Разговарано е и со механичари спомнати сите фактори, побарано мислење и за другиве коли што ги набројав европскиве. Не одобруваат ни една европска кола ако земам, вика земај азиец небитно корејско/јапонско, Маздата е топ количе бензинец нема да имаш зафрканции, имаш се за неа од делови. За Алфа викаат ако беше некоја 1.9 дизел ајде некако ама Мито и 1.4 не, скоро сите ми го рекоја тоа. Спомнав дека Маздава е со скоро 290.000км, добив одговор дека ако е здрав моторот и е одржувана и се реални, немаш гајле, иако Алфата е со 148 000. Ми рекоја донесија пред да ја земаш да ја истресиме да видеме што е како е да не има скријано нешто.Потенцираа фокусот да биде на Colt, Yaris, Getz, Mazda 2 итн. . Маздава фаворит е, изгледа ќе биде, се чека само момент на одлука да се отиде и да се земе.
Фала ви дечки .