Автор Тема: Играчка конзола?  (Прочитано 135307 пати)

Присутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 348
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #390 на: денес во 08:24:05 »
Реално, активностиве на почетокот се моооожеби 15-20 минути вкупен gameplay.

Па не баш, имаш цела мисија за тоа како да отвориш сметка во банка, па потоа некоја финансиска апликација и те учи да ставаш пари за син ти за иднината/колеџ...се прашувам на кого му е ова интересно? Ај ние „старите“ го живееме, не знам зашто би сакал вакви работи и во игра да правам. Ама да ги земеме и децата, присетете се вие кога сте ја играле оригиналната Vice City - би ве интересирало ова?

Абе почнуваш со долг кон мафијата, имаш акција итн, а другиот дел е слободен за играчот да експериментира.

Не знам, последно беше оваа мисијава што ја пишав погоре, ако вака продолжи јас за 1 година ќе излезам од Chapter 1.


Комплетно се согласуваме со Гејб. Вчера стигнав до мисијата каде што првпат те „носат“ до Vice City, се чувствуваш како конечно на одмор да си стигнал - пукање, тркање, огромна метропола итн...и после те враќаат во реалноста :)

Инаку морам да кажам дека 30FPS на PS5 е ужасно искуство - гејмам од 90-ти, пример Akrham Knight ја свртев на 25фпс просек, не сум некој елитист. Ама комбинацијата на контроли и слобода која ја нуди играва едноставно не оди добро со 30фпс, особено што на сите интересни акциони сцени има големи frame drops.

Не знам, како тргнало веројатно ќе чекаме пачеви, гледам и со времето има проблем - нема дожд, олуји итн.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 21978
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #391 на: денес во 13:41:02 »
Се изнагледав ЗА и ПРОТИВ видеа за играва и се сетив  на филмот за Howard Stern кој пола луѓе го збореа  и слушаа на радио од што го мразат, другата половина од што го сакаат за на крајот од денот вкупниот публицитет да биде уште поголем

Неколку заклучоци:

1.Креаторот (и основач на Рокстар) на сите досегашни ГТА игри Dan Hauser не работи за Рокстар уште од 2020та. Во периодот од 2014 до 2020та има предложено неколку драфт верзии за тоа како според него треба да изгледа ГТА6 кои се одбиени што резултира со негово заминување. Развојот на играва со приказна каква што е сега се вкупно 6 (а не 13) години.

2. Не е точно дека играва е пишувана од жени, ниту дека во Рокстар сега се само жени. Сликата која циркулира на нет од нив слика од 8ми Март, а не слика од цел Рокстарт тим.
Напротив, главен креатор е Rupert Humphries кој има работено како co-writer на ГТА5.

3.Точно е дека ликот на Лусиа е пишуван од жена чие претходно искуство е само Cartoon Network, мајка и имигрантка, го сфатила ликот, се внела во ликот, бла, бла и сега избриша сопствен акаунт затоа што се најдени нејзини статуси  кои инсинуираат нејзини ставови против мажи, деца и слично.  Нешто слично ископаа и за девојкава на која е базиран ликот на Лусиа. Јака им душа.

4.99% од сите негативни ривјуа на играта се однесуваат на две работи:

Првата е неоправдана бидејќи се однесува на Chapter I без да се изигра играта до крај. Тука е се споро и кринџ бидејќи Џејсон е добриот дечко кој мора реновира сопствена куќа во која препорачливо е да мочка седејќи ( ова не е шала) за девојка му да е среќна, додека и купува цвеќиња, ја држи за рака и слични глупости.Играта станува подобра после Chapter 1.

Втората е оправдана бидејќи открива прилично слаба приказна и позадина за паров, како и нула причини зашто воопшто Џејсон прифаќа било што е девојка која е очигледен bossy latino пропалитет, лош криминалец, катастрофа мајка и неоправдано захтевна кучка која му мрчи цело време, а и крајот од играта ти зависи од тоа како ја третираш.

5. Асмонголд ( кој хејтериве најчеесто го цитираат во своите видеа) и покрај чкарт Chapter 1, ја оцени играта со 9/10 али нагласи дека никогаш во животот не играл ГТА како и дека не е target audience.

6.Играта има багови и гличеви кои ќе се поправат, но нема надеж за сега за 60fps...но манијава отиде до толку далеку што почнаа да се прикажуваат лажни видеа со ептен катастрофален фрејм рејт.

7.Никој не оспорува дека играта изгледа феноменално со open world како ниедна до сега.
Им смета тоа што нивото на слобода е редуцирано во споредба со претходните наслови, како и суптилното попување за тоа како е правилно да ја завршиш играва

Откако ќе ја изиграм (којзнае кога) ќе пишам и јас што мислам за неа, мада до тогаш може да излезе и ГТА7.

« Последно менување: денес во 14:05:13 Stratro »

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #392 на: денес во 14:06:17 »
Дали Луциа е транс бе жити се? Сѐ ќе поднесам, само тоа не, да им се серам во игрите и филмовите во 21ви лгбтљ век…

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 21978
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #393 на: денес во 15:24:47 »
Не е .
Тешки глупости има по нетов...а и многу фама за забава од 100 евра.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30674
    • CARclub.mk
Одг: Играчка конзола?
« Одговори #394 на: денес во 15:53:52 »
А и сите тие работи што ги хејтаат по интернет, не мора да се прават. Сите се optional.

Моето искуство до сега е генерално позитивно. Да куцнам у дрво, не ми избагирала нешто играта. Би било подобро да е 60 фпс, ама јебига, тоа е.