Welp,
По некој скрос случаен сплет на околности каде што брат ми бараше нова кола, на местото на Брерата денес си дојде ова, а Брерата замина кај него. Renault Megane RS250, произведен 2011та година, купен во Мк. Фабрички со 250 коњи, овој примерок е ремапиран на 300 коњи и 415Nm обртен момент. Спецификации:
2.0 TCe мотор кој испорачува 300 коњи и 415Nm обртен момент
Sport Mode со RS Monitor и ремапирање на педалата за гас
Кожни седишта со електронско подесување и греење на седишта
Поминати ~68000км со целосна сервисна историја
Stage 1 tune, cold air intake, resonator delete, rear muffler delete (ова ќе се враќа назад пошто е прегласна моментално).
Bluetooth audio
Затемнети задни стакла
18ки RS бандажи со 235/40R18 гуми
Колата е генерално во многу добра состојба, треба да се сменат плочки напред и назад во следните 2000км, што ќе биде направено во најбрз можен рок, да се подослободам од работа само. Испадна да дојде кај мене колава ептен рандом, од гледањето до муабет со брат ми до одлуката имаше не повеќе од 3-4 недели. Планот е да седи како викенд играчка.
Следни планови за колата се:
1. Да се заменат плочките што е можно побрзо - уште фаќаат релативно добро ама веќе дава бордот дека треба да се сменат
2. Полирање/хемиско/керамика
3. Да се замени мењачот со мењач од RS250 Cup - ради диференцијалот. Менување на мењачот со мењач од Cup шасијата е plug n play замена, додека менување на самиот диференцијал е далеку покомплицирано пошто треба да се менуваат и односите на брзините.
4. За зимски гуми ќе видам дали ќе ставам сезонава, секако планот не е да се вози секојдневно колата, го имам БМВто за тоа
5. 18ки OZ Superturismo или Ultraleggera
Неколку сликички: