Автор Тема: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022  (Прочитано 12426 пати)

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« на: 15 Декември 2022, 15:31:06 pm »
Да се претставам и јас со последниот додаток во семејството  :)

Станува збор за Kia Sportage 1.6 Т-GDI (бензин, рачен менувач, 150 КС) First Edition произведен во месец ноември 2022 година, моделска година 2023.

Купен пред една недела каде што го фативме последниот воз пред да ги покачат цените по втор пат во една година на истиот модел.

Бидејќи немаше опција за бирање на модел, боја, додатоци и слично Киа за нашиот пазар оди со тоа што излегува секој месец од фабрика а тоа е First Edition Моделот и тој го продава како таков. За наша среќа, бојата која што сакавме да ја земеме ни се погоди а тоа е Lunar Silver. Изненадувачки е што и покрај овој пристап што го има Киа, сепак има голема побарувачка за овој модел.

Дента кога го земавме возилото набавивме и оригинал гумени патосници во Киа и веднаш потоа беа монтирани нови зимски гуми Continental WinterContact TS870 P FR во Мотоцентар, а летните оставени во хотел до пролет.

Со оглед на тоа што и претходно имавме Kia Sportage произведена 2014 година, ова дојде како убаво освежување кое долго време го посакувавме, и поради тоа импресиите се и повеќе од позитивни сега за сега.

Во прилог спецификации и слики од самото возилото.















« Последно менување: 15 Декември 2022, 21:54:03 pm @ILE@ »

Отсутен tisButAScratch

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #1 на: 15 Декември 2022, 15:36:32 pm »
Со здравје да се вози :)

Sent from my M2101K6G using Tapatalk


Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #2 на: 15 Декември 2022, 15:52:24 pm »
Со здравје да се вози и многу КМ :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #3 на: 15 Декември 2022, 15:57:22 pm »
Ubav paket go lici, so zdravje da se vozi :)
Kolku kosta ako ne e tajna.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #4 на: 15 Декември 2022, 16:08:16 pm »
Примаси 4, џам. Стави малку поубави слики кога ќе ја земеш, не вака од тротоар.

И конти ТС870, ептен мојот сетап си го направил! :) :) :)
« Последно менување: 16 Декември 2022, 08:42:16 am Deni »

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #5 на: 15 Декември 2022, 17:25:32 pm »
Честито ново возило!

Кога ќе ја повозиш пиши споредба со постариот модел.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #6 на: 15 Декември 2022, 18:43:53 pm »
Ubavo kolice, so zdravje da si go vozish. Ubavo bandafce

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #7 на: 15 Декември 2022, 19:49:41 pm »
Со здравје да се вози, ваљда е Т - гди ? Или има обичен бензинец во сув во 2023 година ?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Kia Sportage 1.6 GDI First Edition - 2022
« Одговори #8 на: 15 Декември 2022, 21:17:18 pm »
Честито!

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 710
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #9 на: 15 Декември 2022, 23:48:04 pm »
Честито Иле и со здравје да се вози.
Пушти некоја слика од ентериер.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #10 на: 16 Декември 2022, 08:35:18 am »
Честитки , со здравје да се вози, многу безгрижни километри ти посакувам

Одлична е бојата , не се познава многу кога е прљава колата Јас ја имам истата боја на Спортажот ...

Sent from my 2201116SG using Tapatalk


Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #11 на: 16 Декември 2022, 08:53:17 am »
Ubav paket go lici, so zdravje da se vozi :)
Kolku kosta ako ne e tajna.

Благодарам, поубаво да се враќа. Секако дека не е тајна, ние возилото го зедовме 26500 евра и тоа е цената до претходниот месец. Од овој месец е покачена.

Примаси 4, џам. Стави малку поубави слики кога ќе ја земеш, не вака од тротоар.

Обавезно, не стигнав од работни обврски а и времево не е најдобро за слики. Во прва прилика обавезно ставам поубави слики.

Честито ново возило!

Кога ќе ја повозиш пиши споредба со постариот модел.

Во принцип веќе поминавме некои 200 километри, и морам да кажам дека има разлика од постариот модел (барем од оној што ние го имавме произведен во 2014). Прво, колата има повеќе снага и тоа се чуствува при старт, при возење а особено во меѓузабрзување. Возењето е навистина удобно и убаво се однесува на патот, барем за моја вожња која што не е агресивна. Дополнително, нивото на опрема што го има за разлика од старото возило што го имавме го прави возењето уште поудобно и побезбедно.

Со здравје да се вози, ваљда е Т - гди ? Или има обичен бензинец во сув во 2023 година ?

Благодарам, поубаво да се враќа. Инаку да, заборавив да го напоменам тоа, сега е веќе сменето во постот. Турбо бензинец е моторот со 150 КС.

Честито Иле и со здравје да се вози.
Пушти некоја слика од ентериер.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Фала ти, поубаво да се враќа и кај вас. Ќе пуштам обавезно слики само да начекам малце слободно време и убава надворешна светлина.

Со убаво да се вози!
 
Стрико ми чека Туксон више пола година. Сами ќе го склопевме до сега..

Верувам. Иста или слична е ситуацијата и со другите произведувачи на коли. Затоа малце бевме ние во двоумење кога во Киа ни кажаа дека само тоа што излегува од фабрика го продаваат, меѓутоа некако имавме среќа да ја одбереме бојата што ни се допаѓа, а за опремата не се двоумевме, добар пакет испадна.

Честитки , со здравје да се вози, многу безгрижни километри ти посакувам

Одлична е бојата , не се познава многу кога е прљава колата Јас ја имам истата боја на Спортажот ...

Sent from my 2201116SG using Tapatalk



Ти благодарам, поубаво да се враќа.

Да, бојата е навистина убава, мене лично ми се допаѓа. Плус моментот што не се забележува многу кога е прљава. Баш еве периодов кога врнеше се се залепи на неа, и ако не се фокусираш да забележиш не се гледа колку е прљава :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54983
  • Махер
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #12 на: 16 Декември 2022, 09:13:49 am »
Аутоматик е или мануел?

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #13 на: 16 Декември 2022, 09:30:50 am »
Со здравје да се вози. Како стои со простор внатре во однос на претходниот модел. Вчера видов ист ваков и ми делува како помал од надвор, барем на изглед.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Kia Sportage 1.6 T-GDI First Edition - 2022
« Одговори #14 на: 16 Декември 2022, 09:48:48 am »
Со здравје да се вози. Нека му е уба среќата.

Него ова за хотелот за гуми. Ако имаш каде да ги чуваш (без бандажи се чуват исправени), земи си ги од таму одма!
Не сакаш да знаеш каде и како ги чуваат.
Да имаш среќа само на пролет да ти ги дадат твоите гуми и да се прави. Најчесто се искривени или туѓи.