Автор Тема: Lageri  (Прочитано 41214 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Lageri
« Одговори #150 на: 27 Август 2014, 11:13:23 am »
Yarre е на одмор, али еве, ќе се дрзнам јас.

Директ од Timken.

http://www.timken.com/EN-US/products/bearings/productlist/integrated/wheelboss/technicalmanual/Pages/Installation.aspx

5.5.2 After making sure that the cap screws are only finger tight, hand tighten the nut on the spindle until it contacts the outboard cone. Use a torque wrench and a 3-½” 8 point socket to tighten the nut to 200 ft-lbs while rotating the hub assembly.

5.5.5 Use a torque wrench to tighten the nut to 28 ft-lbs while rotating the hub assembly.

Failure to use a torque wrench or use of a poorly calibrated torque wrench when adjusting the nut may lead to excessive or insufficient torque.

Excessive nut torque will cause excessive preload force in the bearings. Excessive preload may cause high wheel-end operating temperatures, reduced lubricant life, reduced seal life, and premature bearing damage.

Така, така... Симо пак тресе зелени....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Lageri
« Одговори #151 на: 27 Август 2014, 12:16:09 pm »
Чудо е тоа колку наши механичари не користат момент-клуч ... али за да користат треба да знаат за секој штраф и сл. колку треба да подесат.

И после деловите не чинат кај нас. Можеби тие си се ок, само нашиве нестручно ги местат. Чисто се прашувам дали при составување глава на мотор или местење на сет куплунг, па и делови за суспензија користат момент-клуч.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Lageri
« Одговори #152 на: 27 Август 2014, 12:33:10 pm »
Момент клуч треба да се користи за стегање на буквално сите можни шрафови и на све што треба да се стегне.

Искрено не можам да разберам, зашто во нашите сервиси никој не користи :(

Aко не е официјален, има сервиси што поправаат се што е на 4 тркала, а тука ти се многу штрафови,
за секоја кола посебно, а и ретко кој од нив книга фаќа.

Вистина ова треба да важи барем за официјални сервиси, или тие што сервисираат само одредени типови на марки,
бидејќи колку толку намален е бројот на упатства што треба да ги поседуваат и ги имаат за пролистување,
ама кој колку ги отвора нив и воопшто чита тоа не знам.

Отсутен Strujata85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 249
Одг: Lageri
« Одговори #153 на: 28 Август 2014, 23:02:27 pm »
Кај мене на камионот се конусни па досега ниту јас ниту многу луѓе кои ги познавам не сме штеловале ништо.Го ставаш во лежиште и чао пријатно.

се проверува маста, семеринзи и малку притега по потреба... кај камионите незнам како иде со лагерите, но кај колите на конусни лагери затегањето на лагерот го правиш со надворешниот штраф... ако го престегнеш ке се здроби за брзо време, ако пре лабав го оставиш исто ке се здроби за брзо време.. мора да биде таман, а тоа таман се прави само и само на рака... треба да знаеш на рака колку да стегаш, со кренато тркало во воздух и го вртиш тркалото рачно, па затегаш полека полека точно до таму кај што треба.

и сега, прв слој на цементацијата која е замастена фабрички, ке си падне за одприлика 300-500 километри извозени. на цело ниво на лагерот е неколку стоти гледано во димензија, но прав мајстор ке ти рече дека треба да дојдеш после таа километража да го доштелова лагерот.. така, тој лагер ке трае мноооогу подолго...
MI rece deka posle 500km da se vratam da go stelova bidejki brzo ke padni vaka ...
Живејте го животот, бидејќи има рок на траење . . .

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Lageri
« Одговори #154 на: 08 Септември 2014, 13:51:15 pm »
мада ја првиот пат ги стегнав и то им беше, енеј се неколку десети илјади км мака немаат... за разлика од предходните што ги мењав на 3-4к км.. Фаг се сегашните. Исто така битно било да не се менува маста т.е. еднаш се става и завршено е со неа.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Lageri
« Одговори #155 на: 08 Септември 2014, 14:36:29 pm »
Чудо е тоа колку наши механичари не користат момент-клуч ... али за да користат треба да знаат за секој штраф и сл. колку треба да подесат.

