Како што ветив, склопив еден мал патопис, може некому ќе му користи. И да не грее во поладните денови што следат.
Да бидам потполно искрен, овој патопис требаше да има наслов Крит 2022. Меѓутоа, бидејќи мојата девојка имаше малку денови за годишен одмор, нема поента да одиме на Крит за 7-8 ноќевања.
Бидејќи минатата година бевме на Крф, оваа година се одлучивме за Закинтос. Првично и предложив да ги разгледа Лефкада или Кефалонија бидејќи таа нема одено таму (а јас да), меѓутоа одлучи заедно да видиме нешто ново. И реков да го разгледа островот и ако и се допадне - да почнам да барам сместување.
Се поклопија коцките и резервирав сместување во април месец годинава. Од тогаш, па до август се информирав подетално за островот (плажи, знаменитости, што да се види) преку Google, Google Maps, TripAdvisor...
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Документи и останати информацииВо однос на документите (за разлика од минатото лето) беа далеку помалкубројни:
- зелен картон
- автомобилска асистенција (пак зедов Vozzi пакет, овојпат Vozzi Evropa MAX кој чини 50€)
- меѓународна возачка дозвола
- патничко осигурување (кое ќе ми затреба во текот на летувањето, прочитајте подолу)
- карти за траект
Телефонски броеви:
• Број за помош 112
• Брза помош 166
• Полиција 100
• Пожарна 199
• Помош на пат 114
• Egnatia Odos 1077
• Ionia Odos (Nea Odos) 1075
• Болница +30 26953 60500
https://zante-hospital.gr/en/• Дежурни аптеки
https://zante-hospital.gr/zakynthos-pharmacies-on-duty?_ga=2.19273016.1296937167.1658492656-1584967297.1658492656• Сајт
https://www.zante.info/------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Граници, гориво, километри и трошоциНа границите поминавме одлично. На одењето, на македонската граница бевме околу 00:30 и бевме први и на двете граници (буквално немаше никој пред нас), додека на враќање бевме на грчката граница околу 18:00 и севкупно требаше околу 30 минути да ги поминеме и двете граници.
Што се однесува до километрите, поминавме 1870km. 691km од мојот град до Kyllini и на островот извозевме околу 488km.
Ставени 111.53L дизел гориво кои чинат 210€, поделени на следниот начин:
Макпетрол48.73L x 98.5 ден. = 4800 ден.
Shell V-Power Diesel:24.15L x 2.07€ = 50€
38.65L x 2.07€ = 80€
На одење (бидејќи возев ноќе, а ноќе избегнувам да возам „побрзо“ заради непрегледност) возев 120-130, а на враќање знаев да возам 140-150 на делници каде беше разумно за тие брзини.
Автопат е од клучката кај Chalastra (десно за Egnatia Odos/Veria, лево за Солун), па до мостот Рио - Антирио кај Патра.
За автопатите:
Egnatia Odos го возам веќе 4-то пат. Многу e попуст, со многу помалку одмаралишта и бензински. Морав да застанам во најдесната лента за да уринирам, 50km нема човек каде да застане. После се погоди и патарина на која чекавме 20 минути, цела среќа што завршив работа претходно.
Ionia Odos го возам првпат. Две години по ред (кога одев за Лефкада, па за Кефалонија) го начекав на градење. Многу пожив, поурбан (со повеќе содржини попатно) и некако поинтересен за возење. Патарините се изгор. Сите се над 3 евра (има четири) и мостот пред Патра е 13.70 евра во еден правец.
За џепарац на островот потрошивме некаде околу 400 евра.
Вкупно потрошени околу 1300€ за двајца за 8 ноќевања.
Сместувањe - 454€
Гориво - 210€
Траект - 127€
Патарини - 70€
Крстарење до Navagio - 50€
Џепарац - 400€
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПатариниВкупно има патарини во износ од 70€ за двата правци од Evzoni до пристаништето Kyllini.
Evzoni 1.80€ (x2)
Malgara 1.20€ (x2)
Polymylos 1.40€ (x2)
Siatista 1.50€ (x2)
Malakasi 1.40€ (x2)
Pamvotida 1.20€ (x2)
Terovo 3.15€ (x2)
Menidi 3.05€ (x2)
Aggelokastro 3.55€ (x2)
Klokova 3.00€ (x2)
Rio - Antirio 13.70€ (x2)
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ТраектКартите за траект се резервирани и платени online на Levante Ferries, 127€ евра за двајца и автомобил. На mail пристигнува PDF (кој го испечативме) со баркод кој го скенираат при влез на траектот. На одењето бевме со траектот Andreas Kalvos, а на враќање со Mare di Levante. Патувањето трае 1 час и 15 минути и во двата правци.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
СместувањеСместување почнав да барам кога се одлучивме дека дестинацијата ќе биде Закинтос.
