Дечки не дадов closure на темава. Значи вака, буквално на пат кон М кар да се нарача, да не речам на пола се предомислив и се вратив, назад и во истиот момент добива порака од дечките од србија дека моделите после јуни 2020 немаат можност да се моментално одблокираат и, се вратив дома доста читав и гледав потребно е DME benchunlock што некој во USA и во Germany можеби има пробано ама, потребно е да го извадиш екуто да им го пратиш да пробаат да го отклучат, но уште поголем проблем е што моментално ако не успеат со отклучување на екуто и ако го брикнат, немаат фејлсејф, значи имаш заглавено возило во гаража без можност за поправка. Да најверојатно порано или подоцна ќе се отклулчи ама како што е моментално ситуацијата BMW изгледа се доста паметни после се и ќе мораше да останам со 156 коња 250nw. Што според вашите совети вака со сите шо разговарав можеби не е најправилна одлука. Следно што ми дојде на ум е 320е, Но доста поскапо, време на испорака 5-6 месеци, и другата работа што ме ептен предомисли е, иам еден другар што исто така е фанатик за возила, и негов став е дека, plug in хибрид не е нешто решливо, и дека е прелазна технологија, и дека и реално за 5-6 години ќе се намали капациетот на и така малата батерија и ќе ми остане возило што тежи 350kg повеќе од нормално, со 165 коња ако ги загубам електричните, и да премногу делови во едно возило. Се откажав и од 320е, и почнав да гледам нешо постаро. Дооста дооста ривјуа читав и гледав, и мислам дека се убедив дека сакам и би поседувал m340i b58 3.0l со 380коња i 500nw. Гледајќи насекаде низ Германија и европа цените се движат од околу 45.000 еур за возило од 2019-2020 g20 со 50.000-60.000км прашав за давачки, испаѓаат 20.000-21.000 еур што е лудост, 50% од сумата на возилото за влез во оваа ретардирана држава за да го имам возилото. Што ќе ми испадне околу 67.000 еур. Тоа е веќе ептен надовр од мојот буџет, но првата работа е што 2019-2022 реално не ми е толку убав како новиот 2023 моделот, прашав за новиот, исто време на испорака 6-7 месеци со опременост со адаптив нели м суспензија 79.000 еур во Македонија иако истото возило во USA e 58.000 УСД. Но по цена да поседувам м340и според сите најсовршеното возило на планетата од тој ценовен ранг, комплетно со се решен сум и да е постариот модел од 2019 до 2022.
И сега поради ретаридрано високите давачки m340i ми излегува малку од буџетот а новата m340i е апсолутно невозможна опција за мене.
Но гледам и правам напори да во следниот период се подновам со половна g20 m340i увезена.
Не сакав да пишувам и споделувам овде како се одвиваат работите да не помислите дека ве тролам.
Но кога се решив веќе за m340i сакав да споделам да видам што мислите и се надевам ако ми успее да ја земам пријатно би се изненадил и јас но и поради самото возило коа е доста ентузијастичко за секој кој има познавања за такви.