Да му отвориме тема и на Југослав.
Југослав беше најден со помош на нашиот драг админ
@zeroSignal. Ми спомна дека негова другарка поседува Yugo Cabrio меѓутоа не живее повеќе во МК, а Југослав е оставен да скапува за жал. Стапив во контакт преку гореспоменатиот посредник и отидов да го видам.
Се договоривме и ете го кај мене во двор!

Слики под оревот:


Еве го испран во двор







Од вложување има доста, иако навидум изгледа ок, во доста полоша состојба е од сивото.
Хидрауликата ја нема, што значи не функционира кровот на копче, среќа набавив нова за другото, па имам 2.
Бочните стакла на кровот се скршени, со многу среќа ќе ги најдам во пар за околу 350-400€.
Кровот изгледа здрав, ама не е, ќе треба нов, околу 600€.
Моторот го запалив ама не ми прави мерак, ќе видам што ќе правам со него.
Предни седишта треба нови, итн. допрва детална дефектажа ќе правам.