Не знаев каде сакам да бидам сместен, па гледав сместувања во Argassi, Tsilivi… На крај, преку Booking ги најдов Yria Ntn Studios кои се наоѓаат во селцето Vanato, на 5km западно од главниот град.
Преку Booking резервирав, нешто не сакаше газдарицата да се договориме да откажам таму, а да и уплатам аванс на сметка. Сигурно ќе беше 70-80 евра поевтино.
Платив 454€ за 8 ноќевања за двајца (27.08 - 04.09)
https://goo.gl/maps/wKcY66ksNDpps3AF6https://www.booking.com/Share-mccXBoШто да кажам за сместувањето?
Секаква препорака за сместувањето и локацијата, преблиску до градот и блиску до главните патишта за север, запад и југ. Единствено што ми фалеше е што не гледа на море (не сум сноб, ама си сакам поглед на море). Ама имаше предобар базен и да бидам искрен, ова е прво сместување каде имавме базен.
Mногу фина и културна газдарица која разбира англиски и многу пространо студио. Можеби единствена замерка е што купатилото е малку тесно. Нашето студио беше на приземје, па беше многу лесно за разнесување на багажот. Студиото има купатило, кујна, брачен кревет, клима (која ја вклучивме само еднаш), телевизор и една прилично голема тераса која гледа во предниот двор. Од студиото се излегува кон задниот двор (каде беше базенот) и каде се паркираа колите. Помеѓу паркингот и базенот има уреден простор со лимони, дуњи и други дрва.
Немам многу слики од сместувањето, но имам две од базенот и едно видео од 5 минути каде се споени 3 различни видеа, па пресудете сами.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ItineraryOвака некако изгледаше ден по ден.
27.08- Port Kyllini (Cafe Piksida) (стигнати во 08:00 по грчко време, траект од 10:30 - 11:45)
- Port Zakynthos (11:50, грчко време)
- Сместување (Yria Ntn Studios) (12:25, грчко време)
- Lidl
- Tsilivi Beach (Venus Beach Bar)
28.08- Agios Nikolaos Beach (Ammos Beach Bar)
- Banana Beach (Banana Baya Beach Bar)
- Zante
- Artogonia Bakery (Zante)
29.08- Xigia Sulfur Beach
- Pelagaki Beach
- Alykes Beach (Porto Paradiso Beach Bar)
- Fuego Del Mar коктел-бар (Argassi)
- Laganas
30.08- Zante Emergency Health Care (Tsilivi)
- Kalamaki Beach (Crystal Beach Hotel)
- Madisons Cafe Bar (Zante)
- Dr. Anastasios Gouzelis ENT (Zante)
- Zante Emergency Health Care (Tsilivi)
31.08- Keri Scenic Viewpoint
- Keri "Lighthouse" Restaurant
- Mylonas Bakery (Argassi)
- Gerakas Beach
- Pita Pita Bigboys
01.09- Navagio Beach (крстарење од Cape Skinari, траење 2:30 саати)
https://potamitisbros.gr/index.php- Navagio Shipwreck View Point
- Taverna Cross
02.09- Lidl
- AB Vassilopoulos
- Porto Zorro Beach (Porto Azzuro Beach Bar)
- Zante
- Taverna Eptanisos (Zante)
- Laganas
03.09- Agios Nikolaos Beach (Ammos Beach Bar)
- бензинска Shell
04.09- Check out (09:30)
- Port Zakynthos (траект од 10:30 - 11:45, грчко време)
- Port Kyllini (12:00)
- Одморалиште Shell Filippiada (14:30)
- Одморалиште Eko Polykastro (17:50)
- Evzoni Duty Free Shop (18:40)
- Штип (20:25)
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
27.08 (сабота)Тргнавме околу 23:30, а стигнавме во Kyllini некаде околу 08:00 по грчко време.
Бидејќи веќе имавме карти за траектот, а бевме прилично порано од предвиденото време за тргнување (10:30) решивме да седнеме на кафе и сок во Café Piksida, веднаш на влезот од пристаништето.
https://goo.gl/maps/kzcTWxgUZWLADMDa9Некаде околу 09:00 почна страшно да ми се спие, па легнав да отспијам 15-20 минути во колата. Во 09:45 стигна траектот, се качивме прилично брзо околу 10:00 и тргна точно на време во 10:30.
