Е што за економскиот дел, 450 евра џепарац (грешка ми е горе бројката, ќе поправам) за 8 ноќевања за двајца не е малку за македонски плати (сепак плата земаме овде и штедиме за одмор, а трошиме надвор). Не е ни многу, секогаш може да се потроши повеќе нели. Улога има и терминот на самиот одмор во трошоците (цените на сместувањето), како и стандардот на самото место каде летуваш.
Ама ние пример, не бевме секоја вечер во ресторан (не дека штедевме, едноставно преуморен си некогаш после плажа), ама ручавме 4-5 пати во beach bar-от што сме го затекнале тој ден бидејќи обично одиме на плажа од 11-12, па до 19-20 часот. Јас обично доручкувам пред да излезам било каде, а девојката не, после си купува она нешто.
- Не ги земавме најскапите лежалки (во 50% од beach bar-те првите 2-3 реда лежалки се 20-30 евра, другите се 8-10 евра).
- Не излеговме на класично излегување, пијачки, диско и се тоа. Сакавме во Лаганас, ама беше прилично утепано и двата пати кога бевме. На друго место - немаше бидејќи почеток на септември.
Не сум штедел и да си речам - Чекај, денес потрошив толку и толку, кочи. Никогаш. Ова погоре е ОК трошење, тие се цените генерално на Закинтос за да си поминеш одмор со просечен буџет, не е ова Миконос или Санторини.
Едноставно така функционираме и не гледам како би потрошил одморов за џепарац пример 1000 евра наместо 450, освен да се просеравам со скапи лежалки, да јадам скапи порции на плажа или навечер, да излегуваме скоро секоја вечер и да пијам скапи пијачки и коктели секој ден или да изнајмувам скутери на вода или бродче за возење (ова сакав, ама беше прескапо, над 150 евра, а ние сме двајца. На Кефалонија пред некоја година платив 80 евра за сопствено бродче од 10 сабајле до 19 вечер, преинтересно искуство).
Другите трошоци како траект, патарини и гориво (за тој автомобил што го имам) се тие. Можеше и со авион нели, ама премногу замарање е со аеродромите од-до, а и за rent-a-car ќе треба пари.
На сместување плативме 450 евра, иако секогаш има и 10 пати поскапо за истиот термин. И јас би сакал да имам базен, поглед на море, убав хотел и half/full board, ама секој си ја пушта чергата колку има можности.
Чисто за споредба колку местото на одмор има улога, летово имав планиран буџет од 1500 евра само јас да си заштедам, ми останаа 300. Девојката не се сеќавам колку носеше и колку потроши.
Догодина сакам да одам за Крит и си планирам буџет од 2000 евра да заштедам.