Автор Тема: Citroen C3 (III) FaceLift  (Прочитано 10633 пати)

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #75 на: 07 Јули 2023, 02:02:19 am »
Фала ти. Избрав бензин зошто ми се смачи од стари дизели и оправките околу нив (од едниот се откачив), затоа што беше на лагер без да чекам со месеци, поради километражата што ја правам (не повеќе од 7.000 - 8.000км годишно) и на крај и цената (и онака е се безобразно поскапено, уште плус пари не ми се даваа веќе).

Со твојата километража и сооднос на извозени километри, можеби и поразумен избор ќе ти е дизелчето, ако можеш да си го дозволиш - секако.

А за се друго, ич да не се мислиш. Одлично е.

Sent from my Xiaomi 12x

Добар избор си направил со моторот. Иста километража годишно правам и по иста логика и јас го избрав во Пежо 208 само таму во оваа генерација е детјуниран на 100кс иако обртниот момент му е ист. Доста по еластичен и по жив мотор од претходниот 1.0 TSI на VW кој го возев, но и нешто по жеден. Кај мене просечната потрошувачка е 6.2 литри долгорочно, но секако мотор кој е права мера и многу лесно се носи со каросеријата.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #76 на: 07 Јули 2023, 16:05:08 pm »
Немам некое големо искуство со турбо бензинци. Прв од овој калибар што го возев беше 1.0TSI, 115кс, во Ибица. Пријатно ме изненади (особено како за човек што последен бензинец му бил 1.4 атмосверец). Со Цитроенов, знаев што од прилика да очекувам, и ги исполни моите очекувања, па и ги надмина.

Потрошувачката ми одговара, немам тука замерка. Инаку да, моторот е доволно способен за убаво да ја носи каросеријата во било која ситуација...

208мицата и мене ми беше во игра, ама сепак бидна ова...

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #77 на: 07 Јули 2023, 20:14:53 pm »
Фала ти. Избрав бензин зошто ми се смачи од стари дизели и оправките околу нив (од едниот се откачив), затоа што беше на лагер без да чекам со месеци, поради километражата што ја правам (не повеќе од 7.000 - 8.000км годишно) и на крај и цената (и онака е се безобразно поскапено, уште плус пари не ми се даваа веќе).

Со твојата километража и сооднос на извозени километри, можеби и поразумен избор ќе ти е дизелчето, ако можеш да си го дозволиш - секако.

А за се друго, ич да не се мислиш. Одлично е.

Sent from my Xiaomi 12x

Добар избор си направил со моторот. Иста километража годишно правам и по иста логика и јас го избрав во Пежо 208 само таму во оваа генерација е детјуниран на 100кс иако обртниот момент му е ист. Доста по еластичен и по жив мотор од претходниот 1.0 TSI на VW кој го возев, но и нешто по жеден. Кај мене просечната потрошувачка е 6.2 литри долгорочно, но секако мотор кој е права мера и многу лесно се носи со каросеријата.
@KaZaN бонбона количе, со здравје да си го изнавозиш. Ти ја пратам темата од почеток ама ти немав пишано, одлична боја/опрема.

@AND_031 една споредба со полото во поглед на простор/комоција и зошто толку брзо го смени, што не ти се допадна?

Sent from my SM-S908E using Tapatalk

Отсутен AND_031

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 399
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #78 на: 15 Јули 2023, 04:33:16 am »
@AND_031 една споредба со полото во поглед на простор/комоција и зошто толку брзо го смени, што не ти се допадна?

Kолата си беше сосема во ред, но се укажа добра прилика да ја продадам и со мала доплата да земам по опремено 208 и пак да сум под гаранција. Ми се допадна дизајнерски што Пежо направи со 208. Нова платформа и што се од опрема и завршни детали нуди во мала кола (додека филозофијата на VW е дека мора да одиш на класа погоре возило за да ги добиеш истите работи) што фрустрира кога немаш потреба од поголема кола.

Од аспект на комоција, Полото има малку повеќе простор на задна клупа. Гепекот исто е и по искористлив и е со дупло дно. Полото има и поудобни седишта а задната клупа е под поголем агол па позади се патува поудобно. Полото има и поголеми задни врати па полесно и се влегува. Полото е и по прегледно поради својата форма, особено назад. Пежото доаѓа со поголеми ретровизори и фабрички сензори да го компензира ова. Напред Пежото има малку повеќе простор, наслонот за раце е поширок и нуди поголеми подесувања. Пежото има држачи за раце на кровот, кај Полото ги нема. Пежото доаѓа со 3 изофикса (напред и позади), Полото само позади. Држачите за чаши кај Пежото се покориси. Поставени се повисоко, подлабоки се и со 2 различни форми за различни чаши. Изолацијата кај двете коли е подеднакво добра, би рекол најдобра во својата класа.  Суспензијата кај Пежото е далеку поудобна, моторот е по еластичен, кочниците се приметно подобри (доаѓа со дискови, Полото е со барабани). Полото е пак по стабилно при нагли маневри. Менувачот кај Пежото е за нијанса подобар. Доаѓа со 6 брзини кај Полото е со 5 и знаеше често да крчи кога се бира рикверц.

