Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008  (Прочитано 7231 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #45 на: 04 Април 2023, 12:33:57 pm »
На 134950km заменети гумите, ставени алуминиумските бандажи со Dunlop 205/55 R16 SPORT BLURESPONSE гуми, старички, 2017, ама имаат шара, ќе истераат уште една сезона. Со зимските поминати 5350km.




Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #46 на: 06 Април 2023, 20:17:59 pm »
Мал јубилеј..


Денес купена полиса за осигурување преку LAQO (Croatia Osiguranje) за 213,63EUR со вклучено осигурување за возач и патници и пакет помош на пат преку Oryx. Земајќи во предвид дека зелена карта следува без дополнителен надомест, сметам дека цената е сосем ОК.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #47 на: 07 Април 2023, 08:57:33 am »
Ко 100 евра да ти регистрација кај нас во Северен ФИРОМ

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #48 на: 18 Април 2023, 13:56:51 pm »
10 дена не беше возена, таман тргнав да ја носам на технички за регистрација, почна да трокира и појави грешка P0301 Cylinder 1- Misfire Detected. Сменети 4 свеќици, BOSCH FQR8LEU2 за 20 евра,  сега за сега е во ред. Старите свеќици биле заменети пред 47000км.


Присутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #49 на: 18 Април 2023, 14:06:41 pm »
Ко 100 евра да ти регистрација кај нас во Северен ФИРОМ
Si place da i stavis 5ta od dizel :)

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #50 на: 18 Април 2023, 19:38:13 pm »
10 дена не беше возена, таман тргнав да ја носам на технички за регистрација, почна да трокира и појави грешка P0301 Cylinder 1- Misfire Detected. Сменети 4 свеќици, BOSCH FQR8LEU2 за 20 евра,  сега за сега е во ред. Старите свеќици биле заменети пред 47000км.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Скапичко си ги платил свеќичките. Јас ти земав истите по 250 парче.

А можда и биле постара залиха...

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #51 на: 18 Април 2023, 20:58:41 pm »
Толку ќе беа ако ги нарачав онлајн, не ми се чекаше.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #52 на: 21 Април 2023, 11:20:46 am »
Пред некој ден оптимистички си купив сигурносен триаголник пред да одам на технички мислејќи само тоа ми фали :) Испадна да не помине на технички поради голема разлика во сила на кочење на задно десно тркало споредено со левото.

Измерени вредности - работна кочница (N)
Лево 2289
Десно 1819
Разлика 21% (max. 25%)

Измерени вредности - рачна кочница (N)
Лево 1929
Десно 1063
Разлика 45% (max. 30%)

Од технички директно во продавница, купен алат за кочници (20EUR), плочки за задни кочници BOSCH (35EUR), комплет водилки и гумици (10EUR), маст за кочници TEXTAR Ceratec (7EUR), brake cleaner (4EUR), челична четка (4EUR) и клуч 17/13ка (5EUR) и се фатив за работа:





Задните плочки не беа ни за менување (сменети пред околу 30K комплет плочки и дискови), но нејсе, чим ги имав купено решен бев да ги сменам. Водилките не ги сменив, ги оставив оригиналните кога видов дека немаат оштетувања нити се искривени, туку се лошо подмачкани. Исчистени, подмачкани и променети од двете страни, и назад на технички.


**Црвената Astra пред мене не помина на технички поради разлика од 70% во сила на кочење на предни тркала.  :-X


По повторување на мерењата:

Измерени вредности - работна кочница (N)
Лево 2084
Десно 1924
Разлика 8% (max. 25%)

Измерени вредности - рачна кочница (N)
Лево 1635
Десно 1520
Разлика 7% (max. 30%)

Резултатите задоволителни, останатото помина без забелешки, се проверува доста подетално од она на што сум навикнат.  ::)

Вкупно технички и регистрација 120EUR + осигурување 213EUR = 333EUR, тераме уште една година.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #53 на: 21 Април 2023, 12:22:46 pm »
Викаш дека не биле за менување...

Што ондак беше причината за нерамномерното кочење на двете тркала?

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3015
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #54 на: 21 Април 2023, 12:33:08 pm »
Може има отпор на водилките и за одредена сила на кочење, едната страна  да ја притиска плочката повеќе од другата страна.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #55 на: 21 Април 2023, 12:41:35 pm »
Значи можел да помине и без промена, само со чистење, така?

Исто како јас што можев со 300,00, ама не, ме чешаа 2.300,00 фазла... :D

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #56 на: 21 Април 2023, 12:53:36 pm »
Дефинитивно можев да поминам само со чистење и прописно подмачкување, ама кога веќе го отворив пакувањето решив дека ќе ги сменам за секој случај.

Старите (TEXTAR) имаат материјал преостанато скоро идентично како и новите (ќе ги сликнам покасно), единствена предност на новите е дека имаат индикатори за истрошеност и се Bosch (би требало да се поквалитетни). Лизгачките пинови (slider pins) кои ги купив не ги променив, нити отпакував, така да ќе ги вратам назад.

Во секој случај, олеснет за 75ЕУР, ама па колата средена, научив да менувам плочки и уживав дур работев и пиев Скопско.  8) Остана алатот кој ќе се наjде и во иднина.
« Последно менување: 21 Април 2023, 12:59:46 pm DimitarMK »

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #57 на: 21 Април 2023, 12:57:43 pm »
-

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #58 на: 21 Април 2023, 13:08:39 pm »
Тоа дека Bosch се поквалитетни си голема грешка, Textar се ОЕМ за Porsche, BMW и други и важат за едни од повисоките класи на кочници.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Opel Astra H GTC 1.6 85kW 2008
« Одговори #59 на: 21 Април 2023, 13:26:56 pm »
За тоа реков би требало, не е правило, особено во денешно време каде што многу брендови живеат на стара слава. Тоа што се OEM за PAG, BMW не значи дека не продаваат и ѓубре. Работам во таа индустрија и верувај знам какво ѓубре постои и како се работи.

Во мојот случај не е проблемот до TEXTAR, туку до мајсторијата при монтажа на истите. Дисковите и напред и позади се TEXTAR, променети пред 30K и сега за сега се држат одлично.