Автор Тема: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае  (Прочитано 7525 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #30 на: 19 Јули 2022, 10:24:15 am »
Пошо економисти, мислам дека Мартин ќе ме сфатиш.

Факт е дека цената на м2 во СК е отидена упм. Исто факт е дека на никој не му е јасно зошто толку се скапи, инфлацијата не е до толку, повеќе е поскапена раб рака бидејќи на мн места се гради а нема доволно раб рака.
Факт е дека има мн станови кои се празни, значи не е проблем количината, проблем е вештачки ниската понуда.
Затоа од друга страна имаш огромна понуда на станови за изнајмување со нормална цена. Знам дека народски кажано, тоа се пари во ветер, но секогаш ќе мислиш така до оној момемт додека не ти се случи некоја хаварија, сфатиш дека станот за кој си платил бубрег и срце од некаде му протекува на комшијата а тој е некој газда или е во странство, кошијата од горе реновира па гонпретоварува лифот, па нон стоп се расипува, комшиите решиле куче чивава да земеш итн итн. Муабето ми е дека и твој стан, влече пари за одржување.
Доколку си под кирија, секогаш имаш можност, да се преселиш, ако ти треба поголем/помал, лишен си од купопродажби, менуваш работа, менуваш и стан итн итн. Проблем е само кога би имал деца, ќе мора секогаш да бараш стан во околина на школо. Па чекај подобра прилика, и сега се продаваат станови по нормални цени, само најчесто ги нема на оглас.
Размисли, не е играчка работа, целиот процес на одлука ќе те поремети :)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #31 на: 19 Јули 2022, 10:28:58 am »
Од мое искуство, пре би стар стан и тоа и го направив. Еве завршува реновирањето и не видов некој преголем товар да бидам искрен. Ама сепак имав свои мајстори најдени уште во февруари. Ме кошта околу 15к до сега, ама по пресметки за иста цена добив 15-20 квадрати.
Се сложувам за остатокот од зградата меѓутоа не живеам во влезот. Еве сега сум во нова згрaда 6 год стара и пиши пропало е исто. Паркетот се одлепи, плочките во ходник се одлепија, влезот пак е цел хаос.

Мартин, новата зграда што се гради после кружниот во Влае од лева страна, има КАМ мислам доле, 1150 еур ги дава. Отиди види има секој ден некој таму од 8 до 3.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #32 на: 19 Јули 2022, 10:36:24 am »
Ми кажаа  муабет, колку е вистина дека некој  фирми,  конкретно за во Алумина, Тафталиџе, дека   ги  продавале прво „полошите“ станови, и лажеле дека имаат само 2-3 стана цело време. Она allmightyme шо рече вештачки недостаток.
Мартин, новата зграда што се гради после кружниот во Влае од лева страна, има КАМ мислам доле, 1150 еур ги дава. Отиди види има секој ден некој таму од 8 до 3.

Александрија е тоа. Градат уште 4 нови згради позади постоечкиот комплекс. Наводно „распродаден“. 

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #33 на: 19 Јули 2022, 10:58:48 am »
 Ја ти хром

Sent from my M2102J20SG using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #34 на: 19 Јули 2022, 12:24:20 pm »
Не знам дали во поново време се има направено пофушерајска “населба” од Александрија.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #35 на: 19 Јули 2022, 12:42:44 pm »
Не знам дали во поново време се има направено пофушерајска “населба” од Александрија.
Незнаев. За Саник, ама во Аеродром ми викаат дека биле крш....Мене во Александрија, сум се рашетал не ме бендиса немањето  простор за социјален живот со комшии. Дете на 5 минути да изнесеш. Јас и малата и малиот сум ги шетал и во март во 12 на пладне и кога беа мали низ паркот спроти Веро. Лично зошто останав во таа населба е тоа. Ама тоа е моја перцепција на работите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #36 на: 19 Јули 2022, 14:07:28 pm »
На располагање од учество + кредит имам околу 100.000 евра, ама нити се гледам себеси во мегаломански стан од 100 бона, нити па ќе можам да го згреам и опремам тоа чудо.

Сакам да дадам помало учество и кредит до максимум 50.000 евра, и остатокот од учеството да го инвестирам на некој начин - пари за иднина.

Математики има 200, меѓу кои и два стана да купам, едно мало од 37-40 квадрати и едно малку поголемо од 45-50, рата плафон ќе ми биде ама две недвижнини во догледно време ќе вредат доста повеќе од една поголема...

Каков што сум карактерно, мислач за сите опции и ситници, ова е главниот тест за мене :)

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #37 на: 19 Јули 2022, 14:16:44 pm »
Кисела Вода дали ти влегува во опција?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #38 на: 19 Јули 2022, 14:31:21 pm »
Кисела Вода дали ти влегува во опција?


Sent from my iPhone using Tapatalk

Воопшто, не ја ни размислувам. Овој дел од градот ми е веќе навикнат, научен, рутите ми се познати, ми сед опаѓа што не е зградурини насекаде, и генерално ми одговара културата на староседелците (мешавина од скопјани и претежно доселени од Западна Македонија).

Субјективно, знам, ама тоа е :)

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5654
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #39 на: 19 Јули 2022, 14:55:39 pm »
Izvini neznam kako ti e domasna sostojba vo stilu zenet deca ?
Mal stan ti e promasena investicija. Kako bi se guzval ajde dodeka decata se mali kje istrpis posle sekoj saka soba pa gosti idenje doma a deca smetaat i sto ti ja znam drugi marifeti. Idealen prema mene nesto 75-80m2 so 2 mali spalni golema dnevna i nakrivi kapa.
Mal stan ako vekje si stanbeno zgrizen pa da zimas ajde za izdavanje ili da ima kade da odis koga kje ti porasnat deca i te izbrkaat od doma :)

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #40 на: 19 Јули 2022, 15:02:10 pm »
Чудна е северна, наталитет опаѓа, сите бегаат се селат, а цените на имотите растат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #41 на: 19 Јули 2022, 15:13:51 pm »
Сите се селат, а тие што остануваат сакаат да живеат на 3км од центар на Скопје. И се што е во тие 3-4 километри радиус од центар, секогаш ќе држи цена. Затоа кошта квадратот. Зошто и на малите деца им е јасно дека надвор од Скопје живеачка тешко. Барем што се однесува до Македонија.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #42 на: 19 Јули 2022, 16:34:41 pm »
Која живеачка е во Скопје жити се, освен низ IT сектор јас друг некој не познавам нуди плати со кој може да си дозволи некој стан од 150000 евра. И од нив пола од фирмите видоа со короната дека повеќе им се исплати од дома да им работат вработените, па затвараат канцеларии, со тоа и тие веќе немаат потреба да фрлаат пари енормни за стан во Ск. Друга работа ништо вишак нема шо нема и во сите градови за просечниот човек. 150000 тројца дома да работат со платите шо се земаат реални моментално од 300-400 евра цел животен век нема да ги соберат тие пари.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #43 на: 19 Јули 2022, 17:15:51 pm »
Не се купуваат станови од 150.000+ од плата. Дури и ајти да си.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: К: Стан во Ѓорче Петров, Хром или Влае
« Одговори #44 на: 19 Јули 2022, 17:42:27 pm »
Во мојата бранша,најбитно е да врвиш граница.Ако возиш внатрешно за жалење си.😂🤣
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D