Сума сумарум двете коли имаат предности и мани. Неколку пати годишно одам на долги патувања од по 1000км во еден ден и генерално патувањето во Пежото ми е порелаксирано главно поради помошните системи кои кај GT пакетот се бројни (држење на лента, мртов агол, темпомат, интегирана навигација во инструментите пред возачот, сензор за дожд, автоматско долго светло...) а и 1.2 моторот е по еластичен. Уште еден голем плус за Пежото е при патување ноќе. Фаровите се фул-лед со лупа и снопот кој го даваат е извонредно добар и долгото светло автоматски се гаси да не заслепува други возачи. Полото доаѓаше со халофени фарови кои се навистина трагедија за таква нова кола, а доплатата во VW тогаш за ЛЕД беше над 1000 еур. И главен момент кај Полото е дека го нема тој wow фактор воентериеот. Да, се е на свое место, се е ергономски но се е веќе видено. Колку и да е тоа ствар на вкус кај Пежото се гледа екстра трудот вложен,таблата да се проштепа со конец, да се додаде преграда која се затвара во средната конзола, задните облоги на врати да се обложат во кожа, едноставно ентериеот делува доста по модерно со автоматска рачна наместо обична, со капацитативни копчиња, издигната централна конзола, селектор на модови на возење, 3д ефект на инструментите, ЛЕД осветлување во бои и тн. Знам дека за некој ова не е битно ама јас наоѓам вредност во деталите. Најголем минус на Пежото е секако имиџот на брендот кај нас. VW секогаш ќе биде баран.

И за крај, Пежото го добив со 5 години гаранција и сервисот чини 4.500ден наспроти Полото за кое плаќав 10.000-11.000 уште 2019.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1641
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #79 на: 15 Јули 2023, 08:42:31 am »

Благодарам на описот, подобро од многу новинари. Од моменталната понуда во класата Ц3 и 208 мене ми се фаворити, не верував дека Французите ќе ми бидат некогаш :)  И менувај аватар, тргни го полото :)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk
« Последно менување: 15 Јули 2023, 08:48:12 am Ordevski »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #80 на: 24 Јули 2023, 15:55:50 pm »
После невремено вчера, ме фати некој страв...

Па си купив церада, во отсуство на гаража или слично...

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #81 на: 24 Јули 2023, 16:10:38 pm »
Мислиш дека би заштитила од град? Сигурно дека е подобро да ја има него да ја нема ама мислам дека е далеку од безбедна за град.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #82 на: 24 Јули 2023, 16:15:20 pm »
Па за таква се рекламира. Церада за заштита од град. Горниот слој е дебел сунѓер или нешто... 

Не е од тие обичните мушами...

Sent from my Xiaomi 12x

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #83 на: 24 Јули 2023, 16:25:33 pm »
Бољи да го има па и да спречи некој процент него да нема (недај боже да доаѓа во ситуација да спречува) иначе од кај ја зема ако не е тајна и дали има за сите возила или е универзалка

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #84 на: 24 Јули 2023, 16:36:14 pm »
Бољи да го има па и да спречи некој процент него да нема (недај боже да доаѓа во ситуација да спречува) иначе од кај ја зема ако не е тајна и дали има за сите возила или е универзалка
Од autolux, некој бренд Wagner, димензија М (на опаковката пишуваше за кои возила одговара). Ја имаше на лагер, демек последна. Е ако си заинтересиран, најубаво да се јавиш и прашаш.

Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #85 на: 24 Јули 2023, 16:43:23 pm »
Паметно. Доста паметно.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #86 на: 24 Јули 2023, 17:11:26 pm »
Па за таква се рекламира. Церада за заштита од град. Горниот слој е дебел сунѓер или нешто... 

Не е од тие обичните мушами...

Sent from my Xiaomi 12x
Донеле значи. Интересно. Грчки е брендот.

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #87 на: 24 Јули 2023, 17:20:16 pm »
Паметно си направил, убаво ме потсети и јас да земам , не за дома туку кога се оди некаде на одмор или сл, зафаќа ли оваа што е со сунѓер многу место кога е соберена? Ја нема на вебстраната на аутолукс.

Отсутен Zizi

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 202
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #88 на: 24 Јули 2023, 17:31:59 pm »
Паметно си направил, убаво ме потсети и јас да земам , не за дома туку кога се оди некаде на одмор или сл, зафаќа ли оваа што е со сунѓер многу место кога е соберена? Ја нема на вебстраната на аутолукс.

Не знам дали смеам да ставам линк овде, ја има на бугарскиот аутопро

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #89 на: 24 Јули 2023, 17:43:11 pm »
Па за таква се рекламира. Церада за заштита од град. Горниот слој е дебел сунѓер или нешто... 

Не е од тие обичните мушами...

Sent from my Xiaomi 12x
Донеле значи. Интересно. Грчки е брендот.
работава поише делува дека е некоја заостаната количина, не делуваа дека донеле или дека се спремни....

Паметно си направил, убаво ме потсети и јас да земам , не за дома туку кога се оди некаде на одмор или сл, зафаќа ли оваа што е со сунѓер многу место кога е соберена? Ја нема на вебстраната на аутолукс.
на страната има еден куп, ама ја нема оваа, затоа и се јавив да си ја пробам среќата. прашав во carbox, eurostil, samad... не знаев кај на друго место, уште ова ми текна. не би знаел да ти кажам колку место зафаќа, не ја спакував баш убаво, само ја стаив у гепек откако ја пробав. габаритна е, не е малечка. ама верувам дека со малце труд, може поубаво да се спакува.