@n1kola @M3V8 сега баш читав спецификации за маслото, ставиле Valvoline AllClimate 5W-40. Градацијата е океј, ама по спецификација маслото е ACEA A3/B3, A4/B4, додека С3 не е спомнато нигде.
Од друга страна, препорачаниот стандард од Fiat (ова го читав пред некој ден и да ме отепаш не можам да го најдам линкот) е Fiat 9.55535-N2, шо би било океј за Valvoline-от. Selenia-та шо исполнуват ACEA C3 спецификации е соодветна за Fiat 9.55535-S2 стандард.
Искрено, малку сум збунет, не ги разбирам премногу маслава, ама колата секако ќе ја носам во Скопје кај Илија за друг, скроз неповрзан проблем, па ќе го прашам и него. Од форумов, и од пријатели кои возат/возеле Алфа, имам впечаток дека кај него ќе добијам многу поверодостојни информации.