Пошо економисти, мислам дека Мартин ќе ме сфатиш.
Факт е дека цената на м2 во СК е отидена упм. Исто факт е дека на никој не му е јасно зошто толку се скапи, инфлацијата не е до толку, повеќе е поскапена раб рака бидејќи на мн места се гради а нема доволно раб рака.
Факт е дека има мн станови кои се празни, значи не е проблем количината, проблем е вештачки ниската понуда.
Затоа од друга страна имаш огромна понуда на станови за изнајмување со нормална цена. Знам дека народски кажано, тоа се пари во ветер, но секогаш ќе мислиш така до оној момемт додека не ти се случи некоја хаварија, сфатиш дека станот за кој си платил бубрег и срце од некаде му протекува на комшијата а тој е некој газда или е во странство, кошијата од горе реновира па гонпретоварува лифот, па нон стоп се расипува, комшиите решиле куче чивава да земеш итн итн. Муабето ми е дека и твој стан, влече пари за одржување.
Доколку си под кирија, секогаш имаш можност, да се преселиш, ако ти треба поголем/помал, лишен си од купопродажби, менуваш работа, менуваш и стан итн итн. Проблем е само кога би имал деца, ќе мора секогаш да бараш стан во околина на школо. Па чекај подобра прилика, и сега се продаваат станови по нормални цени, само најчесто ги нема на оглас.
Размисли, не е играчка работа, целиот процес на одлука ќе те поремети