Како 20 годишен скутерџија, кој почнал од Томос, имал од двете варијанти ова се моите согледувања
1. За Ск, за таа релација, ништо освен скутер не е практично. Кој мисли поинаку, ќе аргументираме.
2. Дали 4 или 2 тактен?!? Сум ги имал и двата. Има ситуации кога сум го сакал едниот, имало за другиот. Претекнување, возење со совозач, нагорнина, забрзување... Односно каде што се бара динамичност, се знае 2 тактен. 4 тактниот е за крузање.
Лошо кај 2 тактниот е почетното димење додека загрее машината, звукот не е толку додека имаш фабричи ауспух.
Ова е можеби и најнебитниот разговор овде, поважно е што модел ќе одбереш.
Точаци, е-точаци, недајбожетротинети, едноставно не. Пробај да "веслаш" точак накај раб во јули по кеј, па ќе ме сфатиш. Околу безбедност, нема дискусија.