Стигнавме на Закинтос во 11:45. Бидејќи се направи гужва на пристаништето, ни требаше 20 минути да тргнеме кон сместувањето кое беше на 10 минути возење.
Стигнавме, но собата сеуште не беше готова, па одлучивме до отидеме до Lidl и да купиме се што ни треба. Кога се вративме, се сместивме во собата и отспавме добри 3-4 часа.
На крајот од денот, завршивме на плажата во Tsilivi, поточно во Venus Beach Bar. Мошне интересна плажа, убаво море и песок и баш ми е криво што не успеавме да се вратиме барем уште еднаш.
Не се плаќаше сет лежалки и чадор.
Вечерта ја завршивме покрај базенот со пиво и чипс.
Слики:
Port Kyllini
Andreas Kalvos
Сардини
Port Kyllini
Zakynthos
Поглед на Bochali
Tsilivi Beach
Видеа:
Rio - Antirio
Port Kyllini
Zakynthos
Tsilivi Beach
28.08 (недела)Следниот ден отидовме до плажата Agios Nikolaos (поточно во Ammos Beach Bar), па попладнето продолживме до плажата Banana (Banana Baya Beach Bar) каде ја пробав најдобрата пица на Закинтос. Имаат превкусна храна.
Сет лежалки и чадор на Agios Nikolaos e 10 евра, на Banana Baya не ни наплатија.
Првата плажа е далеку помала, но многу подобра, барем според мене. Топла вода, нема ветер ни приближно како на Banana, а и песокот на самата плажа и во водата е поситен е подобар.
Вечерта ја искористивме за прошетка низ главниот град, отидовме на парче торта до пекарата Artogonia и полека се прибравме до сместувањето затоа што бевме изморени.
Овој ден ќе го паметам малку по лошо затоа што пливајќи ми се затна десното уво поради кое имав проблем и слабо слушав 2 дена, па завршив на оториноларинголог за чистење на увото од ушна маст (повеќе за ова и искуството со патничкото осигурување ќе прочитате подолу).
Слики:
Agios Nikolaos Beach
Artogonia Bakery
Црква Свети Никола која се наоѓа овде:
https://goo.gl/maps/iGfZDJ5NNKLkJ2rVAВидеа:
Agios Nikolaos Beach
Agios Nikolaos Beach (Ammos Beach Bar)
Banana Beach (Banana Baya Beach Bar)
29.08 (понеделник)Планот за тој ден беше да отидеме прво до Xigia Sulfur, па до Pelagaki или Xigia Little, меѓутоа се успавме и кога отидовме до Xigia Sulfur веќе беше премногу гужва, па успеавме само да се сликаме.
Се вративме назад до Pelagaki и Xigia Little (поточно до Magda Canteen) и сакав да се спуштиме до Pelagaki бидејќи беше прилично празна, но девојка ми ја мрзеше да се спушта. Xigia Little не успеав ни да ја сликам.
На крај продолживме кон плажата во Alykes, поточно во Porto Paradiso Beach Bar. Сет лежалки и чадор е 8 евра. Јадевме и гиро кое навистини беше превкусно, но прилично мало. Не се сеќавам на цената, мислам дека беше 3.5 евра.
Мошне добра плажа и мошне топла вода.
Вечерта отидовме на коктел до Fuego del Mar, бар помеѓу главниот град и Argassi. Немаше гужва и баш уживавме веднаш до морето. Цената на еден коктел беше 10 евра.
После коктелите, продолживме до Laganas, но бидејќи беше понеделник, а и веќе сезоната завршуваше, немаше никаква раздвиженост, дури не се ни паркирав. Завртев еден круг до крајот на главната улица во Laganas и се вративме во сместувањето.
Слики:
Xigia Sulfur Beach
Pelagaki Beach
Alykes Beach (Porto Paradiso Beach Bar)
Поглед кон Kefalonia
Fuego del Mar
Видеа:
Xigia Sulfur Beach
Alykes Beach
30.08 (вторник)Бидејќи проблемот што го имав со затнатото десно уво не се реши сам од себе и не знаев дали имам инфекција или проблем со ушна маст, бев решен утрото да отидам до болницата. Претходниот ден побарам сам преку Google Maps/Viber да пронајдам приватни ординации во Закинтос и на едно место ми побараа 50 евра за преглед. Интересно е што на крај завршив кај истиот доктор што претходно го најдов на своја рака.
