Јас ги одржувам 90% од комбињата (останатите се под гаранција). За нафта точно знам колку трошат. Мое комбе само еднаш останало дефект и еднаш беше гребнато (токму денес). Газдата самиот знае кој како вози, сите комбиња се следат по ГПС преку ОБД. Има укинато тура поради трошење на гориво (2600 наместо 1600€ гориво) и има избркано човек кој во 1 месец направи 5 сообраќајќи од кои 1 тоталка. А има и добра причина зошто сеуште работам тука, а не на друго место, едноставно некои работи не се за на форум, а ако ти се погоди газдата ќе работиш (можеби напорно), а ќе земаш 2 плати(кој разбра-разбра). Поздрав Луки каде и да си, па ако те води пат накај Фулда повели на Аугустинер 🍻