Пред релативно брзо време госпоѓата се поднови со Mazda 2 1.5 бензин 2007, па да споделам некое искуство:
- Супер лесна за возење и паркирање особено низ град
- Доста стартна со оглед дека има 100 коња и нешто малку над тон во тежина
- Педалата за гас прилично нежна, за почетници може ќе треба некое време да се навикнат
- Пространа кабина за нејзината димензија
- Прецизен волан, добар менувач, супер се вози на кривини
- Меки седишта, ок за низ град. За подолг пат не баш по мој ќеиф
- Слабо изолирана за над 110-120км/ч, моторот нема гајле тера повеќе. Се решава со погласна музика
- Потрошувачката под 9 уште се нема симнато
Во глобала до сега одлична, моторот во нормален режим на работа тивок, на ланец е па си бара убаво уље можеби и штелување на некој вентил ко повеќето јапанци.
Зависи што бандажи носи, ама по фабричка спецификација малку нестандардна димензија гуми па и коштаат троа повеќе.