Автор Тема: Alfa Mito 1.4 tb 155  (Прочитано 1692 пати)

Отсутен BIMMER

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Alfa Mito 1.4 tb 155
« на: 04 Јули 2023, 00:10:35 am »
Zdravo decki gledam dosta ljubiteli na alfa na edno mesto pa aj i jas da ja pustam alfata u eter :)
Iskreno ja zemav neplanirano , i voopsto ne se kaam , naprotiv mislam deka poleka stanuvam alfista , iako imam posebna ljubov kon hondite (imam i crv ) 
Se raboti za mito 2009 god so 1.4 tb 155ks motor.
Od koga ja zemav napraviv komplet golem i  mal servis , site mozni tecnosti gi smeniv,, srediv podvozje , nekoe senzorce se smeni nekoja grebanica se prefarba i sega veke ne e alfa nisto ne sveti nisto ne krcka :)
Od modifikacii ima samo supersprint auspuh(taka ja zemav). Planiram sreduvanje - fabranje na bandasi vo brzo vreme ( se lupi lakot) i zamena na predna maska ( mi fali  edno od rebrata na maskata)

Nekoja slika za zagrevanje




« Последно менување: 04 Јули 2023, 08:06:56 am Simo - Carrier159 »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #1 на: 04 Јули 2023, 00:17:30 am »
Со здравје да го возиш, има очигледно уште за возење со само 109.000 поминати.

Личи на Launch Spec, доста богато опремено.

Отсутен BIMMER

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #2 на: 04 Јули 2023, 07:27:27 am »
Fala ti , ima nekoj sport paket , od oprema nema nisto posebno , nema tempomat nema greaci , mene nisto od toa ne mi e ni bitno.
Vo kolava najvaznoto mi e dizajnot i performansite . Najbitno ima dobar  dinamik mode, se drugo e spredno :)
 Kilometrazata mi e somnitelna iskreno ama ne sum ja proveril , bitno kolata e zdrava , ne trosi ni gram ulje, ni voda .

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #3 на: 04 Јули 2023, 07:42:18 am »
Ааа убаво аутооо! Со здравје да се вози, и многу среќни километри :) Со перформансите и сетапот на подвозјето ќе праи доста ќејф, километражата ако е реална, кажува дека те чекаат доста безгрижни километри, смени само уље во мењач, доколку не почнал веќе да ги „џвака“ лагерите. Стави квалитетно уље во мењачот, (Fuchs syntofluid 75w-80 е едно од фалените) и наточи 2.8л, не 2.3 како што вика спецификацијата, и мирна глава. Ремапче со crackle map, ќе го направи уште поинтересно возилото. :)

P.S. си зедов за право да ги „ембедирам“ сликите во првиот пост, се надевам не пречи ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #4 на: 04 Јули 2023, 08:48:00 am »
Убаво ауто создравје да се вози, седиштава прават мерак

Отсутен BIMMER

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 132
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #5 на: 04 Јули 2023, 09:17:57 am »
Ааа убаво аутооо! Со здравје да се вози, и многу среќни километри :) Со перформансите и сетапот на подвозјето ќе праи доста ќејф, километражата ако е реална, кажува дека те чекаат доста безгрижни километри, смени само уље во мењач, доколку не почнал веќе да ги „џвака“ лагерите. Стави квалитетно уље во мењачот, (Fuchs syntofluid 75w-80 е едно од фалените) и наточи 2.8л, не 2.3 како што вика спецификацијата, и мирна глава. Ремапче со crackle map, ќе го направи уште поинтересно возилото. :)

P.S. си зедов за право да ги „ембедирам“ сликите во првиот пост, се надевам не пречи ;)


