Автор Тема: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022  (Прочитано 7611 пати)

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« на: 14 Август 2022, 22:56:48 pm »
Здраво на сите, во претходната тема за Астрата пишав дека ќе го претставам новото возило, но одмори едно друго и малку закаснив но ете.

Се работи за Skoda Kamiq 1.5 TSI со 150 коњски сили, 6 степен рачен менувач и погон на предните тркала, произведена средина на Мај некаде, а подигната од Порше Скопје кон крајот на Мај 2022 година.

Во потрага по нова/половна кола бев веќе некое време (околу 2 години), но за жал ништо не ми улета со опрема и километража каква што имав замислено. Гледав неколку Леони, трета генерација дека ептен ми фаќаа око, Голф 7.5, Ауди а3 Седан и на крај сепак се одлучив за ново возило. Воглавно сите салони ги прошетав, и сметам дека моментално на пазарот Шкода од Платено-Добиено највеќе нуди. За иста цена во VW ми нудеа Т-Рок со истиот мотор, но драстично помалку опрема од Камик-от. Киа Х-Сеед беше исто така доста интересно но со највисокото ниво на опрема излегуваше некои 3-4 илјади евра повеќе од Камикот. 

Моментално направив околу ~5000 километри и можам само да споделам позитивни импресии од возилото. Возилото како што пишав исто така погоре е купено од Порше Скопје (голема пофалба и благодарност за тимот на Шкода, информиран бев за сите детали во смисол кога отприлика се очекува, статусот во фабрика итн и помошта во целиот процес).

Поседува Style ниво на опрема, од кои ептен би ги издвоил како предност Full LED фаровите со динамична контрола и радиото Болеро со 8" екран. Дополнителна опрема поседува:
- Style Dynamic пакет (спортски седишта (ткаенина/ алкантара) /
алуминиумски педали / мулти-фун кожен спортски управувач / црн
кров во внатрешноста / Black Dots декор / бело амбиентално
осветлување)
- Simply Clever пакет (заштита на рабовите од вратите / фиоки под пред.
седишта / 12V приклучок во багажникот)
- Дво-страна покривка за багажниот простор (гума/ текстил)
- Странични ретровизори, автоматско затемнувачки и електрично
преклопливи
- SUNSET - длабоко затемнети странични и задно стакло
- Hill Hold Control - Асистент за поаѓање на угорнини
- Virtual Cockpit - дигитална инструментална табла
- 17” Алуминиумски фелни VOLANS со пневматици 205/55 R17
- Камера за паркирање позади и сензори позади
- Бела металик боја

Од работи кои би ги издоил како "недостатоци":
- Не ставив Wireless Apple Car Play (мислев дека следуваше со Style нивото на опрема),а беше некои 30 евра плус  :( . Со кабелче си работи супер и се си е топ но некогаш искрено ми фали само да влезам и директно да се поврзам без кабел. (прашано е во Шкода да доплатам да ми стават, но ми кажаа во фабрика ставале чип и кај нас не е возможно тоа да се направи).
- Степенот на јачина на климата може само да се подеси преку екранчето, а другите опции сите можат мануелни да се подесат.
- Поради недостаток на микро чипови и проводници, предните фарови (кога даваш жмигавец или четири) светат солидно. Требаше и тие да светат динамично како задните но тоа е што е.

Имав исто така неколку прашања во врска со одржувањето на седиштата. @dame Извини на рандом пинг, чисто би ти бил премногу благодарен доколку ми дадеш совет за чистење на овие седишта со алкантара. На астрата имав обична ткаенина и ги чистев од Сонах средството за ткаенина, а тука е мешавина со алкантара. Благодарам уште еднаш и дефинитивно да помине малку време па ќе ја донесам на една керамика!

Извинете дечки, малку долг постот искочи но воглавно тоа е тоа за количето. По прилог некои слики ( тапа се знам, но во следна можна прилика ќе направам подобри).











« Последно менување: 14 Август 2022, 23:05:41 pm MihailAstra »

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #1 на: 14 Август 2022, 23:03:35 pm »
Одлично изгледа, долго да те служи. Свака част на дизајнерите од шкода, сите шкоди се преубави.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #2 на: 14 Август 2022, 23:29:45 pm »
Одлично изгледа, долго да те служи. Свака част на дизајнерите од шкода, сите шкоди се преубави.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Фала ти многу, уште поубава да си купиш!

Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 298
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #3 на: 14 Август 2022, 23:43:37 pm »
Многу убава кола како однадвор така и внатре. Долго да те служи.
Што цена ја плати?

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #4 на: 14 Август 2022, 23:47:53 pm »
Тоа за wireless apple car play дека фали чип ми звучи чудно. Можно е да лажат и да треба софтверски да се активира.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #5 на: 14 Август 2022, 23:59:21 pm »
Со здравје да се возиш.

Тоа дека моментално Шкода нуделе највеќе платено-добиено не е точно, отсекогаш било така :)
ХСидот е нормално да биде поскап, цела класа го двои од Камичето.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1718
Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #6 на: 15 Август 2022, 00:06:41 am »
Прочепкај на нет за wireless carplay мора да има финта да се активира.
Кај мене се активираше без проблем, си најдов видео на јутуб. А во листата на опрема стоеше дека нема wireless apple carplay и android auto.

Со здравје да се вози.


