Здраво на сите, во претходната тема за Астрата пишав дека ќе го претставам новото возило, но одмори едно друго и малку закаснив но ете.
Се работи за
Skoda Kamiq 1.5 TSI со 150 коњски сили, 6 степен рачен менувач и погон на предните тркала, произведена средина на Мај некаде, а подигната од Порше Скопје кон крајот на Мај 2022 година.
Во потрага по нова/половна кола бев веќе некое време (околу 2 години), но за жал ништо не ми улета со опрема и километража каква што имав замислено. Гледав неколку Леони, трета генерација дека ептен ми фаќаа око, Голф 7.5, Ауди а3 Седан и на крај сепак се одлучив за ново возило. Воглавно сите салони ги прошетав, и сметам дека моментално на пазарот Шкода од Платено-Добиено највеќе нуди. За иста цена во VW ми нудеа Т-Рок со истиот мотор, но драстично помалку опрема од Камик-от. Киа Х-Сеед беше исто така доста интересно но со највисокото ниво на опрема излегуваше некои 3-4 илјади евра повеќе од Камикот.
Моментално направив околу ~5000 километри и можам само да споделам позитивни импресии од возилото. Возилото како што пишав исто така погоре е купено од Порше Скопје (голема пофалба и благодарност за тимот на Шкода, информиран бев за сите детали во смисол кога отприлика се очекува, статусот во фабрика итн и помошта во целиот процес).
Поседува Style ниво на опрема, од кои ептен би ги издвоил како предност Full LED фаровите со динамична контрола и радиото Болеро со 8" екран. Дополнителна опрема поседува:
- Style Dynamic пакет (спортски седишта (ткаенина/ алкантара) /
алуминиумски педали / мулти-фун кожен спортски управувач / црн
кров во внатрешноста / Black Dots декор / бело амбиентално
осветлување)
- Simply Clever пакет (заштита на рабовите од вратите / фиоки под пред.
седишта / 12V приклучок во багажникот)
- Дво-страна покривка за багажниот простор (гума/ текстил)
- Странични ретровизори, автоматско затемнувачки и електрично
преклопливи
- SUNSET - длабоко затемнети странични и задно стакло
- Hill Hold Control - Асистент за поаѓање на угорнини
- Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла
- 17” Алуминиумски фелни VOLANS со пневматици 205/55 R17
- Камера за паркирање позади и сензори позади
- Бела металик боја
Од работи кои би ги издоил како "недостатоци":
- Не ставив Wireless Apple Car Play (мислев дека следуваше со Style нивото на опрема),а беше некои 30 евра плус
. Со кабелче си работи супер и се си е топ но некогаш искрено ми фали само да влезам и директно да се поврзам без кабел. (прашано е во Шкода да доплатам да ми стават, но ми кажаа во фабрика ставале чип и кај нас не е возможно тоа да се направи).
- Степенот на јачина на климата може само да се подеси преку екранчето, а другите опции сите можат мануелни да се подесат.
- Поради недостаток на микро чипови и проводници, предните фарови (кога даваш жмигавец или четири) светат солидно. Требаше и тие да светат динамично како задните но тоа е што е.
Имав исто така неколку прашања во врска со одржувањето на седиштата.
@dame Извини на рандом пинг, чисто би ти бил премногу благодарен доколку ми дадеш совет за чистење на овие седишта со алкантара. На астрата имав обична ткаенина и ги чистев од Сонах средството за ткаенина, а тука е мешавина со алкантара. Благодарам уште еднаш и дефинитивно да помине малку време па ќе ја донесам на една керамика!
Извинете дечки, малку долг постот искочи но воглавно тоа е тоа за количето. По прилог некои слики ( тапа се знам, но во следна можна прилика ќе направам подобри).