Некој што ја почнал играта да каже дали вреди да се купува Playstation само за неа? Пред повеќе години добив Xbox 360 1TB на подарок со околу 50 купени игри на CD од кои само GTA V ја играв, FIFA ептеен ретко, така да ако би купил PlayStation би го купил само за тоа.
Јас лично, не би, ако е само за тоа. Плејстејшнот и претходно беше скап, сега е уште бетер, а тешко дека ќе му намалат цена.
Јас Прото го земав на акција од Сатурн, без ДДВ, и тогаш беше многу пари. Арно ама, каква е сега ситуација со побарувачка и цени, се мислам дали да го продадам, пошо претпоставувам дека можам комотно преку 1000 евра да му зеам.
Јас првите ГТА ги играв уште одма. ГТА 5 ја играв со некои 7/8 години задоцнување. Ја имав долго време у каталог, ама ја немав играно. Ја изиграв, стварно беше интересна.
Како и да е, неам некој хајп за ГТА 6, ќе ја почекам кога ќе биде на некоја акција, да ја зеам по пониска цена.
Од друга страна, апсолутен феномен е играва, од аспект на што све е направено во исчекување на истата. Фирми затварале, пошто голем дел земале слободни денови, цело Мајами е ГТА 6 модус, НБА играчите на Мајами Хит со посебни дресови, целата сала у ГТА 6 фазон... Санзабичиз