Fala za cestitkite i edit na slikite :) , ulje menjav vo menjac koga pravev golem servis ,ne staiv fuchs , sakav da stavam motul pa ne najdov pa kolata veke bese na digalka i mu staiv mislam rowe 75w80.
Vo sekoj slucaj ke go memoriram fuchs-ot i na nareden servis ke go smenam .
Inace kolata vo posledno vreme vreme poveke ja vozi zena mi ( preku den na rabota) jas popladne ili navecer znam da ja prosetam :)
Za crackle map ako imas preporaka kade kako sto pisi , mi zvuci kako interesen update :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #6 на: 04 Јули 2023, 09:19:44 am »
Скопје - Енко тунинг (прави мапи и за Рево)
Прилеп - јас  ;D

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1640
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #7 на: 04 Јули 2023, 09:42:24 am »
Со здравје да се вози, супер изгледа на сликите. Верувам дека ќе се забавуваш :)

И не заборавај, ако нема уље под неа, нема ни во неа :)))

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #8 на: 04 Јули 2023, 09:59:26 am »
Ставање темпомат е еден час работа, ако ти фали и сакаш да вградиш - најди си рекетки и се нудам да ти учинам за монтажата :)

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #9 на: 04 Јули 2023, 11:20:53 am »
Бомбонче.
Со здравје да се вози.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #10 на: 04 Јули 2023, 13:26:37 pm »
Со здравје да се вози.
Хондата кое годиште/мотор е?


@Simo - Carrier159 зашто се препорачува ставање на повеќе уље? За многу модели се препорачува додавање 300-500гр, од фабричка препорака.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #11 на: 04 Јули 2023, 13:50:38 pm »
Конкретно во M32 менувачот, препораката е поради недоволно подмачкување при константни латерални гравитациони сили (читај при агресивно фаќање долги кривини).

Со тие 500 милилитри плус се добива повисоко ниво на масло кое ги потопува проблематичните лагери дури и при најагресивно возење.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #12 на: 04 Јули 2023, 15:21:17 pm »
@Simo - Carrier159 зашто се препорачува ставање на повеќе уље? За многу модели се препорачува додавање 300-500гр, од фабричка препорака.

Генерално, фабриката дава идеална количина на масло за да се намали отпорот во менувачот, а да има доволно подмачкување. Затоа е и предвиден овој менувач да работи со 2.2-2.3л уље. Со додавање повеќе уље се подобрува подмачкувањето, но се зголемува и отпорот во менувачот (се намалува снагата што се пренесува на тркала). Некои злобни усти велат дека ова е се заради екологијата и ќарување на некој грам ЦО2 во спецификациите, слично како со ЕКО гуми. 
Досега, за овој менувач, 99% велат „игнорирај ја преливната штопна, стави 2.8л уље“. И тоа ќе го сретнеш на многу сајтови од работилници кои се занимаваат со репарација на менувачи. Јас на моето Mito по менување на лагерите ставив 2.8л, и досега 20.000км си нема мака, така да покрај тоа што им верував на искусните, сега и сам се уверив дека нема зијан.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #13 на: 04 Јули 2023, 15:30:54 pm »
Според мене најдобро 75-85 масло е RAVENOL MTF-1 SAE 75W-85. Наредна промена планирам такво да ставам. Репсолот е катастрофа. Пред промената за нијанса подобро шалташе, проверено е нивото, дури и повеќе масло има.

Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Alfa Mito 1.4 tb 155
« Одговори #14 на: 04 Јули 2023, 17:47:25 pm »
Честитам нова кола
Проблемот на првата генерација до 2013та на М32 менјачите е во каналите за подмачкување на лагерите во десниот блок, по новите модели имаат редизајниран блок со блокатор за улје  и поголеми лагери, истиот блок може  да се најде како кит за репарирање (700усд) на постарите модели на мењачи, со долевање на повеке улје ке му се продолжи малку векот.
 Ако имаш приметено и најмалку шум одма репарирај го , најверојатно ке го замениш само лагерот на долниот сноп ( околу 30еур плус рака), ако чекаш  може да си направиш голем проблем па да ти испадне репарацијата многу скапо