Чисто како update, пред недела дена направивме 10.000 км и до сега сум презадоволен. По некои предвидувања, до почеток на Јуни (за прв редовен сервис) би требало негде да поминам уште 2-3.000 км сигурно.
Зимските гуми се сменети на 13 Март во Мотоцентар (за евиденција нека стои тука).
Како што пишав погоре, буквално презадоволен од Kamiq-от, само една работа што би ја издвоил како
негативна се кочниците/плочките. Го прочитав постот од
@micika и буквално го имам истиот проблем при мали брзини. Пример од 40-50 km/h кога застанувам на семафори, голем дел од времето шкрипат многу, дури и кога некогаш се отворени прозорите, приморан сум да ги затворен зошто не се поднесува звукот буквално. Бев во Porsche на проверка пред месец дена, со објаснување дека плочките биле направени од органски материјал и затоа такви звуци пуштале. Искрено, очекував поголема сериозност бидејќи буквално од прв ден шкрипат. Сметав дека е нова и нели треба да "легнат" како што викаат, но ете 10 илјади и нешто км има колата и повторно го имам истиот проблем. Да не се разбереме погрешно, кочниците работат беспрекорно, само шкрипењето/звукот е проблемот. До сега сум имал супер искуство со Porsche и тимот на Шкода но ете се надевам дека ќе се најде некое чаре. Кај
@micika ги смениле и проблемот бил решен како што можев да прочитам во постот. Не е сериозен проблем дефинитивно, но би бил премногу среќен доколку се изнајде некое решение.
Колата често се пере во домашни услови (купив Bosch Aquatak 135 пред месец-два), од средства буквално нема што не сум купил (Sonax, Mafra, Turtle Wax и исто така многу би ја препорачал активната пена Primus од Labocosmetica) а пред тоа на самоуслужни перални од надвор, а внатрешно дома бидејќи за среќа моментално живеам во куќа и имам услови што би рекле да си ја гланцнам на раат, но ете слики не ми текнало да направам. Следен пат обавезно ќе направам некои слики и ќе закачам.
Имајте среќен празник дечки и голем поздрав!