Другарче уште ова да ти го кажам на културен начин иако со тебе така не можам да се разберам, заглавен си во пубертет најверојатно.
1. "Кинезаријата" е од алиекспрес.
2. За неа е платена царина или данок, не се разбирам во тие работи и не се мешам.
3. Огласот е услужен, не би да се контрам за нешто што не е мое, може да ти дадам контакт од човекот па да се слушнете.
4. Обвинувањето на мене, Плимонт, па дури и останати лично за тебе влијае негативно.
5. Задоволните муштерии се приоритет. Софтверот е приоритет и услугата исто така.
6. Позади секој софтвер (кој не е од бр-перформанс) стои
tuning-shop.com, како и Енко и ВДП кои имаат лиценца за продажба на Флекс, Бош и останати уреди и дијагностики во Македонија.
7. Како за информација може да ги погледнеш веб страните нивни или да поразговараш со нив околу мапи, дијагностики, уреди и слично или директно да ги контактираш тунинг шоп (ќе ти пуштам и member id наш) па да прашаш за соработката со нив.
8. Крај краева, нема што да се докажуваме со некого кого го интересираат само конфликти по форуми и фб групи. Тој што сака да дознае повеќе има начини како да се дознае квалитетот на мапи, услуга, софтвер, оригинални дијагностики... Не би користел напразно имиња на компании и да одговарам за моите постапки како кривично така и совеста не ми дава да го направам тоа и да лажам луѓе како мене што ме излажале во животот најблиски луѓе, роднини, пријатели, па така и луѓе од форумов. Поминав многу пати низ такви срања, по судови и слично и не сакам некој да биде третиран на таков начин на каков сум јас третиран.
Поздрав од мене и ако планираш со чамче муабети и навреди да се служиш културно те молам стави ме на листа за игнорирање(има таква опција на форумот), доколку имаш било каква потреба во секое време може да не контактираш (работиме и во недела).