Ubav paket go lici, so zdravje da se vozi
Kolku kosta ako ne e tajna.
Благодарам, поубаво да се враќа. Секако дека не е тајна, ние возилото го зедовме 26500 евра и тоа е цената до претходниот месец. Од овој месец е покачена.
Примаси 4, џам. Стави малку поубави слики кога ќе ја земеш, не вака од тротоар.
Обавезно, не стигнав од работни обврски а и времево не е најдобро за слики. Во прва прилика обавезно ставам поубави слики.
Честито ново возило!
Кога ќе ја повозиш пиши споредба со постариот модел.
Во принцип веќе поминавме некои 200 километри, и морам да кажам дека има разлика од постариот модел (барем од оној што ние го имавме произведен во 2014). Прво, колата има повеќе снага и тоа се чуствува при старт, при возење а особено во меѓузабрзување. Возењето е навистина удобно и убаво се однесува на патот, барем за моја вожња која што не е агресивна. Дополнително, нивото на опрема што го има за разлика од старото возило што го имавме го прави возењето уште поудобно и побезбедно.
Со здравје да се вози, ваљда е Т - гди ? Или има обичен бензинец во сув во 2023 година ?
Благодарам, поубаво да се враќа. Инаку да, заборавив да го напоменам тоа, сега е веќе сменето во постот. Турбо бензинец е моторот со 150 КС.
Честито Иле и со здравје да се вози.
Пушти некоја слика од ентериер.
Sent from my iPhone using Tapatalk
Фала ти, поубаво да се враќа и кај вас. Ќе пуштам обавезно слики само да начекам малце слободно време и убава надворешна светлина.
Со убаво да се вози!
Стрико ми чека Туксон више пола година. Сами ќе го склопевме до сега..
Верувам. Иста или слична е ситуацијата и со другите произведувачи на коли. Затоа малце бевме ние во двоумење кога во Киа ни кажаа дека само тоа што излегува од фабрика го продаваат, меѓутоа некако имавме среќа да ја одбереме бојата што ни се допаѓа, а за опремата не се двоумевме, добар пакет испадна.
Честитки , со здравје да се вози, многу безгрижни километри ти посакувам
Одлична е бојата , не се познава многу кога е прљава колата Јас ја имам истата боја на Спортажот ...
Sent from my 2201116SG using Tapatalk
Ти благодарам, поубаво да се враќа.
Да, бојата е навистина убава, мене лично ми се допаѓа. Плус моментот што не се забележува многу кога е прљава. Баш еве периодов кога врнеше се се залепи на неа, и ако не се фокусираш да забележиш не се гледа колку е прљава