И после деловите не чинат кај нас. Можеби тие си се ок, само нашиве нестручно ги местат. Чисто се прашувам дали при составување глава на мотор или местење на сет куплунг, па и делови за суспензија користат момент-клуч.
Малку ја претеравте со момент-клучот.Истиот се користи на одредени делови на моторот,а не на секој штраф кој се наоѓа на возилото.Сигурно нема со момент клуч да ми заштрафува браник или фар.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Lageri
« Одговори #156 на: 08 Септември 2014, 16:41:35 pm »
Сеа и ти претеруваш ;D

Битно се сфативме. Браник НЕ, составување глава ДА. Моит?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Lageri
« Одговори #157 на: 08 Септември 2014, 16:45:59 pm »
Поарно на рака да ти го стегне,него со некој неискалибриран момент клуч :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Lageri
« Одговори #158 на: 08 Септември 2014, 16:49:58 pm »
Да не се лажеме, не е рокет сајнс да калибрираш торк вренч:

http://www.wikihow.com/Calibrate-a-Torque-Wrench

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Lageri
« Одговори #159 на: 10 Септември 2014, 13:12:19 pm »
Поред правилното притегање на конусните лагери, особено внимание треба да се обрне на количината на маста. Јас досега за жал немам видено мајстор кој користи момент клуч за затегање на лагерот бидејки првото затегање е коа прстенот треба да се намести во лежиштето, па притегањето е појако, и после штрафот да се одлабави ( мајсторите викаат четврт круг). Јас секако нема да препорачам нешто што е различно од пропишаното, но исто така е факт дека „од рака“ нема проблем. Престегнувањето после 500 км е глупост, можеби чисто ради тест да се направи една тест вожња од километар два и да се провери.
Кај маста, често се греши па местата на лагерите се пунат со маст до заборав. Тука не важи правилото „више-боље“ бидеки ако има вишак, се јавува повторно зголемено загревање на лагерот бидејки маста во тој случај не подмачкува туку кочи. Затоа и збунуваат „малите“ пакувања на маст во китовите, кои се точно определени за конкретниот конусен лагер. Ни више ни мање. Ако ставате сами, замислете го внатрешниот пречник каде се лагерите, па од око проценете 20 % од волуменот.
Промената на семерингот е препорачана бидејки тој е единствената заштита од надворешни влијанија како влага/вода и прашина. Стариот обично ако не е скинат, тогаш е укрутен како пластика, и ги нема својствата на заптивање.
И да, доколку претходниот лагер „ви мелел“ има големи шанси да надворешниот прстен вртел во лежиштето и делумно го разлокал. Ако ставите таков лагер, состојбата е џабе бидејки новиот многу брзо ке настрада. Постојат лепкови за лепење на такви толеранции, кои помагаат само кога се работи за ситна толеранција.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2608
  • Custom made interiors
Одг: Lageri
« Одговори #160 на: 13 Септември 2014, 11:29:50 am »
#yarre
Мислам дека нема да биде лошо да отвориш една тема и да направиш еден туторијал за менување на лагери. Ти веќе доволно објасни и низ темава ама би било супер сето тоа да биде склопено на едно место, па по можност и со слики за тоа колку маст да се стави и ред други работи и на што треба да се внимава.
Повеќето мислиме дека менување  лагер е да го извадиш стариот бапни го новиот, напуни со маст стегај и вози...

Мислам дека одлично би ни служел на сите еден туторијал со сите детали. :)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Lageri
« Одговори #161 на: 15 Септември 2014, 10:50:35 am »
Да додадам нешто во темава, да му се најди на некој Битолчанец, или општо на кој било.

Оригинални ФАГ лагери од Лагермакс во Битола можат да се најдат во Апекс-М(точна е мапата со локацијата).
Доколку ова не е точно, молам да ме корегира господинот yarre

Во претходни постови пишуваше дека соработуваат и со Електромотор меѓутоа денес тие повеќе не држат за коли,
едниствено сервисираат електромотори.

Не зедов лагер, меѓутоа во иднина сигурно земам од кај нив.
Еве цени, преден десен со АБС прашував, за Меган MKII.

Бакалче:
- 1700 ден

Апекс-М
- 3000 ден (ФАГ)

Рено официјален:
- оригинален, над 7000 ден не памтам (не бев при себе)
- поевтина верзија, 3800ден не оригинален ама оригинален ако ме разбирате.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Lageri
« Одговори #162 на: 15 Септември 2014, 12:57:34 pm »
ЈАс зедов за комбето од тој шо е боримечка,3500 заменски(француско производство демек),фаг,скф и други беа по 7000...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Lageri
« Одговори #163 на: 24 Септември 2014, 12:08:47 pm »
Конкуренцијата на Yarre:


Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1311
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Lageri
« Одговори #164 на: 24 Септември 2014, 12:46:45 pm »
Состојба Битола.
Електромотор не зема повеќе лагери за возила, само зема за негови потреби за моторите
Апекс- М зема од нас, но не работи стриктно со нас. Ако лагерот е ФАГ тогаш е наш, за се останато, не знам.
Дечките од Апекс се фер фирма, која понудува од сите квалитети и типови што може.