Некој период ја пратам кинеската автомобилска индустрија и во поглед на електрични возила имаат стварно многу што да понудат. На кинескиот пазар има солидни мини градски автомобили на струја за смешни пари. Но не е само тој сегмент имаат и СУВ па и лимузини со веќе завидна автономија за електрични возила за ценовниот ранг.
Темава можеби сеуште не е многу актуелна кај нас бидејќи не се нудат овие автомобили на продажба но BYD најавува влез на еврпскиот пазар што со нетрпение го очекувам. Ако останат конкурентни со цена како Кина речиси сум сигурен дека следниот автомобил ќе ми биде кинески, нешто незамисливо за мене пред некоја година.
Целта на темава барем засега е да послужи како запознавање што пропуштаме во моментов од кинеската авто индустрија.
За почеток јас би тргнал со презентација на BYD. И секако содиум ион батериите