Автор Тема: Препорака за кола 3000-4000€  (Прочитано 6147 пати)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 644
    • ibiz.mk
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #15 на: 13 Јуни 2023, 23:16:15 pm »
На возач почетник му правите споредба јачина ... дајте олабавете со бројки.

Друже за тој ценовен ранг дизел батали.
Земи си бензин со плин, каросериски освен ако ти е да бркаш пилиња. Ако ти е за возење учење мој предлог ц3 ц2. До кај 2500 останати пари чувај. Вози 1-2 години шитни и земи си поасално појако помераклиски.

Со ова и да го гребнеш/чукнеш да не те е жал

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #16 на: 13 Јуни 2023, 23:27:53 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4662366

Бензинец со плин што одлично влече за силата на моторот.
Јас 7 месеци имам вакво, засега сум задоволен. Подвозје нормално како и на секоја друга кола, само јабучица на левото тркало имав мака, 550 денари кошташе. Мал сервис 2300 денари + 1000 денари работна рака.

Голем сервис цел сет ребраст + водна пумпа ме чинеше 5700 денари. Плус сменив и линиски каиш, антифриз и масло во менувач, па деловите за сетот ребраст, линиски каиш, антифриз и масло во менувач ме чинеше 8450 денари. Работна рака за сите овие работи да ми се заменат 4000 денари.

Му менував комплет дискови бидејки беа фабричките и веќе беа потрошени испод минималната пропишана дебелина, сите 4 диска сосе комплет плочки и пола литро глицерин чинеше 9950 денари + 2000 денари работна рака.

Ете вака од прва рака колку чини да се одржува основно она што е неопходно за Фиат Браво 1.4 турбо бензинец.
Се останато засега ми е одлично од механички аспект

Моето нема плин, комбинирано троши околу 8 литри бензин.
« Последно менување: 13 Јуни 2023, 23:33:55 pm FiLo »

Отсутен Desmond777

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #17 на: 13 Јуни 2023, 23:53:11 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4662366

Бензинец со плин што одлично влече за силата на моторот.
Јас 7 месеци имам вакво, засега сум задоволен. Подвозје нормално како и на секоја друга кола, само јабучица на левото тркало имав мака, 550 денари кошташе. Мал сервис 2300 денари + 1000 денари работна рака.

Голем сервис цел сет ребраст + водна пумпа ме чинеше 5700 денари. Плус сменив и линиски каиш, антифриз и масло во менувач, па деловите за сетот ребраст, линиски каиш, антифриз и масло во менувач ме чинеше 8450 денари. Работна рака за сите овие работи да ми се заменат 4000 денари.

Му менував комплет дискови бидејки беа фабричките и веќе беа потрошени испод минималната пропишана дебелина, сите 4 диска сосе комплет плочки и пола литро глицерин чинеше 9950 денари + 2000 денари работна рака.

Ете вака од прва рака колку чини да се одржува основно она што е неопходно за Фиат Браво 1.4 турбо бензинец.
Се останато засега ми е одлично од механички аспект

Моето нема плин, комбинирано троши околу 8 литри бензин.


На прв поглед ми изгледа евтино за одржување. Фала ти за детален одговор. За бензин/плин исто сум гледал интересни се помалку пари за гориво ама кога му спомнав на старите дома каква драма имаше, ќе експлодирало, не дај боже некој да те залепи, го оштетувало моторот дрн дрн  ;D

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #18 на: 14 Јуни 2023, 00:02:26 am »
Ценовно е слично со гранде пунто. Потрошувачка можеби тој 1.2 мотор ќе троши 2 литри помалку, ама на работа имаме такво гранде пунто ево 44 kw или 60 ks, претерано е тромаво и доста е истрошено. Фелицијата што ја возев со 58 коња исто на плин побрзо забрзува од тоа пунто на работа што ни е.

Башка веќе и имам директна споредба да видам како е изработено внатре, ентериеров на бравово подобро изработен и на допир е пофино него ли гранде пунтото.
И секако поголемко е бравото, малце повеќе простор добиваш.

И јас реално бев за гранде пунто со 1.4 турбо бензинец мотор, ама не се наоѓаше, имаше две на оглас во период ноември декември и ги продаваа по 4500 евра.

А јас бравото за 4400 го земав. И она што го добив во однос на гранде пунто, сметам дека ќе погрешев ако земев гранде пунто.


Башка тие делови што ги сменив, голем сервис, масло во менувач, дискови плочки, сето тоа сеа наредни 5 години најмалку сум мирен, така да тоа е некој почетен влог.

Иначе овој модел на браво со овој мотор има 6 брзински менувач со ознака М32. Со тој менувач само да се менува редовно масло на секои 50 000 км бидејќи има шанси да отидат лагери.

Кај мене нема никакви звуци од менувачот и си сменив превентивно масло.


Е ова заборавив да ти го напоменам во прехтодниот пост. Единствено нешто што е скапо е сетот кумплуг бидејки има варијабилен замаец, 500-600 евра само сетот кошта.
Кај мене прошлиот газда го сменил само заради тврда педала, а ми го даде целиот оригинален сет варијабилен замаец, потисна, ламела и друк лагер.
« Последно менување: 14 Јуни 2023, 00:08:50 am FiLo »

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2614
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #19 на: 14 Јуни 2023, 08:16:57 am »
Дезмонде, со оглед на твоите потреби, стил на вожња (како што кажа на автопат над 110 не возиш и сл) и ако буџетот ти е плафон 4.000 е, на твое место би барал сочувано бензинче за околу 3.000 е а останато за голем/темелен сервис, гуми, регистрација и некоја ситница што ќе треба да се смени, би можел и плин да акнеш и мирна глава.

