Лагерите од прва генерација, конусни ( како овие на Ланос, или Голф 1,2,3 на пример ) треба да се подмачкаат, и тоа не превише и не премалце. Генерално правило е да се употревби маста што доаѓа со нив во целост, не повеќе и не помалце, а таму каде што не доаѓа маст, тогаш се подмачкува на таков начин што венецот со валците се збрцува во маст и колку ке фати, толку е доволно.
Грешки кај нас воглавном се прави со премачкување, односно мајсторско ( пуни нека има ) со што реално се прави проблем на лагерот од аспект што маста треба да намали триење а не да предизвика дополнително греење, кое би се јавило од поради кочењето од многу маст. Земете пример на таков отпор кога со рака мафтате во воздух и во вода.
Оргинална маст е најдобро да се упортеби, но и жолта Ина маст е сосема добра. Зелена може, ама ако нема друга, и секако да СЕ ЗАОБИКОЛИ графитна маст, која НЕ Е НАМЕНЕТА за лагери, бидејки составот, односно графитната прашина во неа делува како шмиргла на површините на лагерот, и брзо го зезнујат.
Овие лагери се помачкуваат само при првичната монтажа, и до нивниот крај, не се подмачкуваат ниту пипкаат, бидејки емулзијата која ке се створи со време, има заштитна улога, па одтаму е онаа појава, да кога после икс километри го отвориш лагерот, исчистиш и ставиш нова маст, после кратко време, финално отидујат, бидејки истрошени се површините, па промената на маста не прави ама баш ништо.
Предните лагери на возилата, дури и првата генерација, се фабрички подмачкани, не НЕ ТРЕБА да се става дополнително маст, туку само да се монтира.
На нашиот пазар, секако имате многу брендови на лагери, познати, непознати, квалитетни и неквалитетни. На нас, со оргиналните лагери ни е реално тешко на пазарот, бидејки квалитетен лагер секогаш е барем дупло поскап од некој неквалитетен, но цената го збунува купувачот корисник, а често и самата кола е толку ефтина, што збунува цената на лагерот.
Deno, се зависи од предиспозициите, и ништо не е исклучено