Ми требаше некаква кола, па си купив Opel Astra H GTC, произведена 2008, со мотор Z16XER, 85kW. Планот беше да се купи нешто поново, но со моменталното лудило со цени на пазарот за коли, се решив привремено да купам нешто што ќе брка работа.
Од опрема нема ништо посебно:
Електрични прозори и ретровизори
Магленки
Кожен волан со команди
Централна брава со далечинско
Автоматска клима
Радио CD/MP3/AUX
Купена со 127850km, досега поминати околу 1000km, нема сеуште покажано некои маани, ќе си покаже со време.
Подобри слики кога ќе ја измијам .
Планови за сега - да се сменат филтри/уље и да се исполираат фарови. И за зимава да се стават челичните 15ки со зимски гуми.
Можеби ќе се занимавам малку со infotainment делот со оглед на тоа што сеуште ги имам сите делови за него што останаа од Корсата.