Меѓутоа, решив да го искористам патничкото осигурување коа го купив пред да тргнам за Закинтос и ме чинеше 6 евра за траење од 9 дена. Се јавив на дежурниот број (зборев со централата во Белград), го објаснив проблемот, ми зедоа податоци и ми рекоа дека за кратко време ќе ми вратат со SMS порака каде да се упатам. За 20 минути ми стигна ова:
Амбулантата каде ме препратија се наоѓа во Tsilivi, поточно овде:
https://goo.gl/maps/a52c4kxFbbhkNLu57Ме прегледа една млада Албанка (за која не дознав дали е доктор или е само сестра), ме прегледа мене и увото, но рече дека не е сигурна и стручна за проблемот, па ми рече дека ќе ми закаже кај специјалист. Ми закажа за 17:30 часот истиот ден, кај специјалист Anastasios Gouzelis на кого ординацијата му е тука:
https://goo.gl/maps/qRQetmQsRVb7s3jd9За да не лутаме до градот до 17:30 часот, решивме да отидеме до Kalamaki Beach, поточно во делот веднаш под Crystal Beach Hotel. Тивка плажа и лесно достапна. Околу 16:00 часот се упативме кон главниот град каде седнавме во кафулето Madisons на мало освежување.
Madisons се наоѓа овде:
https://goo.gl/maps/nGghzgeJM3gb7gpX8Околу 17:15 се упативме кон ординацијата на докторот. После пола час пристигна и тој и веднаш ме прими. Му ги дадов документите кои ми ги дадоа претходно од амбулантата, ме прегледа и рече дека десното уво е за чистење од премногу ушна маст. Ми напомена да не ги чистам после секое бањање со чепкалки за уши. Докторот ми го исчисти десното уво и проблемот веднаш го снема, дури слушав сега подобро на тоа отколку на левото, но по некој ден се изедначија.
Секаква препорака за овој доктор, мошне професионален со опремена ординација.
Потоа се упативме повторно назад до Tsilivi во амбулантата, да го заверат извештајот од докторот и да ја средат документацијата со осигурувањето. Ме задржаа половина час и веќе немаше време да се вратиме на плажа, па се вративме во сместувањето, а вечерта отидовме до Bochali каде седнавме во Latas Restaurant на пица, помфрит и пиво.
Слики:
Kalamaki Beach
Madisons
Bochali (Latas Restaurant)
Видеа:
Kalamaki Beach
Bochali (Latas Restaurant)
31.08 (среда)Ден посветен за посета на неколку работи.
Прво се паркиравме кај ресторанот кој се наоѓа овде:
https://g.page/restaurantkerilighthouse?shareмеѓутоа отвора во 13:00 часот, па искористивме прилика да пешачиме десетина минути до видиковецот Кери кој се наоѓа овде:
https://goo.gl/maps/wPgRWefvbh4GDjKh7Малку делува страшно бидејќи надолу е отсечено и мошне длабоко. Искористив прилика за неколку слики и видеа и се вративме до ресторанот, почекавме (имаше веќе собрано доста луѓе) да отвори. Мошне добар ресторан за релаксација со одлична панорама и со можеби повисоки цени, ама не премногу. Кај паркингот на ресторанот се наоѓа и јарболот со најголемото грчко знаме во светот (670 квадратни метри и тешко 80кг).
По ресторанот, продолживме кон полустровот Vasilikos каде сакавме да ја посетиме плажата Gerakas. Застанавме за да купиме пецива во пекарата Mylonas во Argassi. Таква крем-пита немам јадено многу одамна.
Gerakas - обична плажа со многу гнезда од желки. Ситен песок, плитка вода и мошне мирно море.
На враќање поминавме до главниот град за да пробаме гиро од Pita Pita Bigboys.
https://g.page/pita-pita--bigboys?shareПрилично големи, вкусни и ОК цена, мислам дека плативме 4.5 евра за едно гиро.
Вечерта ја завршивме пензионерски, покрај базенот во сместувањето.
Слики:
Keri Scenic Viewpoint
Keri “Lighthouse” Restaurant
Gerakas Beach
Видеа:
Keri Scenic Viewpoint
Keri “Lighthouse” Restaurant
Најголемото грчко знаме во светот (толку е големо што изгледа како да сум снимал вo slow motion)
Gerakas Beach