Автор Тема: 2011 Renault Megane RS250  (Прочитано 11037 пати)

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
2011 Renault Megane RS250
« на: 16 Септември 2022, 16:57:19 pm »
Welp,

По некој скрос случаен сплет на околности каде што брат ми бараше нова кола, на местото на Брерата денес си дојде ова, а Брерата замина кај него. Renault Megane RS250, произведен 2011та година, купен во Мк. Фабрички со 250 коњи, овој примерок е ремапиран на 300 коњи и 415Nm обртен момент. Спецификации:

2.0 TCe мотор кој испорачува 300 коњи и 415Nm обртен момент
Sport Mode со RS Monitor и ремапирање на педалата за гас
Кожни седишта со електронско подесување и греење на седишта
Поминати ~68000км со целосна сервисна историја
Stage 1 tune, cold air intake, resonator delete, rear muffler delete (ова ќе се враќа назад пошто е прегласна моментално).
Bluetooth audio
Затемнети задни стакла
18ки RS бандажи со 235/40R18 гуми

Колата е генерално во многу добра состојба, треба да се сменат плочки напред и назад во следните 2000км, што ќе биде направено во најбрз можен рок, да се подослободам од работа само. Испадна да дојде кај мене колава ептен рандом, од гледањето до муабет со брат ми до одлуката имаше не повеќе од 3-4 недели. Планот е да седи како викенд играчка.

Следни планови за колата се:
1. Да се заменат плочките што е можно побрзо - уште фаќаат релативно добро ама веќе дава бордот дека треба да се сменат
2. Полирање/хемиско/керамика
3. Да се замени мењачот со мењач од RS250 Cup - ради диференцијалот. Менување на мењачот со мењач од Cup шасијата е plug n play замена, додека менување на самиот диференцијал е далеку покомплицирано пошто треба да се менуваат и односите на брзините.
4. За зимски гуми ќе видам дали ќе ставам сезонава, секако планот не е да се вози секојдневно колата, го имам БМВто за тоа
5. 18ки OZ Superturismo или Ultraleggera

Неколку сликички:






Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #1 на: 16 Септември 2022, 17:00:03 pm »
Со здравје да се вози... ова де, интересен животот да ти го прави :)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #2 на: 16 Септември 2022, 17:10:50 pm »
Уба кола, создравје да се вози

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #3 на: 16 Септември 2022, 17:15:21 pm »
Одличен почеток за викенд играчка. Со убаво да се вози.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #4 на: 16 Септември 2022, 18:09:06 pm »
Па, па, па, па... За мерак.

Плин не е у план? 




:)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #5 на: 16 Септември 2022, 18:26:33 pm »
Прејако!

Ќе биде криминал ако не ни пуштиш да чуеме како звучи пред да ја стишиш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #6 на: 16 Септември 2022, 19:52:09 pm »
Со здравје да се занимаваш!

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
2011 Renault Megane RS250
« Одговори #7 на: 16 Септември 2022, 19:55:56 pm »
Го знам првиот газда на колава, многу е чувана.

Одлично ауто си купил.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #8 на: 16 Септември 2022, 20:51:43 pm »
Кај најде баш Рено да купиш, за ништо не ги бива, според екпертизата на форумот  :P

Бесна машина, со здравје да си ја возиш и многу германци да оставаш позади тебе  :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #9 на: 16 Септември 2022, 21:05:15 pm »
Јас барам вакво слупано за делови, само моторот да е здрав :D

Sent from my SM-A202F using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #10 на: 16 Септември 2022, 22:13:54 pm »
Whoa.

Браво! Се надевам дека ќе ја задржи и оригиналната, period-correct таблица!

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #11 на: 17 Септември 2022, 10:15:53 am »
Добра играчка си купил, честитки. Ме интересира како се справува преден погон со 300 кс.?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #12 на: 17 Септември 2022, 11:41:43 am »
Честито. Одлична кола си купил.
Мило ми што ова количе дојде во вистински раце. Знам дека ќе биди добро згрижено.

Ја имам повозено баш оваа пред некое време и имам само позитивни импресии. Страшно брзо количе и одлично се справува со силата. Нема пролизгување, нема никаква драма. Катапулт!
Среќа сега и “разбрчена“ е, па можи да се ужива повеќе. :)

Само убави нови гуми и да си земиш. Овие на неа ако добро ме држи меморија, се некој буџет бренд.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #13 на: 17 Септември 2022, 12:39:53 pm »
Фала ви на сите, да си купите поубави!

Па, па, па, па... За мерак.

Плин не е у план? 




:)

Мислев ова е стандард, веќе се знае?  ;D

Кај најде баш Рено да купиш, за ништо не ги бива, според екпертизата на форумот  :P

Бесна машина, со здравје да си ја возиш и многу германци да оставаш позади тебе  :)

Ќути, прво Алфа па БМВ па Рено сеа... Само по сервиси да главам...

Whoa.

Браво! Се надевам дека ќе ја задржи и оригиналната, period-correct таблица!

Ќе се потрудам, треба да менувам лична на скопска адреса и го одложувам веќе 2 години па сега можда конечно ќе појдам.

Честитки, многу јако возило.

Плаче за некоја тркачка фелна и да се пукнат клештите некоја дреч боја, ипак е РС. Ја и сплитерот би го фарбал и некои ситни детали. Како и да е, филм е колата.


Планот ми е бар шепите да одат во RS жолта боја, во комбинација со темносиви OZ бандажи. Би сакал и сплитерот ама ќе видам колку е лесно да се офарба, или можда да се врапне.

Добра играчка си купил, честитки. Ме интересира како се справува преден погон со 300 кс.?

Не знам каква магија имаат RenaultSport правено со геометријата на суспензијата на колава ама е ненормално добра, лудница е. Затоа и се заљубив првиот пат кога ја возев колава. Има минимален, скоро никаков torque steer и и тој ќе се реши чим ставам LSD внатре.

Честито. Одлична кола си купил.
Мило ми што ова количе дојде во вистински раце. Знам дека ќе биди добро згрижено.

Ја имам повозено баш оваа пред некое време и имам само позитивни импресии. Страшно брзо количе и одлично се справува со силата. Нема пролизгување, нема никаква драма. Катапулт!
Среќа сега и “разбрчена“ е, па можи да се ужива повеќе. :)

Само убави нови гуми и да си земиш. Овие на неа ако добро ме држи меморија, се некој буџет бренд.

Да, многу е чудно како мал хечбек со преден погон може така добро да вози со 300 коњи, неверојатно. Иначе да, не сум сигурен точно што гуми беа, зимава ќе видам дали ќе ставам зимски на неа пошто не ми е во план да ја возам зимно време, ама на пролет обавезно оди некоја performance гума на неа.

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2011 Renault Megane RS250
« Одговори #14 на: 17 Септември 2022, 13:58:23 pm »
Создравје да се вози одличен примерок