Еве ги седиштата и монтирани во кола:
Следниот ден по монтажа ги провозив до Охрид, и можам да ги издвојам овие впечатоци:
- се седи два-три сантиметри повисоко, забележително за мене бидејќи иста возачка позиција имам од 2021 година
- поудобни се и подобро го потпираат телото бидејќи се потврди, како што потврд душек е поудобен за спиење
- помалку "држат" во место во кривини, делумно ради материјалот, делумно што се малку поплитки страничните потпори
- добив плус место за складирање - сега и двете седишта сега имаат џебови за крпи, платнените имаа само на совозачко
- и финално, потпирачот за рака многу позитивно придонесува за релаксираноста во патувањето
На други теми, враќајќи се од Охрид ја раситнивме 180.000ката, 36.000 километри и 3 години и 5 месеци во моја сопственост.
И кандидирам за Најпрљава кола на форумов, што може да направат 370 километри на македонски патишта:
P.S. Во пакетот се платнените седишта, на продажба се, одговараат на Гранде Пунто без модификации.