Автор Тема: Citroen C3 (III) FaceLift  (Прочитано 10620 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #60 на: 26 Мај 2023, 15:03:43 pm »
Не би можел да кажам... Во Србија кај што ги земав за ц2-чето (тогаш околу 30евра), немаше за оваа. Иначе тука, овие, 3800ден.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #61 на: 26 Мај 2023, 15:05:20 pm »
Па ги дигнале доста богами, ја околу 3200 мислим ми излегоја исто Team Heko.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk


Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #62 на: 26 Мај 2023, 15:13:21 pm »
Профи се за летоска овие, остави сите 4 прозори малце отворени барем нема да биде внатре како во сауна:) Иначе имаш уште за средување...затемнување на стакла!:)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #63 на: 26 Мај 2023, 15:14:59 pm »
Профи се за летоска овие, остави сите 4 прозори малце отворени барем нема да биде внатре како во сауна:) Иначе имаш уште за средување...затемнување на стакла!:)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk


затемнети се позади, фабрички. :D доста им е :D

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #64 на: 26 Мај 2023, 15:56:10 pm »
Ветробраниве и да немаат ефект а имаат, многу поубаво ми изгледа возило со ветробрани од колку без. Е сеа цената малку соленка, ама тоа е.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #65 на: 26 Мај 2023, 16:20:57 pm »
Профи се за летоска овие, остави сите 4 прозори малце отворени барем нема да биде внатре како во сауна:) Иначе имаш уште за средување...затемнување на стакла!:)

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk



Е да за ова може. Паметно.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #66 на: 26 Мај 2023, 18:20:07 pm »
Јас имав ветробрани и ги извадив, над 120 имаше некоја мала бучава што ме нервираше, а и со малку отворен прозор пак дува како и без нив, едино на дожд бркаат работа.

Треба да ги огласам и така џабе стојат во гаража.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #67 на: 26 Мај 2023, 20:12:58 pm »
На Меривата и Ц2-чето, не можев да осетам разлика, или појава на некој звук... И онака по сама природа се бучни, секако и да имало звук нема да го слушнеш...

Матизот, слична приказна.... На Астрата имаше некој шум додатно, ама ништо што ми сметало...

На овие немав прилика сеуште да приметам нешто... Ќе видам кога ќе се пуштам на отворено.

Sent from my Xiaomi 12x


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #68 на: 27 Јуни 2023, 17:40:12 pm »
Околу 2.200км и 3 и пол месеци со колата...

Малку помалце од пола од километрите направени викендов на отворено (до Белград и назад)...

Количето си е супер, како за низ град, така и надвор од град. Екстра тивко, супер удобно и доволно брзо во секоја ситуација.

Низ град зависи како се вози, потрошувачка меѓу 7 и 8л/100км.

На отворено, Скопје - Ниш, низ Ниш - Белград, низ Белград - Скопје (преку Прохор Пчињски) - по борд 6.4л/100км, возено не помалце од 120км/ч и цело време со клима на темпомат - јас, задоволен.

120км/ч, 6та брзина, ~ 2400врт. - тивко, мирно со уште доста снага ако притреба. Прв пат на подолг пат кичма да не ме боли.

Возењето на отворено беше последната работа што не ја пробав на колава, бидна и тоа, се на се задоволен. Сега сум 100% сигурен дека не погрешив со изборот.

За сега толку.





Sent from my Xiaomi 12x

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #69 на: 27 Јуни 2023, 18:02:34 pm »
Притисок на гуми си проверил?

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #70 на: 27 Јуни 2023, 18:03:16 pm »
Точно пред тргање. Напумпани по упатство.

Sent from my Xiaomi 12x


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #71 на: 28 Јуни 2023, 14:28:26 pm »
Си има апликацииче? Јако!

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #72 на: 28 Јуни 2023, 15:43:58 pm »
Си има апликацииче? Јако!
Не е официјално поддржана за наш пазар, ама со мал walk-around ја средив, и функционира.

Sent from my Xiaomi 12x


Отсутен lsim

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 3
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #73 на: 03 Јули 2023, 16:57:26 pm »
Здраво создравје да си ја возите колата. Супер количе :)
Јас сум заинтетесиран за исто вакво, но се мислам помегу PureTech 110 и BlueHDi 100.
Годишно од прилика правам 15000км отврено-град 70%-30%.
Ме интересира зошто избравте вие бензин а не дизел варијанта. Во моментов цената е 1400е разлика дизел бензин.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 (III) FaceLift
« Одговори #74 на: 03 Јули 2023, 17:42:12 pm »
Здраво создравје да си ја возите колата. Супер количе :)
Јас сум заинтетесиран за исто вакво, но се мислам помегу PureTech 110 и BlueHDi 100.
Годишно од прилика правам 15000км отврено-град 70%-30%.
Ме интересира зошто избравте вие бензин а не дизел варијанта. Во моментов цената е 1400е разлика дизел бензин.

Фала ти. Избрав бензин зошто ми се смачи од стари дизели и оправките околу нив (од едниот се откачив), затоа што беше на лагер без да чекам со месеци, поради километражата што ја правам (не повеќе од 7.000 - 8.000км годишно) и на крај и цената (и онака е се безобразно поскапено, уште плус пари не ми се даваа веќе).

Со твојата километража и сооднос на извозени километри, можеби и поразумен избор ќе ти е дизелчето, ако можеш да си го дозволиш - секако.

А за се друго, ич да не се мислиш. Одлично е.



Sent from my Xiaomi 12x