Не знам како од редовно одржување со сервиси и сите нишани, наеднаш ескалирало на промена на турбина и поклопецот на вентили. Досега ја немаше проверено или забележано да тече од некоја страна?
Имам баш искуство со промена на *дихтунг* на поклопецот на вентили, баш поради такво губење на масло, но не гледам потреба од самиот капак, освен ако е сериозно оштетен, напукнат и слично.
Уште од старт ти препорачувам второ мислење за капакот, и веќе ако се отвара, темелно чистење, гребење на стариот дихтунг, силикон за висока температура, па новиот дихтунг и стариот поклопец. Барем така би играл јас.
Нека ти ја проверат пак и турбината, лесно се вади цревото што иде до интеркулер и се проверува колку луфта има на осовината и дали фалат делови од перката.