2023, 10:48:21 am »

Ако човек е на 1000км месечно тоа се околу 130 евра гориво што треба да го стави за кола што троши 8л градска. На годишно ниво целата заштеда у гориво е околу 1500 ЕУР. Регистрацијата е за околу 100 евра поефтина и допрва ќе се зголемува за сите што загадуваат над 100г. Пресметајте си колку ќе треба да ги извадите 10те иљади евра разлика.


Значи да дадам пари сега за да си ги вратам за 15 години.

Немораш. Чекај да ги дадеш парите за лечење од астма за децата или родителите. Твој избор. Нажалост целата регулатива се менува така да за некоја година цената на возење голф дизел ќе биде уште поголема.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3776
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #19 на: 22 Септември 2023, 10:52:48 am »
Oд друга страна батериите се произведени со користење "робови" во Конго.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5557
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #20 на: 22 Септември 2023, 11:10:36 am »
@psx-9ne А кај ќе ја полниш колата,  на соларен панел или на штек,  ако е на штек ти причинуваш уште поголема штета оти Рек треба да троши уште повеќе високо канцероген јаглен увезен од Албанија за ти да ја полниш колата и да се филмаш дека не загадуваш.Електрични возила во држава во која 98% од струјата се добва од лош јаглен и мазут е идиотизам над идиотизмите. Кога електричната енергија ќе ја добиваме од други извори како Норвешка и други, тогаш може да имаат некаква си логика електрични возила,  ама и тоа има многу повеќе фалинки него предности.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #21 на: 22 Септември 2023, 11:24:32 am »

Ако човек е на 1000км месечно тоа се околу 130 евра гориво што треба да го стави за кола што троши 8л градска. На годишно ниво целата заштеда у гориво е околу 1500 ЕУР. Регистрацијата е за околу 100 евра поефтина и допрва ќе се зголемува за сите што загадуваат над 100г. Пресметајте си колку ќе треба да ги извадите 10те иљади евра разлика.


Значи да дадам пари сега за да си ги вратам за 15 години.

Ако гледаш за кога да ги вратиш парите, боље не гледај. Малтене на ништо не можеш да вратиш пари.

Oд друга страна батериите се произведени со користење "робови" во Конго.

Абе џанам, суровата нафта ја копаат и преработуваат одлично платени луѓе у одела со многу пари и никакви грижи во животот.

@psx-9ne А кај ќе ја полниш колата,  на соларен панел или на штек,  ако е на штек ти причинуваш уште поголема штета оти Рек треба да троши уште повеќе високо канцероген јаглен увезен од Албанија за ти да ја полниш колата и да се филмаш дека не загадуваш.Електрични возила во држава во која 98% од струјата се добва од лош јаглен и мазут е идиотизам над идиотизмите. Кога електричната енергија ќе ја добиваме од други извори како Норвешка и други, тогаш може да имаат некаква си логика електрични возила,  ама и тоа има многу повеќе фалинки него предности.
[youtube..]https://youtu.be/r9VO8jiZ2Rs?si=7xfZZ0GX8mI_XF9G[/youtube]


Ова е многу битен момент. Сѐ додека струјата се произведува од „радиоактивен отпад“, џабе е занесувањето дека електричните возила се последниот збор у заштита на природата.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #22 на: 22 Септември 2023, 11:59:16 am »
Абе џанам, суровата нафта ја копаат и преработуваат одлично платени луѓе у одела со многу пари...

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #23 на: 22 Септември 2023, 12:15:05 pm »
И сите коли на светот да се електрични (пу,пу скраја да е),пак нема да се реши загадувањето.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #24 на: 22 Септември 2023, 12:18:59 pm »
Od koga tisina u kola stana filing.
Nemoze nikad da mi e tisina u glaata od soznanieto deka sum dal 40k za takva kola.
Inace samiot izgled na kolata mi se dopaga skoro na site Kia-i i bi kupil ama ne so ovakvi pogoni.
Ova se seuste poluproizvod, random kaj site proizvoditeli.

Отсутен psx-9ne

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #25 на: 22 Септември 2023, 13:00:51 pm »
@psx-9ne А кај ќе ја полниш колата,  на соларен панел или на штек,  ако е на штек ти причинуваш уште поголема штета оти Рек треба да троши уште повеќе високо канцероген јаглен увезен од Албанија за ти да ја полниш колата и да се филмаш дека не загадуваш.Електрични возила во држава во која 98% од струјата се добва од лош јаглен и мазут е идиотизам над идиотизмите. Кога електричната енергија ќе ја добиваме од други извори како Норвешка и други, тогаш може да имаат некаква си логика електрични возила,  ама и тоа има многу повеќе фалинки него предности.
Навидум, личи дека си прав, но у реалност си само уште реторичар од пред кооперација.

1. Бројот на приватни лица што имаат по 5мв панели на кров се зголемува експоненцијално. Да, јас имам и ја полнам на панел повеќе од 50% од времето.
2. Трендот на производство на струја од обновливи извори е значителен (меѓу 12-15% годишно се зголемува во последнава декада, позначително од 2015 наваму, https://www.erc.org.mk/odluki/22022.04.29_RKE%20GI%202021-FINAL.pdf)
3. Фактот дека плебсот е 99% благо закаснет е причината што владите носат закони и акти за да сите што возат на фосилни горива да плаќаат повеќе (споредба кај нас у МК, 12 иљади е регистрација на 140кс дизел, 9 иљади е регистрација на 320кс пхев, тоа е 2023та, понатаму ќе биде се по драстична разликата)


Od koga tisina u kola stana filing.
Ех, од кога стана некултурно да се дереш у кафана да кршиш чаши и да праиш тепачки, мислам дека одприлика крај на 90тите.
Бтв и пхевот има спорт+ режим кај што брмчи и урла и се живо познато у минатиот век, али го активираш само у 0.01% од случаите.


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #26 на: 22 Септември 2023, 13:39:05 pm »
Јас мислам дека струјата нема никогаш да заживее во возилата.
Водород и друга технологија, ДА.
Едноставно, и сега, кога се има проблем со базна електрична енергија (добиена од нуклеарни централи, и термо централи) не иде работата, не па кога ќе има илјадници возила.

Обновливите извори, не се стабилен и константен извор. Те има вода и сонце, те нема. Еве и сега отворете на есм, 76% од струјата е од Рек Битола и Осломеј, 22% од хидро сила а само 2% е од ветер. Соларната е толку мала, што не ја пишуваат.

Се надевам ќе се смени гео-политиката, па ќе изградиме гасовод саглам, и ќе се гасифицира цела држава, па ќе се модернизира Рек да работи на гас, а и ќе се изградат повеќе когенерстивни постројки.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #27 на: 22 Септември 2023, 13:46:43 pm »
На кај оди муабетов

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #28 на: 22 Септември 2023, 13:55:43 pm »
Многу ја затеравте у погрешна насока....

Супер си е било каков хибрид или струја за низ град.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: CARclub Тест: Kia Xceed 1.6 PHEV Executive
« Одговори #29 на: 22 Септември 2023, 13:58:50 pm »
Низ Швабодонија кај што сум јас, скоро сите поштарски возила се на струја, супер си се за тоа  :) Или за до маркет за обичниот човек. За на одмор до Мкд со 24 саати поминати по пат, незнам како би функционирале, претпоставувам на граница на сред гужва ќе ти снема батерија.