Дечки ми треба мислење. Сакам да си купам ПС4ка.
Пошто гледам има Про и стандард/слим верзија, има некоја посебна разлика освен резолуција и појачан хардвер? Дали ризикувам да нема да можам да играм игрици во иднина на обичниот, а ќе бидат функционални на ПРо-то? Има шанси да сецка обичниот на игрици ко што може да се деси на компјутер?
Е сега, пошто никад не сум имал ниедна серија, ко што се едуцирав малце, морам да купувам оригинал игрици, иначе ризикувам да ми биде банирана конзолата ако пуштам пиратски/торент игрици?
Што би препорачале вие, да одам на Про или Слим/Стандард ПС4?
Ми треба искуство од некој што поседува ПС4
Фала унапред!