Автор Тема: Препорака за кола 3000-4000€  (Прочитано 4808 пати)

Отсутен Desmond777

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Препорака за кола 3000-4000€
« на: 13 Јуни 2023, 19:36:27 pm »
Здраво
Во наредниве неколку месеци ќе бидам во можност да соберам 3000-4000€ за половна кола, ме интересира дали некој можи да ми даде совет. Јас сум возач почетник, прв пат ќе купувам возило и немам буквално никакво искуство со автомобили. Полагав на бензин/плин, но имам возено и дизел и реално ми е полесно на дизел, се имам распрашано и имам читано дека на дизел помалку троши и е поевтино горивото но се поскапи поправките и дека бензинците во просек биле поевтини за одржување но се со поскапо гориво.
Потребите ми се за возење низ град и неколку пати во месец релација Скопје-Битола, би преферирал возилото да има ниска потрошувачка и да е ефтино за одржување. Не ми се битни толки перформансите, секако не сум некој што вози брзо и на автопат никогаш немам возено повеќе од 110.

Од автомобили конкретно имам разгледувано и ми се допаѓаат Opel Astra 2004-2006, mazda 3, opel corsa, seat leon, fiat punto, dacia sandero и последно време гледам дека за ваква цена на огласите се најдува голф 5 и mazda 6.

Е сега не знам ништо во врска со мотори и модели, имам слушано дека некои мотори се имаат покажано како поквалитетни, и би ми било од помош ако некој може да даде сугестија за каков модел/мотор/гориво. Пример за астрата 1.7 cdti  имам читано различни коментари, некој се задоволни некој пишуваат дека не ја бива.
А и секако пред да купам кола ќе истражам детално и би ја однел да ја прегледа автомеханичар, пред да дадам пари.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #1 на: 13 Јуни 2023, 19:42:46 pm »
Би ти препорачал астра Х 1.4 плин и доколку возењето ти е 90% низ град да не земаш дизел возило.
Едит: Бензинците голф 5ки не ми се бендисуваат, а дизел ако можеш да возиш законски(заборавив до колку киловати е забраната) барај 1.9 BKC ознака на мотор, тие се најдобро покажани од дизелите 1.9 или пак некој друг без ДПФ да биде.
« Последно менување: 13 Јуни 2023, 19:56:06 pm nestor04 »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #2 на: 13 Јуни 2023, 19:57:37 pm »
Од твоите предлози, ја би вака :
1. Фиат пунто 1.2 60кс, бензин/плин.
2. Опел корса 1.2, бензин/плин.

Мои предлози :
1. Цитроен ц4 1.4 бензин/плин. (промена на дихтунг обавезно, превентивно)
2. Пежо 206 1.1 бензин/плин.

Рачунај си, да ти останат пари за голем и мал сервис, некои делови од трап ако се зезнати, кочници/антифриз и гуми.
Никогаш не вели никогаш.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #3 на: 13 Јуни 2023, 20:00:34 pm »
60кс не знам дали би сакал да вози инаку добар предлог му даваш, јас му давам нешто што по-нема да му здосади односно е побрзо од другите 2, а сепак не е претерано за возач почетник.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #4 на: 13 Јуни 2023, 21:46:53 pm »
60кс не знам дали би сакал да вози инаку добар предлог му даваш, јас му давам нешто што по-нема да му здосади односно е побрзо од другите 2, а сепак не е претерано за возач почетник.
Опелот што му го предлагаш е со 80 кс и е поспоро од пунтото

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #5 на: 13 Јуни 2023, 21:51:52 pm »
Здраво
Во наредниве неколку месеци ќе бидам во можност да соберам 3000-4000€ за половна кола, ме интересира дали некој можи да ми даде совет. Јас сум возач почетник, прв пат ќе купувам возило и немам буквално никакво искуство со автомобили. Полагав на бензин/плин, но имам возено и дизел и реално ми е полесно на дизел, се имам распрашано и имам читано дека на дизел помалку троши и е поевтино горивото но се поскапи поправките и дека бензинците во просек биле поевтини за одржување но се со поскапо гориво.
Потребите ми се за возење низ град и неколку пати во месец релација Скопје-Битола, би преферирал возилото да има ниска потрошувачка и да е ефтино за одржување. Не ми се битни толки перформансите, секако не сум некој што вози брзо и на автопат никогаш немам возено повеќе од 110.

Од автомобили конкретно имам разгледувано и ми се допаѓаат Opel Astra 2004-2006, mazda 3, opel corsa, seat leon, fiat punto, dacia sandero и последно време гледам дека за ваква цена на огласите се најдува голф 5 и mazda 6.

Е сега не знам ништо во врска со мотори и модели, имам слушано дека некои мотори се имаат покажано како поквалитетни, и би ми било од помош ако некој може да даде сугестија за каков модел/мотор/гориво. Пример за астрата 1.7 cdti  имам читано различни коментари, некој се задоволни некој пишуваат дека не ја бива.
А и секако пред да купам кола ќе истражам детално и би ја однел да ја прегледа автомеханичар, пред да дадам пари.

И јас бев на истата мака пред извесно време, изборот падна на Леон 1.9 тди 2006-2009 моделска година. Ама гледам сеуште држат цени до 5000 евра, дури и поскапи отколку пред две години. Моторот е точно на граница 77кв/105кс, па се добива целосен пакет на спортска, брза и комформна кола. Комформна не толку затоа што има потврда суспензија, ама комотно збира 5 луѓе и има голем багаж во споредба со други коли за почетници.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #6 на: 13 Јуни 2023, 21:55:10 pm »
60кс не знам дали би сакал да вози инаку добар предлог му даваш, јас му давам нешто што по-нема да му здосади односно е побрзо од другите 2, а сепак не е претерано за возач почетник.
Опелот што му го предлагаш е со 80 кс и е поспоро од пунтото

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk
Нема шанси астрата да е поспора од пунтото.
Астрата има 90, голфот има турбина и е 105кс.
По спецификација опелот "му бега" на пунтото со 2 секунди 0-100 и скоро 5 секунди 0-120.
Еве и меѓузабрзувања:
Лево е астрата, десно е пунтото. Плус астрата е доста побезбедна и генерациски понова.
« Последно менување: 13 Јуни 2023, 22:10:05 pm nestor04 »

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #7 на: 13 Јуни 2023, 22:10:20 pm »
Форд Ка што ја имав со мотор од Пунто 1.2 69 кс беше балистичка ракета за Корса 1.4 16в.
Како што незнам, едноставно беше..

Голфот е комплет друга лига на влечење..
За голфот направил едит нестор не ни видов,голф 5 ка не ни треба да помисли да купи да дадеш 5000€ за кола од 2004 година треба да ти е летнато пилето...

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #8 на: 13 Јуни 2023, 22:11:13 pm »
Касно направив едит, се извинувам.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #9 на: 13 Јуни 2023, 22:16:34 pm »
И пунто гледај 69 кс не 60 :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #10 на: 13 Јуни 2023, 22:17:12 pm »
60ка беше предложена. А и пунто искрено не би зел, во секој случај астрата би ја одбрал и комфорт и другари да качиш(имавме дизелче и внатре хаос... посебно задната клупа) и сигурност по кривини и безбедност (минимум 4 ербези, во поновите модели повеќе).

Отсутен Desmond777

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #11 на: 13 Јуни 2023, 22:40:44 pm »
И мене астрата ми изгледа како најдобра опција, а секако ќе мора да возам на отворен пат така да дизел би ми одговарало, е сега гледав многу коли на реклама 5 и има 1.9 cdti 1.7cdti 1.6 h, дали сите се со ист квалитет или има некој мотор што е повеќе истакнат од другите. Исто дали е добро да има ако е дизел dpf и egr филтри или не, и како да дознам оти многу огласи се само општо напишани, или тоа ќе го кажи автомеханичар.

Btw можам да возам возило со поголема кубикажа, полагав пред 5-6 години само до сега сум немал финансии за да земам, единствено што имам вака од другари возено и дизел ми е многу полесно за возење од бензин, не знам дали е почетнички или општо се подобри за контрола

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5765
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #12 на: 13 Јуни 2023, 22:58:07 pm »
Од тие астри ако веќе одиш на дизел варијанта барај 1.9 120кс.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #13 на: 13 Јуни 2023, 22:58:54 pm »
И пунто гледај 69 кс не 60 :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Мислам дека нема 69кс во пунто 2. 69кс во гранде пунто е вградуван. Инаку 60кс во 900кг количе, оди солидно. Ефтини делови, и релативно проста механика.

Кај астрата со 1.7 мотор, мислењата се 50/50. Додека 1.9цдти (фиат дериват), најпогоден е тој со 120кс, додека тој со 150кс има проблем со клапни. (Ама се се решава).
Рачунај си, дизел возило до 3000 евра, ќе биде издрнкано до немајкаде.

И со возењево. 1 недела вози иста кола, дали бензин, или бензин/плин, ќе и влезеш во штос, како се трга, дали треба меѓугас, како кочи. Се е ствар на навика.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3760
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #14 на: 13 Јуни 2023, 23:02:31 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4319605 зимај :)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)