Автор Тема: Препорака за кола 3000-4000€  (Прочитано 6167 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #30 на: 14 Јуни 2023, 21:42:01 pm »
Човекот сам си пиша дека тоа гледал. Сеат Ибица 1.2TDI или 1.4TDI.
За тој буџет има избор да земе Леон или Голф 5 1.9TDI, ако брка асален (без ДПФ, едино тој чини) нема да биде понов од 2006год. или да бара Ибица или Поло кое што ќе биде 2010+, башка со CR мотор, што е секако подобра опција од 1.9TDI од препрошла деценија.
Сум го имал 1.9TDI во Голф 5 и за мене е мех, wannabe 2.0TDI, толку блиску, а толку далеку.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #31 на: 14 Јуни 2023, 21:44:08 pm »
Обеси се тони  ;D

Сите 1.2 тди се комон реил.

Иначе и ја бев многу скептик, али до ден денес ми е жал што го шитнав сеатот со тој мотор. Крузер, во 5та брзина 2300 обртаи моторот преде и троши испод 5. Влече ненормално добро како за 1.2 тди и 3 цилиндри.

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #32 на: 14 Јуни 2023, 23:01:59 pm »
🤦‍♂️
Има и Ибица со 1.9.
Колку мислиш ти дека троши 1.9, што 1.2 ти трошел 5?

Ако е за исти пари нема споредба тука..
Башка во апотека можеш да го најдеш тој мотор и делови за него.

На Леонот за 2 години просечна стои точно 5. Поради честа вожња низ град се случи да се затни ЕГР вентилот. Едно качување на Плетвар со 4000+ обртаи и се одзатна. Останати проблеми нема.

1.9 тди во Ауди А3, Леон и Голф 2006-2009 година по мене најдобар избор за почетник. Да појдиш рајат и до Грчка и по пичина. Али ок е и фетиши за Поло 1.0

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3959
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #33 на: 15 Јуни 2023, 00:48:06 am »
Само да се земе во предвид дека возило од 2006 год денеска има 17 години.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #34 на: 15 Јуни 2023, 07:40:06 am »
Само да се земе во предвид дека возило од 2006 год денеска има 17 години.

Таман заедно ќе си слават полнолетство и роденден.  Најубаво е некое бензинче кореец со плинче и малце поисчикана каросерија. Или клио фиеста со 1.2, 1.3 мотор бензинче.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #35 на: 15 Јуни 2023, 07:53:26 am »
За тој буџет во МК јас не би погледал дизел каков сака нека е. Треба да е минимум дупло поголем за да помислам за дизел.

Бензинче и мирна глава

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #36 на: 15 Јуни 2023, 08:14:17 am »
Што и да одлучиш да земеш, мојата препорака би била да задржиш околу 20-25% од буџетот за сервисирање веднаш по купување и евентуални поправки во првите неколку месеци.

Е сега, би се согласил тука со повеќето - штом е повеќе за низ град, тогаш некое помало количе (класа Пунто, Фиеста, Поло, итн), со некакво бензинско моторче.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5929
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #37 на: 15 Јуни 2023, 08:43:26 am »
Колега сограѓанин,  еве гледај вака  нешто од прилика. Корса возам како второ возило,  постара ген. немам мака никаква,  најпријатно сум изненаден од 1.2" моторот, спие,  не се слуша на повисоки обртаи скоро ич. Деловите се мн ефтини, пола предница ја менав со под 2000ки. Моторот е ланец гајле нема сем ако стропа ланецот па да го мениш,  а ако сакаш можи и превентивно да си го мениш и рајат главата до крај на векот. Делови сем шо се ефтини и ги има на лагер и половни ако ти затреба нешто. Кај мене е мотор менат кај браќата струшко пред некоја година за цена од две дизни дизел, од скоро невозена корса :)
Еве некоја из прва на реклама шо не ми гледаат од препродавачи или плац
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4678357
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4555841
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4698884
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4619697
Друго шо можи да гледаш е Citroen c3 1.4 бенз/плин Clio 1.2,  Mitsubishi Colt 1.3 - има мислам добри колтови вака из прва гледано.
Дизел заборави за тие пари, едино ако ти е мерак веќе гледај нешто корси со 1.3 или онај 1.2тди, на волксваген групација возила, имаш некоја шанса да најдиш некој не отепан од возење дизел со релативно понови годиште. Се друго шо ќе те убедуваат за "нерасипливите"  моќници 1.9 tdi или 1.9jtd и слично ти се мачка во вреќа со стап тепана
За таа цена ќе имаш само 18/20години стари отепани од возење возила, спремни за да ти падни косата пред време.


Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
« Последно менување: 15 Јуни 2023, 08:50:33 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #38 на: 15 Јуни 2023, 12:54:59 pm »
🤦‍♂️
Има и Ибица со 1.9.
Колку мислиш ти дека троши 1.9, што 1.2 ти трошел 5?

Ако е за исти пари нема споредба тука..
Башка во апотека можеш да го најдеш тој мотор и делови за него.

На Леонот за 2 години просечна стои точно 5. Поради честа вожња низ град се случи да се затни ЕГР вентилот. Едно качување на Плетвар со 4000+ обртаи и се одзатна. Останати проблеми нема.

1.9 тди во Ауди А3, Леон и Голф 2006-2009 година по мене најдобар избор за почетник. Да појдиш рајат и до Грчка и по пичина. Али ок е и фетиши за Поло 1.0

Да, најдобар, со ДПФ.

П.С. Само да није BLS.  :-X

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #39 на: 15 Јуни 2023, 13:02:10 pm »
BKC е најдобар избор, ама и за ДПФ не е проблем, се средува, само треба да си одвои буџет и за тоа едно 150тина евра за квалитетна изработка. 70€ кај нас+50тина евра, можеби и повеќе во сервис за ауспуси.
Или комплет 150€ кај друг тјунер. Ако веќе се одлучува за тоа најдобро мајстор да го извади механички ДПФ-от и да не го остава празен туку една цевка барем да стави, или пак да не се случи тјунерот да го исклучи софтверски ДПФ-от, а механички да не го чепни како што беше случај во технички преглед(воедно и сервис) во градов и се запали голф 6ка.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #40 на: 15 Јуни 2023, 13:37:48 pm »
Многу ми е мерак да почнат да мерат издувни гасови на технички, и да нема попуштање. Раат ќе биде за возење, 60% возила ќе бидат неупотребливи.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #41 на: 15 Јуни 2023, 13:38:56 pm »
Зато плинче и гас!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6001
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #42 на: 15 Јуни 2023, 13:43:27 pm »
Ега го напраат стоденара.

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен dstyler

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #43 на: 15 Јуни 2023, 14:22:41 pm »
🤦‍♂️
Има и Ибица со 1.9.
Колку мислиш ти дека троши 1.9, што 1.2 ти трошел 5?

Ако е за исти пари нема споредба тука..
Башка во апотека можеш да го најдеш тој мотор и делови за него.

На Леонот за 2 години просечна стои точно 5. Поради честа вожња низ град се случи да се затни ЕГР вентилот. Едно качување на Плетвар со 4000+ обртаи и се одзатна. Останати проблеми нема.

1.9 тди во Ауди А3, Леон и Голф 2006-2009 година по мене најдобар избор за почетник. Да појдиш рајат и до Грчка и по пичина. Али ок е и фетиши за Поло 1.0

Доста коментари има околу цената на одржување, сеат ибица 1.9тди би била поскапа за сервисирање од 1.4 бензин? Од друга страна, муабетот „ако е за низ град земи бензин“, јесте ми е за низ град ама планирам и подолги патувања...

Ако некој може да ми дај совет, Дали толку поскапо би поминал со 1.9? пошто лимитиран сум со средства, и од друга страна дали со 1.4 бензин би имал помали трошоци околу сервиси, но дали би можел 2-3 пати на месец да одам ск-бт, бт-солун и сл.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #44 на: 15 Јуни 2023, 14:25:05 pm »
Зато плинче и гас!

Да бе, вода само низ издув мислиш излегува, а тоа 50%+ од плиносаните коли дали масло и/или антифриз горат додатно.