Глеам колегава више напоменал, X-ceed ти е една класа погоре од Камик.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #7 на: 15 Август 2022, 01:14:22 am »
Честито, со здравје да се вози.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #8 на: 15 Август 2022, 01:26:56 am »
Со здравје да се вози и долго да служи.

Иначе смешни ми се Шкодиве (а и другиве оф VAG) со толкацки малечки дискови на задните тркала, зар кочат уопште тие сакери?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #9 на: 15 Август 2022, 08:56:53 am »
Честито ново ауто, да те служи долго и без проблеми. Симпатично изгледа во бела металик боја, а и внатре е супер. Тоа што не си земал Wireless Apple Car Play, пошто било само 30 еур да ти е криво малце, ама па ти треба воглавно за навигација, а тогаш е боље на кабел, барем да не ти се троши батеријата од телефонот. За разговори ќе си тера секако преку блутут, па дури и музика. Имаш вајрлес чарџинг во делот под командите за клима?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 551
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #10 на: 15 Август 2022, 09:05:51 am »
Честитки, одличен избор.

Dynamic пакетот ти е полн погодок, според мене на секоја кола треба да се става :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен brewster

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 44
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #11 на: 15 Август 2022, 11:57:15 am »
Честитки! Со здравје да се вози и многу безгрижни километри. Чекаме просечна потрошувачка на 100km  ;D

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1833
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #12 на: 15 Август 2022, 12:05:01 pm »
Честитки одлично возило, многу безгрижни километри и убавини да си поминеш со него.

Отсутен MihailAstra

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #13 на: 15 Август 2022, 16:30:31 pm »
Тоа за wireless apple car play дека фали чип ми звучи чудно. Можно е да лажат и да треба софтверски да се активира.
Можно е, све пребарав на google но за жал ништо не најдов... Ако најдеш нешто праќај  :)
Со здравје да се возиш.

Тоа дека моментално Шкода нуделе највеќе платено-добиено не е точно, отсекогаш било така :)
ХСидот е нормално да биде поскап, цела класа го двои од Камичето.

Фала многу! Чудно беше малку за ХСидот дека во претходниот ценовник со фул опрема излегуваше 22.900, сега во 2022 26к го направиле. Но пак мислам дека подобар избор направив со Камик-от некако за мој личен вкус подобро изгледа и кабината е каде-каде поквалитетно изработена по тоа што можев да воочам додека правев тест возење.
Прочепкај на нет за wireless carplay мора да има финта да се активира.
Кај мене се активираше без проблем, си најдов видео на јутуб. А во листата на опрема стоеше дека нема wireless apple carplay и android auto.

Со здравје да се вози.


Глеам колегава више напоменал, X-ceed ти е една класа погоре од Камик.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Прочепкав по сите форуми, портали, страни итн и нигде неможев да најдам. Доколку најдеш нешто праќаи  :)
Честито, со здравје да се вози.
Фала многу! Поубава да си купиш.  :)
Со здравје да се вози и долго да служи.

Иначе смешни ми се Шкодиве (а и другиве оф VAG) со толкацки малечки дискови на задните тркала, зар кочат уопште тие сакери?
Сеа за сеа кочат  ;D
Честито ново ауто, да те служи долго и без проблеми. Симпатично изгледа во бела металик боја, а и внатре е супер. Тоа што не си земал Wireless Apple Car Play, пошто било само 30 еур да ти е криво малце, ама па ти треба воглавно за навигација, а тогаш е боље на кабел, барем да не ти се троши батеријата од телефонот. За разговори ќе си тера секако преку блутут, па дури и музика. Имаш вајрлес чарџинг во делот под командите за клима?
Фала многу уште поубаво аутце да си купиш! Ептен ми е криво, мислев дека беше вклучено во Style нивото на опрема, 30 евра беше... Со кабелче е супер сега за Лефкада бев и никогаш телефонот не го ставив на штеќер. Само од кола што ми се полнеше и тоа е тоа. Инаку wireless полнење немам, не го ставив во дополнителната опрема. Поздрав
Честитки, одличен избор.

Dynamic пакетот ти е полн погодок, според мене на секоја кола треба да се става :)
Ти благодарам многу! Комплетно си во право, за Dynamic пакетот стварно се исплаќа секој денар!
Честитки! Со здравје да се вози и многу безгрижни километри. Чекаме просечна потрошувачка на 100km  ;D
Благодарам многу! Просечна потрошувачка од Скопје-Лефкада (таму возење околу 500 километри на островот)-Солун-Скопје со пуштена клима цело време беше 5.9 литра/100 км. Во град на помала километража рецимо 10км отприлика со клима е околу 8.5.
Честитки одлично возило, многу безгрижни километри и убавини да си поминеш со него.
Благодарам многу! 3 класи поубава да си купиш!
Многу убава кола како однадвор така и внатре. Долго да те служи.
Што цена ја плати?
Фала многу! Искочи околу 23к. Поздрав

Отсутен Aleksandar90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 208
Одг: Skoda Kamiq 1.5 TSI MT6 Style 2022
« Одговори #14 на: 15 Август 2022, 17:25:36 pm »
Честито и од мене, уште една Шкода, нека се множат. А ова со чиповите е стварно смешно веќе, да не можеш да си ја комплетираш опремата како што сакаш, еве и јас на мојата Скала од 18к немам електрика на задни стакла заради чип.