Муабетов за кратки релации и надополнување на акумулаторот ми е дискутабилен.
Од лично искуство, се трудам бар еднаш месечно да ги закачувам на смарт полначот акумулаторите на двете коли.
Сузукито се вози 90% кратки релации, градска, додека Опелот обратно - 90% отворено.
Ми се има случено следното - се враќам од подолг пат со Опелот, го средив внатре, го исчистив, и викам "ај, да го дополнам акумулаторот". Се полнеше додека да покаже фул околу саат време.
Истиот ден, Сузукито мајката му ја расплакаа градска вожња, цел ден, околу 50-60 километри му свртеа. Откако се наполни на Опелот, го закачив на Сузукито. Покажа фул за 5 минути.
Константно е исто - обавезно се полни повеќе време на Опелот, отколку на Сузукито.
Така да... Што знам.