Денес на 142800км променета бобина, Delphi CE20009-12B1, купена нова за 82ЕУР.
Претходниот викенд тргнав сабајлечки на пат и после 10тина километри почна да трокира и вибрира - појави грешка P0301 Cylinder 1- Misfire detected. Истата грешка ја појави и пред ~7000km кога ги променив свеќиците.
Застанав покрај пат, ја извадив бобината, свеќичките, ги подзачистив и вратив се назад, грешката остана регистрирана, но веќе не трокираше и си извозев без проблем околу 250км.
Во текот на изминатава недела, дефектот беше спорадичен, еден ден трокираше, еден не. Решив петокот да нарачам бобина, па да видиме што ќе биде. Еве ја денес стигна, монтирана. Старата веќе еднаш била променета, од бренд Hüco. Првпат слушам.
Сега за сега се океј, само што ја запалив колата грешката се избриша, ќе пратам ситуација, се надевам ја погодив дијагнозата..
Успат за да ќарам бесплатна испорака, зедов за 17 евра филтер уље Hengst, филтер воздух Febi, филтер полен Denckermann за следен сервис.