Автор Тема: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)  (Прочитано 3211 пати)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #30 на: 11 Септември 2022, 01:07:30 am »
Mashala bate kako uspevas da ustedis 2000€ godisno za na odmor kapa ti simnuvam.
Jas neznam kaki uspevas osven kreditce nekoe ili nekoja tugja voshka da te polazi. Sepak kapa siminjam.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #31 на: 11 Септември 2022, 01:28:11 am »
Па како за почеток - немам деца сеуште :)

Другото зависи од плата, бонуси на истата, трошоци секој месец... Кредит за одмор не сум земал и мислам дека никогаш нема да земам. За капење од страна или туѓи вошки - нема од каде, од плата живеам.

Гледам да почнам да тргам на страна паричка од есен, па до август наредното лето. Сигурно дека нема да заштедам ако се освестам во мај дека ќе одам на одмор во јули/август.
« Последно менување: 11 Септември 2022, 01:34:08 am balanar »

Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 401
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #32 на: 11 Септември 2022, 06:54:50 am »


Mashala bate kako uspevas da ustedis 2000€ godisno za na odmor kapa ti simnuvam.
Jas neznam kaki uspevas osven kreditce nekoe ili nekoja tugja voshka da te polazi. Sepak kapa siminjam.
Зависи од платата, а плус ако дома друг плаќа сметки, храна е голема помош во заштеда.
Во денешно време храна најмногу влече од семејниот буџет.

Без овие трошоци остануваат само за лични работи и тргање настрана.

Со македонски плати не знам како ќе се заштеди ако се плаќа стан, сметки, деца, храна....

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #33 на: 11 Септември 2022, 07:56:25 am »
Ааааа, не може така, камо суперлативи :D
Е овАка за предобро да биде објаснето :)

Цитат
Ништо немав, заборавив да пишам.

Лани на Крф (пред да одам на психолог) некако многу престегнат бев општо и по патот, а и таму. Не ни пливав толку како порано. По пат (до Игуменица и назад) гледав пребрзо да стигнам, не правевме баш паузи. На траектот (при укрцување на одење и враќање) ме префаќаше некоја тахикардија/паника од колите, гужвата... На патарините (барем тие што начекав ептен прегужва на враќање) исто.

Сега ништо од погорното, баш напротив. Се преизненадив сам од себе.
Баш и пишав на жената во Виница кога стигнав да и споделам, се преизрадува. Се договорив пак да отидам наскоро, не сум бил од март годинава.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #34 на: 11 Септември 2022, 08:43:51 am »
Или билдаш мислења, или те боли што баланар бил на закинтос.  :-X
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #35 на: 11 Септември 2022, 09:59:42 am »
Друже не знам што си по професија, ама со вакви патописи би ја зезнал Берта Додевска!

И јас сакам често да се потсетувам каде сум бил, што сум посетил таа година, но се навраќам само по слики, не ми текнало на вакви опширни записи... А и не сум добар раскажувач :)

Честитки за постот!

Sent from my NAM-LX9 using Tapatalk


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10950
  • 430i
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #36 на: 11 Септември 2022, 10:21:49 am »
јас не успеав да почнам да читам кога ја видов сликава



 ;D ;D ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #37 на: 11 Септември 2022, 10:34:04 am »
Хахах, не беше толку блиску, некако на сликата изгледаат поблиску заради камерата. Ама да, ги набутаа колите како сардини, читав за ова и пред да одам, се жалат луѓе на гребаници и вдлабнато ако се погоди малку побурно море.

На враќање се паркирав на горната палуба, таму е многу подобро како ги паркираат и е отворена палуба (сликата погоре е од "подрумот" каде се паркираат и камиони/автобуси).
Препорака да ја качувате колата на горната палуба за коли ако некогаш некој плови со Levante Ferries. Долу ем ги бутаат колите, ем не се дише од затворено, издувни гасови и жешко. Ненормални луѓе, се буткаат кој може да си влезе во колата, ја пали (веројатно заради климата) и така чекаат да се ослободи место пред нив да излезат.

Истото срање се случувало и со Anek Lines за Крит.
« Последно менување: 11 Септември 2022, 10:39:44 am balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #38 на: 11 Септември 2022, 10:57:01 am »
Друже не знам што си по професија, ама со вакви патописи би ја зезнал Берта Додевска!

IT guy, не се познава по деталноста?
 ;D

И јас не пишував вака, почнав пред 5-6 години кога првпат отидов на Лефкада. Од импресии седнав да склопам нешто после недела-две дома. После ми стана пост-одморски "ритуал".

Вакви имам за Лефкада, Кефалонија и Тасос. Пишете ако му треба на некој, ќе ви дадам линкче (на српски се) или ќе ги преведам.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #39 на: 11 Септември 2022, 13:47:39 pm »
На 3 траекти шо ја имам качено колата на сите вака паркираш. Евентуално тие 10цм некаде се 15цм.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #40 на: 11 Септември 2022, 14:47:01 pm »
Добро, веќе 2 пати некој ми брише пораки во кои објаснувам како и кога и во кој контекст се користи зборот преблиску.

Толку ли некој се иритира?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2325
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #41 на: 11 Септември 2022, 14:53:48 pm »
Секоја чест за трудот и времето потрошено за ова да го споделиш, ептен корисно, мада фамилијарно тешко дека би фатил натаму, ама никогаш не се знае. Ми даде некои идеи после твојата прошетка на западниот брег (Сахара ресорт и сл, Неа Флогита) а од напишаното имам претстава што има и како има. Да си жив и здрав па една детална „приказна“ за втор крак, ми изгледа многу живописно вака од слики и искуства од други луѓе.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14243
  • Пудингот на шоферството
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #42 на: 11 Септември 2022, 14:57:57 pm »
На 3 траекти шо ја имам качено колата на сите вака паркираш. Евентуално тие 10цм некаде се 15цм.
Камионите вака ги паркираме како сардини,неможиш врата да отвориш да слезиш од камион.
А колите ги паркираат на "широко" барем на овие бродови кои одат за Англија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2188
Одг: Закинтос (27.08 - 04.09.2022)
« Одговори #43 на: 11 Септември 2022, 15:03:52 pm »
Секоја чест за трудот и времето потрошено за ова да го споделиш, ептен корисно, мада фамилијарно тешко дека би фатил натаму, ама никогаш не се знае. Ми даде некои идеи после твојата прошетка на западниот брег (Сахара ресорт и сл, Неа Флогита) а од напишаното имам претстава што има и како има. Да си жив и здрав па една детална „приказна“ за втор крак, ми изгледа многу живописно вака од слики и искуства од други луѓе.

Имам одено 2 пати на Ситонија (последен пат 2018-та), ама не сум напишал во ваков стил бидејќи првиот пат беше викенд, вториот пат бев 4 ноќевања т.е не сум бил на „фул“ одмор.
Ама бааги го запознав кракот и плажите, може да склопам нешто за да добиеш претстава, имам и слики :)

Ситонија е тотално како да си на остров. Толку различна од првиот крак, а толку блиска.