Како што ти препорачаа, не е лоша идејата за некое Фиат Браво 2007-2008 година, ама не мора да бркаш Т-јет заради перформанси, тебе ќе ти врши работа и обичен атмосферски бензинец со 1,4 мотор со 90 кс.

Втора опција Гранде Пунто, нешто како ова, бензинец со малку посолиден мотор:
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/fiat/giulietta/prodazba/kumanovo/kumanovo-opstina/grande-punto-1-4-starjet-70kw-najnov-uvoz-ch/4695739

По исклучок, ако налеташ на сочуван примерок, единствениот дизел во тој ранг би ти препорачал Гранде Пунто 2008/09 со 1,3 мјет и 75 кс (ЕУРО 4 дизел со одржување по цена на бензинец), како што имав:
https://forum.carclub.mk/index.php/topic,23008.0.html

И да не биде дека сме лоби група на Фиат, еден пример за џапанезе:
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/mazda/v8/prodazba/kumanovo/kumanovo-opstina/mazda-2-1-3-benzin-85ks-2009-8-swiss-staklo-full/4721922

Во секој случај, би барал што поново и посочувано возило, по можност со сервисна историја и што помалку км.

Ама да не се заборави и уште битна работа, гледај да ти прави и мерак, не само статистики, цени, одржавање, како што тупиме ние малку постарите  :)


Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен dstyler

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #20 на: 14 Јуни 2023, 10:54:31 am »
Здраво дечки, на иста „мака“ сум и јас, многу добро ми изгледаат сеат ибиците над 2009/2010та год, толкав и ми е буџетот (5к)

Немам никакво познавање, па ако некој можи да ми кажи дали да одам на варијанта:
Seat Ibiza 1.4 tdi - http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4705026
Seat Ibiza 1.2 tdi - http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4695546

Или сепак да барам 1.9тди?

И кои се реално недостатоците на 1.4 и 1.2 во споредба со 1.9, пошто ептен ретко се наоѓа.

П.С. Немој некој да ми се насмеал ако лупам глупости :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #21 на: 14 Јуни 2023, 11:02:28 am »
Не знам ништо за моторите ама би идел на 1.2 TDI ;D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #22 на: 14 Јуни 2023, 11:08:32 am »
Би ти препорачал астра Х 1.4 плин и доколку возењето ти е 90% низ град да не земаш дизел возило.
Едит: Бензинците голф 5ки не ми се бендисуваат, а дизел ако можеш да возиш законски(заборавив до колку киловати е забраната) барај 1.9 BKC ознака на мотор, тие се најдобро покажани од дизелите 1.9 или пак некој друг без ДПФ да биде.
За астра и јас се мислам да ти кажам, топ возило за парите.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен dstyler

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #23 на: 14 Јуни 2023, 11:33:02 am »
Не знам ништо за моторите ама би идел на 1.2 TDI ;D

Образложение? Ако не се зезаш?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #24 на: 14 Јуни 2023, 11:45:59 am »
Не се зезам, имаше член тука Ибица 1.2 TDI, викаше дека е поднослива на автопат мене тоа ми беше импресивно.

Имам нешто читано и дека има верзии со фиксен замаец (треба да си провериш дали е тоа така), и ми има останато океј впечаток за тој мотор иако немам никаков контакт освен што имам слушнато како работи на кола на плац.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #25 на: 14 Јуни 2023, 13:46:11 pm »
Реално, моторот со ремап е друга приказна, го возам на Полото и до 150кмч одлично е возењето од аспект на стабилност и тишина во кабина, а и солидно си повлекува за 1.2.
Пред да купам, пробав 1.2TDI во Ибица, и се откажав одма од помислата за 1.2TDI, така да имај во предвид дека не е исто Фабиа, Ибица или Поло, изолацијата кај Полото е на многу повисоко ниво од кај овие две.
Во однос на опремата, во моето има фабрички вградена дополнителна звучна изолација, верувам дека поради тоа е доста поудобно возењето.
Потрошувачката е некаде околу 4,5л/100кмч комбинирана (повеќе отворено), со тоа што ја го стискам на автопат, навика од Туранот.
Ако сакаш за проба, пред да купуваш, за да се осигураш, дојди ќе свртиме некој круг.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6991
  • Бенве сие бенве
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #26 на: 14 Јуни 2023, 17:10:35 pm »
Твојот е комонреил и за тие пари што ги пишал нема да најде


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3696
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #27 на: 14 Јуни 2023, 18:02:45 pm »
Јас колку што знам сите 1.2TDI се CR.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #28 на: 14 Јуни 2023, 21:26:56 pm »
Не е тркач, за вас тркачите е 1.9 ;D

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Препорака за кола 3000-4000€
« Одговори #29 на: 14 Јуни 2023, 21:30:17 pm »
Можеби ќе стане тркач. Астриче 1.9 му е повеќе од доволно, лесно се стасува до 200кс, а уште полесно до 150-60 за некоја година додека ја навикне.