@AND_031 една споредба со полото во поглед на простор/комоција и зошто толку брзо го смени, што не ти се допадна?
Kолата си беше сосема во ред, но се укажа добра прилика да ја продадам и со мала доплата да земам по опремено 208 и пак да сум под гаранција. Ми се допадна дизајнерски што Пежо направи со 208. Нова платформа и што се од опрема и завршни детали нуди во мала кола (додека филозофијата на VW е дека мора да одиш на класа погоре возило за да ги добиеш истите работи) што фрустрира кога немаш потреба од поголема кола.
Од аспект на комоција, Полото има малку повеќе простор на задна клупа. Гепекот исто е и по искористлив и е со дупло дно. Полото има и поудобни седишта а задната клупа е под поголем агол па позади се патува поудобно. Полото има и поголеми задни врати па полесно и се влегува. Полото е и по прегледно поради својата форма, особено назад. Пежото доаѓа со поголеми ретровизори и фабрички сензори да го компензира ова. Напред Пежото има малку повеќе простор, наслонот за раце е поширок и нуди поголеми подесувања. Пежото има држачи за раце на кровот, кај Полото ги нема. Пежото доаѓа со 3 изофикса (напред и позади), Полото само позади. Држачите за чаши кај Пежото се покориси. Поставени се повисоко, подлабоки се и со 2 различни форми за различни чаши. Изолацијата кај двете коли е подеднакво добра, би рекол најдобра во својата класа. Суспензијата кај Пежото е далеку поудобна, моторот е по еластичен, кочниците се приметно подобри (доаѓа со дискови, Полото е со барабани). Полото е пак по стабилно при нагли маневри. Менувачот кај Пежото е за нијанса подобар. Доаѓа со 6 брзини кај Полото е со 5 и знаеше често да крчи кога се бира рикверц.
Сума сумарум двете коли имаат предности и мани. Неколку пати годишно одам на долги патувања од по 1000км во еден ден и генерално патувањето во Пежото ми е порелаксирано главно поради помошните системи кои кај GT пакетот се бројни (држење на лента, мртов агол, темпомат, интегирана навигација во инструментите пред возачот, сензор за дожд, автоматско долго светло...) а и 1.2 моторот е по еластичен. Уште еден голем плус за Пежото е при патување ноќе. Фаровите се фул-лед со лупа и снопот кој го даваат е извонредно добар и долгото светло автоматски се гаси да не заслепува други возачи. Полото доаѓаше со халофени фарови кои се навистина трагедија за таква нова кола, а доплатата во VW тогаш за ЛЕД беше над 1000 еур. И главен момент кај Полото е дека го нема тој wow фактор воентериеот. Да, се е на свое место, се е ергономски но се е веќе видено. Колку и да е тоа ствар на вкус кај Пежото се гледа екстра трудот вложен,таблата да се проштепа со конец, да се додаде преграда која се затвара во средната конзола, задните облоги на врати да се обложат во кожа, едноставно ентериеот делува доста по модерно со автоматска рачна наместо обична, со капацитативни копчиња, издигната централна конзола, селектор на модови на возење, 3д ефект на инструментите, ЛЕД осветлување во бои и тн. Знам дека за некој ова не е битно ама јас наоѓам вредност во деталите. Најголем минус на Пежото е секако имиџот на брендот кај нас. VW секогаш ќе биде баран.
И за крај, Пежото го добив со 5 години гаранција и сервисот чини 4.500ден наспроти Полото за кое плаќав 10.000-11.000 уште 2019.